Број 3412  четврток, 21 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

„Вујко“ води до врвот на ДУИ

ДПА најави дека на тревните површини на ДУИ во Мала Речица ќе никнат нови компромитирачки материјали

Оливера Војновска

Двроската лустрација што почна во Тетово, најверојатно, нема да заврши само во дворот на тетовскиот професор Шпенд Љуши, туку ќе се прошири на тревните површини пред централата на ДУИ во Мала Речица. ДПА на Мендух Тачи најави ново продолжение со компромитирачки материјали што водат до врвот на ДУИ. Такво нешто може да се насети и од досието „Вујко“ во кое се препозна пратеникот Фазли Велиу, вујко на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Првиот човек на ДУИ, по вчерашната средба со американскиот дипломат, Џејмс Пердју, посредник и еден од креаторите на Рамковниот докумен, (која се одржа во скопскиот ресторан „Национал“) не дозволи други прашања што не се поврзани со состанокот.



Како изгледа досие на еден соработник на специјалните безбедносни служби и што има напишано во него. Архивски број на Сојузниот секретаријат за внатрешни работи, печат, лични податоци, роден во Зајас, псевдоними „Вујко“ и „Дрим“, ознаки „строго доверливо“ и „државна тајна“, изјава за прифаќање соработка со тајната полиција, признаници за примен паричен надомест, извештаи, информации....“ Вакви и уште многу други детали и пикантерии можат да се прочитаат во досието на пратеникот од ДУИ, регистриран за соработник во 1977 година и ангажиран да ги информира службите за дејствувањето на албанските екстремисти во Швајцарија и во Германија.

Досието на пратеникот на ДУИ од Зајас е испипшано на 25 страници и во него може да се прочита дека соработувал заедно со својот внук од сестра, со кого на југословенската тајна полиција и' доставиле многу важни информации.

„Благодарение на кооперативноста на..., Службата стапи во контакт со негов роднина, син на неговата сестра... кој е роден во... година во селото... кај Кичево, СР Македонија. Именуваниот е регистриран во статус соработник во 1980-1981 година, кога по налог на СДБ влезе во екстремните групи во рамките на Универзитетот во Приштина. Од тој период ... и... и' доставија на Службата вкупно 580 значајни информации, податоци, документи, фотографии, како и други безбедносно интересни сознанија“. Во неговото досие уште пишува дека дал особен придонес во пресекувањето на непријателското делување на браќата Јусуф и Бардош Гарвала и Кадри Зека, кои биле убиени во атентат во 1982 година.

Во материјалите се посочени и имиња на сегашни и поранешни видни функционери на ДУИ - пратеници, министри, градоначалници, за кои „Вујко“ заедно со соработникот под псевдоним „Ибар“ доставиле податоци во СДБ. Во неговото богато досие има потврди за парични награди во износ од 2.500 германски марки и 4.500 швајцарски франци.

А во три наврати му била исплатена и апанажа и тоа 5.000, 6.000 и 8.000 германски марки. Во документите е наведено дека СДБ има сознанија дека „Вујко“ бил подготвен „на сите облици на соработка со нашата служба се' со цел да му се обезбедат пари и издавање лажна патна исправа за да може да се среќава со своето семејство во Словенија“.

Во досието на министерот за локална самоуправа, кој пред медиумите самиот откри: „ ’Мама’ - тоа сум јас“, може да се види дека во 1984 година бил регостриран како соработник на тајните служби. Неговото досие има само пет страници, меѓу кои една потврда за примени 40.000 австриски шилинзи и документ од кој може да се прочита дека при рутинска контрола на граничниот премин Јесенице му е пронајден плик со 25.000 швајцарски франци.

Досието под псевдонимот „Стрелец“ се однесува на поранешен пратеник , роден во Дебар, школуван во Школата за резервни офицери во Билеќа, а регистриран за соработник во 1979 година. Тој прифатил да ги информира службите за формирањето на илегални албански одреди и активностите за создавање голема Албанија. Интересно е што во документацијата за „Вујко“ и за „Стрелец“ во повеќе наврати се спомнува „Мама“.

За сето ова дознавме благодарение на професорот Љуши. Тој минатата недела на лустраторите и на новинарите им ги подели досиејата за 65-годишниот пратеник на ДУИ, за министерот „Мама“ и за претседателскиот кандидат „Стрелец“.


#
Статијата е прочитана 3211 пати.

Испрати коментар

Од: gimce
Датум: 21.10.2010 12:29:10
pred sekoj vazen moment za Republika Makedonija, albanskite partii se najiskarani, sto ke se sluci sega nabrgu ke vidime Albanskiot blok na partii so vakvo infantilno odnesuvanje me ubeduvaat deka navistina bile kodosi i ednite i drugite
Од: ardit
Датум: 21.10.2010 13:35:45
Bay za KGB,UDB,SDB, wellkome FBI, CIA...
Од: mihajlo
Датум: 21.10.2010 14:22:15
Otkako pocna da se zboruva za lustracijata,zakoniot za istata,kako i nacinot na nejzinoto primenuvanje,vednas se javija anomalii.Dali toa bea rezultat na slabostite vo zakonot ili pak nesrecniot izbor na nedovetnite clenovi na komisijata,se oseti deka nesto ne e vo red.Kaj pucanstvoto se oseti deka se raboti za nesto sto nema da dade rezultati.Toa ne znaci deka kaj nas ne postoele takvi osobi,tuku nasiot mentalitet gi pokaza svoite karakteristiki.Zatoa ona sto bese posocuvano od del na eksperti,kako i od obicni smrtnici,drzi voda,a toa e za da ne se brukame,postapkata da se stornira za da ne predizvika pogolema steta nego korist.
Од: Веиз
Датум: 21.10.2010 14:52:22
Не значи борба за власт и иритирање!Луѓе зар не сте свесни ВИЕ од високиот ранг на политичари,ни треба друго не ни треба минатото иднината борба за економија и подобар стандард секој може да критизира а за самокритизирање малку тешко,ако се видиме тука ќе се најдеме сите тука?
Од: Anonimen
Датум: 21.10.2010 16:41:09
Draga koleshke , Olivera! Toa shto go imash vo race ne e dosie na sorabotnik. Toa e analiticki osvrt za rabotata na sorabotnikot. Vo nego nedostasuvaat i fotografii na koi kje se vidi kako operativnite rabotnici mu davaat pari na soarbotnikot. Ova shto se sluci sega so objavuvanjeto na ovie dokumenti e "pozdrav" od sluzzbata do ovie trojca. Imeno, tie ednostrano go prekinale kontaktot i zaradi toa kje bidat "kazneti". Dodeka bea vo Vladata na RM i na pozicii koi operaticite koi gi kontaktirale, gi smetale za bitni, tie odbivale kontakt. Da ne znaboravime toa se operativci na druga sluzzba, ne na nashata. Ova e samo pocetok. Ne e ciudno da se pojavi i nekoja snimka na Youtobe... Ajde do skoro citanje....
Од: ?!
Датум: 21.10.2010 20:56:25
Немам намера,немам право,ниту пак сакам да коментирам што,кога,како,колку и т.н за и со лустрирањето.Само едно ми е некако нелогично.Со моите над педесетина што ги имам,успеав некако барем малку така да се присетам,и искужам нешто.Овде во ова парче земја изгледа на сите не им е по чејф,што државава сеуштѕе ни постои.Каде тоа сакаа да се најдат едните,другите и останатите.Кој што и колку изгубил?!Заради таквите општопознати наши чежњи,ни ги отворија вратите.Ама не!Попусто.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Јака“ плата
Македонско-бугарски историски контроверзии (11)
Најголемиот заводник на народите и народностите
Фалам друг за да те критикувам тебе
Порака од Вашингтон
Пандев се врати по повредата
Иванов бара помош од Србија за досиејата
Срцев удар на снимање филм
Политичка историја на невештата политика
Почнува Скопски џез фестивал
Tоне медиумската слобода
Карикатура
Пукна кавга во Уставен суд
Стил
Иванов ќе ги види Македонците во Србија
Магазин
Без визи и за БиХ и за Албанија






Barroso: No date for Croatia's EU accession
Bulgarian PM loses support over Turkish EU bid
Albania tells citizens not to apply for asylum in EU