Број 3412  четврток, 21 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Фалам друг за да те критикувам тебе

Слободанка Јовановска

Напред во минатото, беше пораката што највисокиот функционер на ЕУ, Херман ван Ромпуј, ја доби за време на кратката , неколкучасовна посета на Македонија. Покрај статуите од античка Македонија што ја красат Владата, тој беше пречекан и со автомобилот на Јосип Броз Тито, гест што може да се сфати како посебна чест, но и како политичка порака до Европската унија.

Ова ли е правецот во кој ќе се движи натаму Македонија, во минатото место кон иднината и евроинтеграцијата?

Ван Ромпуј и премиерот Никола Груевски средбата ја овековечија со железни насмевки и учтиво избрани зборови. И така учтиви, тие не скрија дека драматично се разидоа, и дека на барањата на Брисел македонскиот премиер одговори со контрабарања.

Колку се разбраа најдобро посведочи фалбата околу постигнувањата на амбасадорот Ерван Фуере за Македонија, со кои Ромпуј индиректно му порача на премиерот - ние го цениме многу тој што секојдневно ве критикува!

Овој пат премиерот отиде во напад наместо во самоодбрана. Додека Ромпуј бараше да се спроведе Охридскиот договор, Груевски му реплицираше дека токму тоа што Македонија се' уште нема преговори за членство со ЕУ ги загрозува мултиетничноста и мултиконфесионалноста на земјата.

Кога Ромпуј тврдеше дека иднината на Македонија е во евроинтеграцијата и оти таа е сидро за македонското мултиетничко општество, премиерот оцени дека без Македонија во ЕУ под прашалник ќе бидат мирот, безбедноста и регионалната стабилност.

Кога Ромпуј побара да не ја пропуштиме можноста и да го решиме спорот околу името на државата, Груевски побара да ја искористи политичката моќ што ја има и со белгиското претседателство да го олесни спроведувањето на препораката на ЕК за почнување преговори со Македонија.

Поедноставно, додека еврофункционерот ни порача дека не' чекаат и оти не ни ја затвораат вратата за ЕУ, премиерот му стави јасно до знаење дека чекаме и ние, ама не само да ни ја отвори, туку и да не' поттурне внатре.

Тоа што го слуша јавноста во Македонија со недели, сепак, не било спомнато официјално од македонска страна во разговорите.

Премиерот не се повикал на референцата која сега стана дипломатска мода во Скопје, бидејќи, според оцени од ЕУ, многу добро знаел дека таа не поминува во Брисел. Ромпуј отиде чекор понапред во дефинирањето на позицијата на Унијата, изјавувајќи дека ЕУ не е дел од преговарачкиот процес околу името, или поточно околу пазарењето за излез од грчкото вето, кое стана главна тема во земјава. Иако, главниот проблем за напредокот на Македонија е токму во блокадите во Европската унија

Од она што го зборуваше премиерот, исто така, јасно е дека препораката на Европската комисија за преговори добиена минатата година тој ја смета како завршена работа. Дека таа важи и натаму и не очекува да се проблематизира, иако Белгијанецот не само што ги повтори старите области во кои не се задоволувачки реформите, туку додаде и нова - слобода на медиумите.

Сите овие области се ’рбетот на владината внатрешна политика, па и политичка филозофија, на која упорно работи сите четири години, па макар биле на штета на државата. Да се има независно или зависно судство не е реформа, туку е прашање на демократија или не, да се партизира администрацијата место да се професионализира не е прашање на добра волја, туку на нужност.

За Охридскиот договор одамна е кажано се', а тоа во кој правец оди слободата на медиумите во 2010 година најубаво објаснува фамозниот гест со „мерцедесот“ на Тито.


#
Статијата е прочитана 1303 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 21.10.2010 12:59:13
Тоа со лимузината на Тито го забележаа само нашиве ,,независни,,медиуми,инаку бев присатен и кога возачот излегуваше од паркингот не даде жмигавец,порака кон ЕУ неверојатна,недаваш жмигавец значи не се знае каде ќе се вози,а ЕУ бара јасни ставови.Инаку за информација ставовите на премиерот најмалку 65% (Дневник) или најповеќе 72%(Шатев) ги одобрува народот, нервоза има само кај опозицијата.
Од: jovan
Датум: 21.10.2010 13:29:21
Bez razlika kolku mi e nesimpaticen nasiov Premier, ama spored toa kako mu se "isponasal" na onoj Belgiecon,mozam samo da mu cestitam. So niv taka i treba.Ke vidite sega deka ne samo na 2-3 saati da doagaat, nego ke pocnat i na 7-8 saati da doagaat, a kade i da e i ke otspijat po nekoja nok ovde.Ne sme nie nivni slugi i zamorcinja,pa na 2-3 saati(usput,onaka na noga) da ni soopstuvaat sto da pravime i kakvo ime da stavime.
Од: Феличита
Датум: 21.10.2010 14:07:18
А кои беа ставовите на премиерот?"Call me" или "Don"t call me"?
Од: Itar Pejo
Датум: 21.10.2010 14:50:11
Bravo za premierot, ubavo mu ja plesnal. Se dodeka nepopustat nie nema da im vlezeme vo nivnata unija. Pa neka si puknat od maka, korenja neka pasat.
Од: јас
Датум: 21.10.2010 18:22:34
Ем шуто , ем боде ( пробува )!!!
Од: Апел до Главниот уредник
Датум: 22.10.2010 08:08:55
Имам разбирање за одлуката Он-лајн изданието на УВ наместо во 00,00 часот да се објавува 12 часа подоцна. Меѓутоа, и самите можете да забележите дека бројот на веб-комен��арите е радикално намален. Доколку ваквата одлука нема поголем ефект на продажбата на Весникот, апелирам да се вратите на поранешната практика:

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Вујко“ води до врвот на ДУИ
„Јака“ плата
Македонско-бугарски историски контроверзии (11)
Најголемиот заводник на народите и народностите
Порака од Вашингтон
Пандев се врати по повредата
Иванов бара помош од Србија за досиејата
Срцев удар на снимање филм
Политичка историја на невештата политика
Почнува Скопски џез фестивал
Tоне медиумската слобода
Карикатура
Пукна кавга во Уставен суд
Стил
Иванов ќе ги види Македонците во Србија
Магазин
Без визи и за БиХ и за Албанија






Barroso: No date for Croatia's EU accession
Bulgarian PM loses support over Turkish EU bid
Albania tells citizens not to apply for asylum in EU