Отпуштен шефот на „Пежо - Ситроен“
Париз - Бордот директори на францускиот автомобилски производител „Пежо - Ситроен“ го отпушти извршниот директор на компанијата, Кристијан Штрајф, а на негово место го постави Французинот Филип Варен, кој на јавноста и' е познат како човекот што ја спаси речиси банкротираната компанија за челик „Корус“. Тој ќе стапи на должност на 1 јуни. Причина за ваквата одлука на бордот се минатомесечните загуби на компанијата од 343 милиони евра и прогнозите дека ситуацијата нема да се подобри до 2010 година. „Пежо“, втор европски автопроизводител, според бројката на продадени возила, се соочи со тешкотии во изминатите месеци.
Инаку, членовите на бордот оценија дека смената на раководството е потребна за отворање на потенцијалите што ги има групацијата.
Штрајф изјави оти е шокиран од одлуката и додаде дека неговото водење ја доведе компанијата во одлична позиција за справување со кризата. (Според агенциите) |