Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Четири града во трка за Олимијадата 2016

Денес во Копенхаген ИОК ќе одлучува меѓу Рио, Токио, Мадрид и Чикаго

Уште пред два дена од Белата куќа потврдија дека претседателот на САД, Барак Обама, ќе ги замрзне сите државнички обврски и ќе и се приклучи на својата сопруга Мишел во Копенхаген, каде денеска Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) треба да го одреди домаќинот на Олимписките игри 2016 година. Меѓу кандидатите е и „посвоениот“ град на Обамови, како што тоа самите сакаат да го кажат, Чикаго. Главното засилуивање Обама го најде во ликот на Опра Винфри.

Противкандидати на главниот град на Илиноис, како што е познато, му се Рио де Жанеиро, Мадрид и Токио. Обама денеска ќе ја води презентацијата на Чикаго во која треба да каже зошто тој град е најдобрата опција. Влогот е огромен, затоа што многу добро е познато какво е влијанието на организацијата на најголемата светска смотра на политичките, социјалните, економските прилики. Патем, присуството во Копенхаген Обама ќе го искористи и за средба со кралицата Елизабета и премиерот Расмусен.

Сите градови со сите оружја одамна се влезени во беспоштедната борба. Пред неколку дена повеќе од 400.000 мадриѓани се собраа на необичниот перформанс на „Плаза Цибелес“, каде што обично ги слават титулите на Реал М., но сега се здружија во поддршката на својот град во трката по ОИ. Во склоп на промоцијата точно 2016 голфери влегоа во Гинисовата книга на рекорди. Тие во околината на градот во ист момент „испукаа“ 2016 топчиња.

Токму Мадрид до пред неколку дена многумина го сметаа за фаворит, за потоа таа улога да ја преземе Рио де Жанеиро(веројаљтно поради главниот промотор, Пеле). Вчера од организацискиот комитет на бразилскиот град директно му порачаа на Обама: „Ние ги сакаме игрите и можеме да ги организираме на високо ниво“.

Како и да е, многу пати досега се покажало дека претпоставките за фаворит немале врска со конечниот епилог. Така беше и при доделувањето на Игрите 2012 година. Фаворит беше Париз, а домаќинството го доби Лондон. Добро упатените тврдат дека најзаслужен за големиот пресврт по кој Париз доживеа болен пораз, бил тогашниот британски премиер Тони Блер. Како и да е денес Копенхаген ќе биде во фокусот на светската јавност, не само спортска, затоа што Олимпијадите одамна се многу повеќе од игри, а и покрај политичките влијанија, сепак, врз конечната одлука ќе влијаат и комплетните перформанси на градовите кандидати за организација на Олимписките игри во 2016 година.


ОБЈЕКТИ:

- Чикаго: вкупно 31 објект. 15 постоечки објекти за кои не е потребна некоја посуштинска поправка; еден треба да се изгради независно од Олимписките игри; шест нови дополнителни трајни објекти ќе бидат изградени само ако Чикаго биде избран и пренаменети по Игрите, како и девет привремени објекти. 20 објекти ќе бидат на 10 км од Олимпиското село. 19 на растојание од 10 минути, а четири на 10-20 минути од Олимпиското село. Повеќето од 31. објект ќе бидат лоцирани долж езерскиот брег, во близина на градскиот центар. Ќе биде изграден и нов Олимписки стадион со капацитет од 80.000 седишта. Неговиот капацитет по завршувањето на игрите ќе биде намален за околу 10.000 места.

- Токио: Половина од вкупно 34. објекти веќе се изградени. ИОК посочува дека се потребни нови објекти за натпреварите во пливање, стрелаштво, хокеј, додека „Јут плаза“ објектите за бадминтон, модерен петобој-мечување, кошарка и гимнастика, иако се наоѓаат на листата „веќе постоечки објекти, потребна е суштинска работа на нив“ за Токио 2016. За 15 постоечки објекти не е потребна некоја посуштинска работа на нив; за два постоечки објекта потребна се посериозни зафати; 10 нови објекти ќе бидат изградени ако Токио биде избран за домаќин на Игрите, како и седум нови привремени објекти. Нема да се градат објекти независно од тоа дали градот ќе биде домаќин на Игрите.

- Рио де Жанеиро: Вкупно 33 објекти; 10 постоечки за кои не е потребна посуштинска работа на нив, додека осум ќе биде потребно да се доработат, седум планирани и ќе се изградат независно од Игрите, два нови дополнителни објекти ќе бидат изградени само ако Рио биде домаќин на ЛОИ, како и шест привремени објекти.

- Мадрид: Вкупно 33 објекти. 17 веќе се постоечки и на нив не е потребна некоја посуштинска работа, додека на шест е потребна доработка, два објекта ќе бидат изградени без разлика на Игрите, шест нови трајни објекти, и два привремени ќе се изградат ако ги добијат Игрите.

Објектите на кои ќе се одмеруваат силите ќе бидат лоцирани во две зони: средишна зона на исток од градот: ИФЕМА група (7 објекти) и група кај Олимпискиот парк (6 објекти), Речната зона на запад од градот: Клуб де Кампо-Вила де Мадрид со група од три објекти, и Каса де Кампо со група од 4 објекти. Речната зона, исто така ќе содржи три самостојни објекти.


ФИНАНСИИ:


- Чикаго: Буџетот на организацискиот комитет е со приходи и расходи од околу 3,8 милијарди долари. Тука се вклучени и капиталните инвестиции од 162,2 милиони долари, објекти главно за натпреварувања и тренинг. Приходите од помошта од ИОК и топ спонзорствата ќе претставуваат 27 отсто од вкупните приходи на Чикаго. Домашната програма за спонзорства за Олимписките и Параолимписките игри се проценува дека ќе чини 1,83 милијарди долари.

- Токио: Урамнотежен буџет на организацискиот комитет, со приходи и расходи од околу 2,86 милијарди долари. Приходите од помошта од ИОК и топ спонзорствата ќе изнесуваат 35 отсто од вкупните приходи на Токио. Домашната програма за спонзорства за Олимписките и Параолимписките игри се проценува дека ќе чини 708 милиони долари.

- Рио де Жанеиро: Урамнотежен буџет на организацискиот комитет, со приходи и расходи од околу 2,82 милијарди долари. Приходите од помошта од ИОК и топ спонзорствата ќе изнесуваа 31 процент од вкупните приходи на Рио. Домашната програма за спонзорства за Олимписките и Параолимписките игри се проценува дека ќе чини 570 милиони долари.

За да се исполни ветувањето за пристапни цени за билетите и да се олабави притисокот врз маркетинг програмата, јавните органи одлучија да помогнат со 692 милиони долари во буџетот на организацискиот комитет во форма на субвенции.

- Мадрид: Урамнотежен буџет на организацискиот комитет, со приходи и расходи од околу 2,67 милијарди долари. Приходите од помошта од ИОК и топ спонзорствата ќе изнесуваат 38 отсто од вкупните приходи на Мадрид. Домашната програма за спонзорства за Олимписките и Параолимписките игри се проценува дека ќе чини 659 милиони долари.


ЈАВНА ПОДДРШКА:


- Чикаго: 67-процентна поддршка за кандидатурата во Чикаго, и 61 процент на национално ниво според анкетата на ИОК.

- Токио: 56-процента поддршка во Токио и 55 проценти на национално ниво, според анкетата на ИОК .

- Рио де Жанеиро: 85-процентна поддршка во Рио де Жанеиро и 69 проценти на национално ниво според анкетата на ИОК.

- Мадрид: 85-процентна поддршка во Мадрид и 86 проценти на национално ниво според анкетата на ИОК. (Ројтерс)

 


#
Статијата е прочитана 406 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Двојни аршини
ММФ ни прогнозира пад на БДП од 2,5 отсто
Дали промената на власта ќе смени нешто во Грција?
Сите очи на Брисел вперени во Даблин
Зденко
Насловна
Пироманите го гаснат пожарот
Царината тактизира за „Фершпед“
Земјотресот во Индонезија однесе над 450 животи
Зошто никој не го гасне огнот кај Албанците
На духовното богатство му треба и грижа
Дали социјализмот умира?
„Нормална“ шок-состојба
Еротската песна на Иво Санадер ја крена Хрватска на нозе