Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

„Телеком Словенија“ нов газда на „Космофон“

Словенците го купија мобилниот оператор за 190 милиони евра

Александрија Стевковска

„Телеком Словенија“ е нов стопроцентен сопственик на мобилниот оператор „Косомофон“ и неговиот продажен синџир „Германос“, соопшти вчера мнозинскиот сопственик на „Космофон“, грчката телекомуникациска компанија ОТЕ. Вкупната вредност на трансакцијата изнесува 190 милиони евра. Купопродажниот договор е даден на разгледување и одобрување кај државната регулаторна власт.

Купопродажниот договор беше потпишан од Бојан Дремељ, претседател на менаџерскиот одбор на „Телеком Словенија“, и Михаел Цамас, генерален директор на групацијата „Космоте“.

Групацијата „Телеком Словенија“ е една од најраширените телекомуникациски оператори во Југоисточна Европа. Во 2008 година продажната мрежа на групацијата достигна приход од 842,4 милиони евра и заработка од 312,2 милиони. Групацијата има повеќе од 320.000 Интернет-приклучоци, 1,5 милион мобилни корисници и 650.000 корисници на фиксна телефонија во регионот на Југоисточна Европа.

„Со огромно задоволство изјавуваме дека потпишавме договор за купување 100 проценти од акциите на ’Космофон‘ и ’Германос‘. Ова преземање ги надополнува нашите постојни активности во Македонија и ја продолжува нашата стратегија за прераснување во еден од водечките телекомуникациски провајдери во Југоисточна Европа”, изјави Дремељ по потпишување на договорот.

Според Цамас, групацијата е задоволна од успешното завршување на процесот на продажба на „Космофон“ и „Германос“ и од интересот што го покажаа повеќе телекомуникациски групации. „Би сакале да се заблагодариме и да им честитаме на ’Телеком Словенија‘, како и на сите страни кои беа вклучени во овој процес. Исто така, им посакуваме голем успех во иднина и на луѓето со кои работевме како членови на групацијата ’Космоте‘. Верувам дека ’Телеком Словенија‘ ќе го продолжи успешниот пат на предизвикувачкиот македонски пазар“, истакна Цамас.

За купување на вториот мобилен оператор, освен „Телеком Словенија“, понуди доставија и турските компании „Турк телеком“ и „Туркчел“. Инаку, „Космофон“, кој почна со работа во јуни 2003 година, ја заврши минатата година со над 700 илјади корисници, додека „Германос“ во Македонија е присутен со 66 продажни места.

Новиот газда на „Космофон“, групацијата „Телеком Словенија“, веќе е присутна на македонскиот телекомуникациски пазар преку „Он-нет“, вториот по големина Интернет-провајдер во земјата, кој нуди и фиксна телефонија и кабелска телевизија.

Продажбата на „Космофон“ следуваше откако германски „Дојче телеком“ купи 25 проценти од акциите на ОТЕ, мнозинскиот сопственик на „Космофон“. „Дојче телеком“ е сопственик на првиот македонски мобилен оператор „Т-мобиле“, а со купувањето на акциите од ОТЕ се создаде недозволена концентрација на македонскиот телекомуникациски пазар, па како единствена опција за надминување на овој проблем се наметна неговата продажба.


Статијата е прочитана 878 пати.

Испрати коментар

Од: korisnik
Датум: 31.03.2009 09:36:26
Ako grizata za korisnici ja nasledat od on.net, teshko nas kako korisnici

Најди! во Утрински
Економија
Буџетската дупка во февруари - 28 милиони евра
Првиот човек на „Џенерал моторс“ поднесе оставка
Се произведе првото „пунто“ во крагуевачка „Застава“
Отпуштен шефот на „Пежо - Ситроен“
Шарпланинско јагне на италјанските трпези
„Фершпед“ ќе дели дивиденда
Поскапени нафтените деривати
Намален бројот на работниците во индустријата
Рестартирање на млекарницата во Прилеп
Царината ги отфрли обвинувањата од УПОЗ