„Фершпед“ ќе дели дивиденда
Шпедитерското друштво „Фершпед“ ќе дели дивиденда за 2008 година во вкупен износ од 18,027 милиони денари, односно 293 илјади евра. Според соопштението на компанијата објавено на Македонска берза, дивидендата за минатата година ќе почне да се исплаќа на 1 јуни годинава. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 8 април, а прв ден на тргување без право на дивиденда е 9 април годинава. „Фершпед“ има издадено вкупно 18.113 хартии од вредност, со што дивидендата за една акција изнесува околу 995 денари. (Ек.Р.) |