Број 3412  четврток, 21 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Иванов бара помош од Србија за досиејата

Лустрацијата во Македонија не може целосно да се изведе без досиејата во српските архиви

Претседателот Ѓорге Иванов вчера од својот српски колега Борис Тадиќ побара помош за да можат македонските надлежни органи да ги добијат досиејата од белградските архиви што се однесуваат на некогашните соработници на тајните служби. Досиејата што станаа главна политичка тема во Македонија се наметнаа како една од главните теми на вчерашните разговори на Иванов со Тадиќ во Белград за време на првиот ден од официјалната посета на македонскиот претседател.

Бидејќи станува јасно дека лустрацијата во Македонија не може целосно да се изведе без досиејата во српските архиви, Иванов побара во рамките на процесот на сукцесија и преку соодветни процедури да можат да се користат документите што се во Србија.

„Го отворивме прашањето што за нас во Македонија е многу актуелно,  особено во делот од сукцесијата на заедничките архиви за да можат н��шите надлежни институции да се обратат согласно со принципите на сукцесијата до органите во Србија каде што се архивите од заедничката држава“, изјави Иванов по средбата со Тадиќ.

Двајцата претседатели оценија дека односите меѓу Македонија и Србија се добри и пријателски и покрај различните ставови во однос на Косово и нерешениот спор меѓу Македонската и Српската православна црква. За несогласувањата меѓу двете цркви, Тадиќ и Иванов изјавија дека тоа е црковно прашање, но најавија помош во насока на овозможување амбиент за негово разрешување. Создавањето можности за одбележување на 2 Август во манастирот „Св. Прохор Пчински“ е еден главните предуслови за нормален дијалог меѓу двете цркви.

Приоритет на Белград и на Скопје останува европската интеграција и во тој процес меѓусебно ќе си помагаат. „Ќе се залагаме Македонија да добие датум за почеток на преговори со ЕУ, а за Србија да се одблокира апликацијата за кандидатски статус“, истакна Тадиќ.

Двајцата претседатели апелираа македонското национално малцинство во Србија и српското во Македонија, на следните пописи да се изјаснат слободно и да ги поддржуваат во нивните активности за лојалност кон државите во кои живеат, но и почитување на сопствениот идентитет.

Дводневната посета на македонскиот претседател Ѓорге Иванов на Србија почна со официјален пречек пред палатата „Србија“. По средбата со Тадиќ шефот на македонската држава се сретна и со српскиот премиер Мирко Цветковиќ и со претседателката на Народното собрание на Србија, Славица Ѓукиќ-Дејановиќ. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 874 пати.

Испрати коментар

Од: Ајван Доктор®
Датум: 21.10.2010 13:29:32
Интересна финта на власта.Очигледно,намерата е да се залажува јавноста што е можно подолго!Зарем е возможно документите,што се испраќани во Белградската УДБА,да имаат само еден примерок?!Не верувам!Некој силно се обидува да ја префрли одговорноста,како што е вообичаено,кај другиот-во Белград!Очигледно,за настаните на македонската политичка сцена има двајца дежурни виновници: од 1941-1987,С.В.Темпо,а од 1987-2006,С.Милошевиќ!Од 2006,наваму,за сè се виновни-нивните духови и „злите“соседни земји!Никако проблемот не е во тоа што „некој“ ја „очистил“ нашата архива!Очигледно голем број од досиеата се префрлени во лични архиви и документации,па сега „сосема случајно никнуваат“ во нечии дворови!
Од: srebre
Датум: 21.10.2010 14:48:47
ajvanko batali dosjea da se fatime za ekonomija i biznis samo toa e resenie.............
Од: ФЕЛИКС
Датум: 21.10.2010 18:23:24
Вероватно ајван докторот не го знае фактот за однесување на српските власти да никогаш не даваат од архивата автентични документи,туку издаваат фотокопии.не само кон нас вака се однесуваат туку воопшто кон сите од ексју е така.Инаку сам поставува дилема за документацијата и сам ја разјаснува.Сомнежот би требало да е насочен кон Белград,дали тие нема да вршат селекција од дневно-политички потреби а богами и политички рекет.Така е кога друг треба да одлучува вон државата.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 22.10.2010 06:29:05
Ovoj Felix mora da e lud!.Originalite sekogas ostanuvaat tamu kade se i prateni.,a kopiite se cuvaat kako revers.Srbija Tokmu znae deka vo Republika Makedoniiiija gi imaat site Kopii sto gi dobila od Skopje. Jas Licnao znam,za mojot Dossije ,Go imat Vo Skopje kako Revers ,a go ima i Vo Belgrad!. Na zdravje Ti Felix !!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Вујко“ води до врвот на ДУИ
„Јака“ плата
Македонско-бугарски историски контроверзии (11)
Најголемиот заводник на народите и народностите
Фалам друг за да те критикувам тебе
Порака од Вашингтон
Пандев се врати по повредата
Срцев удар на снимање филм
Политичка историја на невештата политика
Почнува Скопски џез фестивал
Tоне медиумската слобода
Карикатура
Пукна кавга во Уставен суд
Стил
Иванов ќе ги види Македонците во Србија
Магазин
Без визи и за БиХ и за Албанија






Barroso: No date for Croatia's EU accession
Bulgarian PM loses support over Turkish EU bid
Albania tells citizens not to apply for asylum in EU