Царината ги отфрли обвинувањата од УПОЗ
Царинската управа ги отфрли обвинувањата од УПОЗ дека се прават обиди за растурање на синдикалната организација, со цел да се формира нов синдикат и да се потпише нов колективен договор на штета на вработените. „Директорот и раководството на Царина не се мешаат во синдикалните работи. Не можам да се мешам во работничките односи. Имам обврска да ги исполнувам законските обврски и обврските од колективниот договор“, истакна директорот на Царина, Ванчо Каргов, на прес-конференцијата свикана по повод минатонеделните обвинувања од УПОЗ. Тој ги отфрли и обвинувањата дека вработените се казнувани на партиска основа и се врши притисок врз нив, а целиот случај ќе има судска разрешница.
Според директорката на Секторот за човечки ресурси, Жаклина Трајковска, во Царината ниту постои намера ниту се изработува колективен договор кој ќе биде на штета на вработените. (А.С.) |