Жан Клод ван Дам
Срцев удар на снимање филм
Филмската ѕвезда Жан Клод ван Дам доживеа срцев удар за време на снимањето на новиот филм „Оружје“ во Њу Орланс, кој веднаш беше префрлен во болница. „Добро е“, кусо изјави во медиумите неговиот портпарол. Како што пренесуваат американските медиуми, за среќа, тоа бил мал срцев удар, па 50-годишниот Ван Дам по краток период минат во болница, се вратил дома во Белгија, каде ќе се одмора, додека целосно не закрепне. Снимањето на филмот е одложено. Првиот дел на филмот се снимаше во Романија, а во него освен Жан Клод ван Дам, игра и Скот Атикнс, како и една од најуспешните српски актерки, Марија Каран, која по завршувањето на филмот во Романија од Ван Дам имала само пофалби.
„Човекот е навистина голема ѕвезда. И јас имам слушнато дека е малку незгоден, но на снимањето беше сосема поразличен. Не знам дали го извлеков најдоброто од него, но според мене, беше прекрасен. Тој е навистина голем господин, феноменален, шармантен, луд �� има голема позитивна енергија“. |