Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Буџетската дупка во февруари - 28 милиони евра

Најмногу паднале приходите од ДДВ, што значи дека граѓаните се' помалку трошат, а фирмите послабо работат

Александрија Стевковска

Владата во февруари потрошила повеќе пари отколку што прибрала, создавајќи на тој начин дефицит во буџетот од близу 28 милиони евра. Имено, во февруари, во државната каса се слеале околу 152 милиони евра, а се одлеале 179 милиони евра.

Пад во прибирањето на приходите е најзабележителен во делот на наплатата на ДДВ. Ова го потврдуваат и Царината и Министерството за финансии, а значи дека граѓаните се' помалку купуваат и трошат, а компаниите се послабо работат.

Регистриран е голем пад и во прибирањето на капиталните приходи. Она што е забележително во февруарскиот извештај за реализација на буџетот е дека се' уште е „јака“ наплатата на акцизните стоки, која бележи благ пад само во однос на јануари.

Надлежните остануваат на тврдењето дека потфрлањето во буџетот во првите два месеца е ниско, односно 3 отсто во однос на минатата година, а 4 отсто во однос на проекциите од оваа година. Според експертите, овој минус во буџетот е одамна натфрлен, со оглед на тоа дека Владата за годинава имаше повисоки проекции за приходи во однос на минатата година за цели 14 отсто.

„Повеќе од сигурно е дека потфрлањето е поголемо од она што го обелоденува Владата и дека тоа изнесува околу 14 или 15 отсто. Со ваквите движења само се потврдува она што го прогнозиравме за иднината на овој буџет, кој е предименизониран. Овие бројки го демантираат оптимизмот на Владата за обликување ваков буџет во време на криза. Повеќе од извесно е дека буџетот мора да се редуцира во најбрзо време и дека не може да се чека ниту до мај“, вели Џевдет Хајредини, ексминистер за финансии.

Според него, доволен доказ дека Владата ја фаќа паника како да го наполни буџетот се високите камати на државните обврзници кои ги продава.

И ММФ посочи дека во текот на првите два месеца од оваа година приходите биле за 2 процента пониски во однос на 2008 година, а дека согласно со буџетот за 2009 година, приходите се очекува на бидат 14 проценти повисоки во однос на 2008 година, што, пак, илустрира дека многу повеќе се троши одошто се собираат пари во буџетот. Во рамки на тоа, ММФ предупреди на очекуваниот висок фискален недостиг за годинава, кој своите „заби“ почна да ги покажува уште во вториот месец од годинава.

Инаку, согласно со буџетот за 2009 година, дефицитот за цела година треба да изнесува околу 200 милиони евра или 2,8 отсто од БДП.

За Владата, пак, дефицитот е нормално последица на извршување на буџетот. „Дефицит може да се реализира секој месец, а не на крајот на годината да се направи биланс на минусот во буџетот. Тоа не е страшно и е последица на тековното извршување на буџетот“, вели портпаролот во Министерството за финансии, Мартин Мартиновски.

Бројките од февруарското извршување на буџетот, сепак, не можат да дадат целосна слика за буџетските движења, поради тоа што на јавноста не и' се достапни проекции за првото тримесечје од годинава. Според Министерството за финансии, тие треба допрва да се направат, иако е логично проекциите да се направат пред да почне трошењето и собирањето на парите.

„Откако ќе заврши првото тримесечје и изборите, ќе се направи анализа и проекција и таа ќе биде објавена“, најавува Мартиновски.

Владата во неколку наврати ги отфрли повиците на домашните и на странските експерти за брзо затегање на фискалната политика и итен ребаланс на буџетот. Дури и ММФ побара помирна монетарна и фискална политика. „Додека многу поразвиени земји се обидуваат да ја поттикнат побарувачката преку поекспанзивни монетарни и фискални политики, во Македонија просторот за таквите политики е ограничен поради веќе големото проширување на јавната и приватната потрошувачка...“, изјави неодамна Берт ван Селм, постојан претставник на ММФ во канцеларијата во Скопје.

Експертите предупредуваат дека слабото полнење на буџетот ја доведува во опасност редовната исплатата на платите на буџетарите, пензиите и социјалните трансфери, што, пак, го демантираше Владата, која дури најави дека останува во сила одлуката за ново зголемување на платите на буџетарите во септември.


Статијата е прочитана 748 пати.

Испрати коментар

Од: mitko budjet majstor
Датум: 31.03.2009 02:14:01
E bre Makedoncinja glasavte za dripci koi od budjetot si gi isplakaat hipotekarnite stambeni krediti vo USA. Kade go ima toa bre? Koja nacija e tolku neodgovorna? Zarem pokraj tolkava neodgovornost ja zasluzuvate i ovaa bedna drzava?
Од: b
Датум: 31.03.2009 10:21:33
Vo april, tri miljona! Vo maj dupka od cela Makedonija! ostvaruvame!
Од: Goran
Датум: 31.03.2009 17:10:57
me bendisvat ovie deckite ,koj se simpatizeri na sdsm ili clenoj ("b" i "mitko")za toa so go pisat.Dobro e za drzavata koga komunjarite pocnale da ucat ekonomski poimi kako budjet, deficit itn.Oti do sega ekonomski poimi za niv bile kako na pr:"eden vraboten vo sekoe semejstvo"so vo nikoja ekonomska literatura go nema.

Најди! во Утрински
Економија
„Телеком Словенија“ нов газда на „Космофон“
Првиот човек на „Џенерал моторс“ поднесе оставка
Се произведе првото ���пунто“ во крагуевачка „Застава“
Отпуштен шефот на „Пежо - Ситроен“
Шарпланинско јагне на италјанските трпези
„Фершпед“ ќе дели дивиденда
Поскапени нафтените деривати
Намален бројот на работниците во индустријата
Рестартирање на млекарницата во Прилеп
Царината ги отфрли обвинувањата од УПОЗ