Дали промената на власта ќе смени нешто во Грција?
Во Грција се гласа само за да избегне безвластие, оценуваат грчите новинари
Од нашиот известувач Миркица Поповиќ
Атина - Младите во Грција не веруваат дека нешто ќе се смени во државата со промената на власта од сините на Нова демократија во зелените на ПАСОК. Здодевно им е од политичките партии и од нивните надувани балони од ветувањата за време на изборите, кои издишуваат само еден ден по отворањето на резултатите од гласачките кутии. „Ние само се шетаме од една партија во друга. Таков е системот. Кога ќе ти се здодее од едните се преместуваш кај другите“, вели 27-годишниот Јоргос, студент по право. Неговиот колега Димитрис додава дека попусто сите излегуваат на улици, протестираат против политиката на двете големи партии, кога в недела тие ќе излезат и ќе гласаат за една од овие две партии.
„Ќе гласаме само за нови скандали, затоа што реално нема да има никаква промена во земјата доколку се смени партијата“, додава Костас, студент на атинскиот универзитет „Каподистријако“. Ова мислење преовладува меѓу најголем дел од студентите и младите луѓе, но и меѓу постарите. Новинарот на дневниот весник „Етнос“, Ерикос Барцинопулос, пишува дека во Грција гласачите знаат дека ако не победи Нова демократија или ПАСОК на изборите, ќе мора за кусо време да одат на повторни избори. „Грците гласаат само за да избегнат безвластие“, вели Барцинопулос, додавајќи дека оваа ситуација ќе продолжи се' додека постојат политички сили кои се уверени дека народот ќе треба да ги прифати нивните безизлезни ситуации како решение.
Грците не се народ кој седи и гледа. Напротив, имаат долгогодишна традиција на бунтовен народ. Изминатата година речиси секој ден државата ја тресеа агресивни работнички и студентски протести против финансиски скандали меѓу политичарите и црквата, незадоволство од земјоделските реформи и промените во пензискиот систем, намалувањето на платите и затворањето на голем број фабрики, а со тоа и работни места. Искрата ја фрли убиството на 15-годишниот Алекси во атинската населба Ексархија пред новогодишните празници, по што Атина и Солун со седмици беа блокирани од жестоки масовни протести и задушени во чад од молотови коктели. Последните пожари во Атина беа златната малина на хаосот наречен економска криза и политички скандали. Промената, и она најмалата, од сина во зелена боја е причина поради која е толку голем интересот за изборите, многу поголем од оној за изборите за Европскиот парламент пред неколку месеци кога победи ПАСОК и веќе стана извесно дека ќе има предвремени избори.
Младите се поделени околу ��оа дали в недела ќе излезат да гласаат. Некои сметаат дека очајната ситуација во која е државата ќе продолжи и без нивниот глас. Другите, и покрај истото убедување дека нема да има видлива промена, се решени да ги остварат и оние малку граѓански права што им остануваат. „Народот е изморен и разочаран од политичките игри. Но, што да правиме, зар да не гласаме и да им дозволиме да прават што сакаат?“, вели 28-годишниот Фотис за кого системот во државата е во комплетно распаѓање, бидејќи не постои никаква контрола, дури ниту најосновна, за билети во автобусите или дали се издаваат фискални сметки во кафулињата.
И кандидатката на ПАСОК, Марија Даманаки, за „Етнос“ изјави народот им дава последна шанса на ПАСОК за да ја коригираат грчката политика. „Ќе гласаме за вас, но немојте да го правите истото она како и претходните, немој да не' разочарате, ми велат луѓето со кои се среќавам“, вели таа. Студентите не наоѓаат искрена политичка опција ниту во помалите партии, како десничарската ЛАОС и левичарската Синаспизмос. „Не им веруваме на помалите партии, бидејќи и тие се поврзани со поголемите“, додава Костас посочувајќи дека народот е свесен оти ЛАОС би се здружиле со Нова демократија, а Синаспизмос со ПАСОК. Една работа за која сите се согласуваат е дека на изборите ќе победи ПАСОК.
Изборите се очекува да бидат мирни. Во Ексархија, каде што почнуваат сите проблеми и протести, оваа седмица нема инциденти. Грчкиот печат оценува дека острите пресметки и препукувања се префрлени од улиците во виртуелниот простор - на грчките блогови.
Grcija vazhi za lulka na evropskata civilizacija. Nema politichar vo Grcija, koj nivnoto slavno minato kje ni go prepushti na nas, bidejkji nie sakame da dokazheme, deka nemame nishto zaednichko so bugarite.
Од: Mudrec
Датум: 02.10.2009 10:30:26
Smacheno mi e od kultiviraniov bugarash. Ako ti osekjas deka imas bugarsko poteklo, ne go prefrlaj toa na cela nacija. Ne mozam da zaboravam deka dedo mi roden 1900 god. vo Ohrid bil gord makedonec celo vreme, ne od 1945. Koga se preselil vo Romanija 1933, otvoril firma "Makedonska trgovija". Koga go proterale vo 1948, vo dokumentite pisuva Makedonec od Jugoslavija. Siguren sum deka mnogu od nas imaat slicni dokazi za pretcite. Prestani da siris bugarska propaganda, gadni ste.
Од: Mene do Vas
Датум: 02.10.2009 11:07:51
Grckoto slavno minato nema nikoj da im go ukrade, niti prisvoi. Fakt e deka Grcija okupiraa del od Makedonija vo ponovo vreme i fakt e deka so genocid, tormozenje i ubistva go likvidiraat naselenieto koe ziveelo vo tie podracja. No vie kultiviranite pljukaci ce napravite sé za da go svrtite vnimanieto i izbegnetet vashata odgovornost sto Grcija ni den deneshen ne gi priznava Makedoncite na svoite ognista. Vie pljukacite poddrzuvate ubistva i teror vo 21 vek. Vie pljukacite moze slobodno da prodolzite so pljukanjeto po Makedoncite i da si ja pokazete primitivnosta i omrazata. Vistinata ce pobedi!
Од: dedodimo
Датум: 02.10.2009 12:22:45
Ako navistina nekoj veruva deka so smena na vladata vo grcija neshto podobro za nas ke bidi ,se lazit.Volkot runoto ako go smeni ne znachi deka kutta ke ja smeni ,da se razberime pak volk ke bidi .Grcite od malo do naj star se naopaku rodeni i toa ke ostanat .pogledajte sve shto pravat e naopaku Naopaku igraat na opaku vo seks i mnogu drugi raboti,pa shto ke ochekuvame .Ali tie ne se tolku krivi kolku nashite nevredni politichari koj e prifatija nivnata igra i sega ke go igrame oroto naopaku ,za zal na Makedonskiot narod
Од: dragi
Датум: 02.10.2009 15:11:41
Grcija nikoj pat nema da popusti - pa i vinozito da e vo koalicija so pasok ili nova demokratija .Oni ziveat od taa istorija koj nekoj i ja napisal deka se poteknuva od niv -oni profitirat debelo od toa .cela evropa dava pari za niv .Eve sega i novite izdanija za Aleksandar kade bese prestaven kako makedonec pred edna nedela vo 3 sat se govorese samo za grk i grci koi otisle do indija .Se davat sega pari po evropskite tv. za istorijskite fakti da se na nivna strana.