Број 3412  четврток, 21 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Пукна кавга во Уставен суд

Судијата Зоран Сулејманов демонстративно ја напушти седницата

Гордана Дувњак


Судијата Зоран Сулејманов вчера демонстративно ја напушти седницата на Уставниот суд по жестоката вербална расправија што се случи при утврдувањето на дневниот ред. Кулминацијата беше достигната кога Сулејманов му рече на претседателот на Судот, Трендафил Ивановски, дека му е „драго што за две недели ќе ја напушти претседателската функција“. На ваквата провокација, Ивановски возврати дека му посакува тој да седне на жешкото место - претседател на Уставниот суд.

Инцидентот се случи откако судијата Сулејманов побара да се одложи расправата на две точки од дневниот ред: за одредби од Законот за електронски комуникации, како и за Законот за денационализација. Тој смета дека подготовките не биле добро извршени, бидејќи не биле понудени компаративни искуства и оти во отсуство на еден судија, непотребно се брзало со важни прашања. Ваквите тврдења ги негираше суд��јата Игор Спировски, кој е судија известител за двата предмета. Тој кажа дека тоа не е вистина и го обвини Сулејманов дека тој намерно го одолжува реферирањето околу Законот за следење на комуникации, кој не го става на дневен ред цела година. Тоновите станаа високи по барањето на Сулејманов да се гласа за неговиот предлог и расправијата околу тоа кој имал или немал право да зборува.

Претседателот на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, вчера ни потврди дека не е прв пат да има вакви искричења со споменатиот судија, но вели дека не сака да верува дека намерата на Сулејманов била да се предизвика инцидент поради негова лична дискредитација.

Судијата Игор Спировски, пак, не сакаше ни да го коментира вчерашниот настан и само кажа дека јавно искажал мислење дека не гледа причина за одложување на овие точки, бидејќи смета дека не' држат аргументите на судијата, кој самиот чува предмет повеќе од една година.

Судијата Зоран Сулејманов во изјавата за нашиот весник вели дека немал намера да навреди никого, за никого не кажал дека е кодош или некоја слична навреда, туку само остро реагирал затоа што му било прекршено неговото деловничко право.

„Прв пат се случува на еден судија да му биде одземено правото да зборува и да не се дозволи да се гласа за неговиот предлог. Претседателот или е толку видовит, па знае што ќе кажам или, пак, се прави кабадаија, па по паметот на другите, намерно ме провоцира за да не учествувам во расправата, за која имам што да кажам бидејќи сум единствен кривичар во Судот“, додава судијата Сулејманов, кој се сомнева дека некои точки се ставаат на дневен ред по експресна постапка.

Вели дека не крие оти едвај чека да заврши мандатот на актуелниот прв човек, Ивановски и оти не е во добри односи ни со претходната претседателка Лилјана Ингилизова, но тоа не било причина намерно да предизвика инцидент. „Имам уште 1,5 години до крајот на мандатот и немам никакви амбиции за претседател“, потенцира Сулејманов. Тој признава дека предметот околу одредбите од Законот за следење на комуникации го чува повеќе од една година, но затоа што бил „сложен и имало тешки манипулации“ околу него.

По напуштањето на седницата, расправата продолжи и беше поведена постапка за одредбите од Законот за електронски комуникации.


#
Статијата е прочитана 2115 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 21.10.2010 12:49:57
По се изгледа да и понатака се урива начнатиот углед на уставниот суд,без разлика кој е во право,вакво неединство говори многу.Инаку тоа да не се коментира ништо визави УС е само патент измислен тука.Вчера најголемиот синдикат на Хрватска побара укинување на уставниот суд оти бил близок со власта:Бериша го обвини УС да е легло на комунисти,Буш донесе неуставни одлука за прислушкување и порача да врховниот суд не се меша и т.н
Од: zoro
Датум: 21.10.2010 13:41:06
Brodot tone, gluvcite begaat..
Од: Mite
Датум: 21.10.2010 13:58:11
Ne e bas taka. Sudijata Sulejmanov e poznat ljubitel na edna poznata partija na vlast. Zalna Makedonija, koga na eden ustaven sudija mu e povazna partijata otkolku ustavot.
Од: Мите
Датум: 21.10.2010 14:18:31
тука на балканот, особено бившите комунјарски држави, не вирее ефикасно правосудство.. би го дополнил предлогот од хрватскиот синдикат, не само уставен суд, туку сите , да остане само кривичен суд, а и тој под контрола на надворешен фактор, ЕУ ...тие што биле под Австроунгарија да бидат контролирани од ЕУ, а државите што биле под Османлиите да бидат под контрола на Турскиот правосуден систем.. срамота е да се парничи по апелации за законски јасни работи, неисплатени плати, придонеси и слично, тоа се решава со Инспекции, по брза и кратка постапка.. ама тука кај нас некој сака црното да го праи бело и фуцк ин браин
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 21.10.2010 14:34:38
Bravo Felix....svetol primer za sledenje ni davas...Albanija, Hrvatska i G. Busch - perjanicite na svetskata demokratija. A sto se odnesuva za konkretniov slucaj, jesno se gleda rakata na Ovcarot vo odnesuvanjeto na Sulejmanov....za site sto ne nosat portokalovi cvikeri....
Од: Iskra
Датум: 21.10.2010 15:14:51
Ne e nimalko cudno koga ovoj Zoran Suljemanov - busaviot - eden den ke "eksplodirase" oti polna mu e glavata so naredbi od vlasta kako da postapuva, pa sega ne izdrza i moraze da "puklne". Ako si ti Gospodine Zoran pravicen, praveden , i ako ne si poltron na vlasta, 1000% ke vi kazam deka nemase da se karate i da digate galama za takva vazna odredba od Zakonot so koj se dozvoluva na MVR da bideme sekoj, vo sekoe vreme, na site nacini sledeni i prislusuvani so se sto im stoi na raspolaganje. Koj im go dal toa pravo, kakva demokratija e toa koga preku telefon, ili kompjuter ili usno so tehnicki pomagala mozam da bidam prislusuvan duri vo mojata spalna soba..e....ti demokratijata koga imas strav vo koski deka te presluskuvaat, deka ako nesto kazes ke zavrsis ili vo bolnica ili na ulica,i ti se najde kako krivicen sudija tie principi na slobodata na covekot garantirani vo site ustavi na demokratskite zemji da gi gazis. Sram da vi e, ne ste dostojni za funkcijata da ja vrsete-se otkri
Од: alexandro
Датум: 21.10.2010 15:27:22
go gledam onoj sudija Sulejmanov. pa toj so kravatata i kosata lici na Gidra vo nekoja birtija. samo uste sto ne izvadi noz od dzebot i sise rakija posle toa da potegni nekolku pati. na krajot uste ja tresna vratata kako vo selska koperacija. jadno i zalno e koj se e sudija.
Од: karokan "gambit"
Датум: 21.10.2010 18:36:39
Felix toboze zagrizen za needinstvoto i sostojbite voopsto vo Ustavniot sud.Vednas da ti odgovoram. Lazes!!!!!!!!! Ne moze da bides zagrizen za nekakva sostojba za koja,makar indirektno,aktivno rabotis!!! (Ili "da ne se setat vlasitre).Barem za mene,a od komentarite gledam i za mnogu drugi, si providen.Odamna!!!!!!!!!! Naveduvas slucaj so baranjeto na hrvatskiot sindikat za ukinuvanje na Ustavniot sud poradi bliskost so vlasta.Pa neli e toa kontraargument na tvoeto "prosvetleno"razmisluvanje,so koe ,indirektno, se zalagas za bliskost na Ustavniot sud do vlasta.I eve ja "svetlosnata" razlika pomegju dvete zemji.Dodeka vo Hrvatska sindikatot bara politicka nezavisnost (oddalecuvanje) na Ustavniot sud od vlasta,kaj nas slucajot e obraten-vlasta bara Ustavniot sud da bide pod politicko vlijanie. Ce da e ,g-dine Felix,razmisluvanjata da gi vadis od "skriptata" na pratenikot Nikolovski,okolu politickite vlijanija vrz sudstvoto.(Nezavrseniot student kontra profesorkata na istiot

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Вујко“ води до врвот на ДУИ
„Јака“ плата
Македонско-бугарски историски контроверзии (11)
Најголемиот заводник на народите и народностите
Фалам друг за да те критикувам тебе
Порака од Вашингтон
Пандев се врати по повредата
Иванов бара помош од Србија за досиејата
Срцев удар на снимање филм
Политичка историја на невештата политика
Почнува Скопски џез фестивал
Tоне медиумската слобода
Карикатура
Стил
Иванов ќе ги види Македонците во Србија
Магазин
Без визи и за БиХ и за Албанија






Barroso: No date for Croatia's EU accession
Bulgarian PM loses support over Turkish EU bid
Albania tells citizens not to apply for asylum in EU