Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

ММФ ни прогнозира пад на БДП од 2,5 отсто

Претходно Фондот предвидуваше негативен раст на македонската економија од два процента

Александрија Стевковска

Македонската економија годинава ќе забележи пад од 2,5 отсто, прогнозира Меѓународниот монетарен фонд во својот најнов извештај. Ова претставува уште поцрна прогноза од онаа што Фондот ја имаше дадено претходно, а која предвидуваше пад од два процента. ММФ за наредната година, пак, предвидува раст на економијата во Македонија од дури два отсто. Дури во 2014 година растот, според предвидувањето, ќе достигне четири отсто.

За експертите, предвидениот пад на нашата економија од 2,5 отсто за годинава би бил логична последица на рецесијата во која западна земјава. Според нив, можно е и остварувањето на предвидениот раст од два отсто за другата година, но за тоа треба да се исполнат одредени предуслови.

„За да може да се премости големиот јаз од економски пад годинава од 2,5 отсто и раст од два отсто за наредната година, како што прогнозира ММФ, треба да заживее стопанството, кое е главен генератор на раст на БДП. Во услови на рецесија во која се наоѓа Македонија, излезот од рецесијата на другите економии може да значи повлекување и на нашата економија напред, што ја отвора можноста во 2010 година БДП да порасне за два отсто. Но, за тоа да се случи потребно е создавање на поволна деловна клима и ставање на банкарскиот сектор во функција на стопанството. Моментно кај нас, банките сами за себе се цел, додека заживувањето на економијата за нив не е никаква цел, што го забавува целиот развој“, смета Марија Зарезанкова-Потевска од ФОН.

Наспроти прогнозите за продлабочување на падот на економија од страна на ММФ, нашата Влада со последниот ребаланс предвидува дека економијата ќе забележи пад од само 0,6 отсто. Прогнозата на ММФ се поклопува со онаа на НБМ, која, исто така, предвиде пад до 2,5 проценти.

Прогнозите за пад на ММФ и на НБМ за годинава Владата ги отфрла, но го прифаќа предвидувањето на ММФ за раст во наредната година.

„Со политиките што ги води Владата падот на економијата годинава нема да биде поголем од предвидениот со ребалансот. Прогнозите на ММФ и на НМБ се ригорозни и нема да се остварат. Што се однесува до растот за идната година од два отсто, тој се поклопува со нашите предвидувања и значи дека економијата почнува да заживува“, изјави вчера министерот за финансии, Зоран Ставрески, кој одговорно потврди дека ќе се задржи рамката од минус 2,8 отсто буџетски дефицит за годинава. Според него, кредитите од ЕИБ, сепак, се антикризни мерки, иако ќе почнат да се дистрибуираат по четири месеци.

Што се однесува до прогнозите за другите економски параметри, ММФ предвидува дека Македонија крајот на оваа година ќе го дочека со дефлација од еден процент. И во овој дел постои разминување со предвидувањето на Владата, според кое, годинава, сепак, ќе ја завршиме со ниска стапка на инфлација од 0,1 отсто. ММФ во 2010 година очекува стапката на инфлација во Македонија да достигне два отсто.

Што се однесува на дефицитот во платниот биланс, тој за годинава е прогнозиран на 10,6 отсто од БДП, додека во 2010 година се очекува намалување на 9,7 проценти.

Глобалната економија конечно почна да излегува од длабоката рецесија, се оценува во новата прогноза на ММФ. „Глобалното економско заздравување навистина почна, но кризата се' уште не заврши“, изјави извршниот директор на ММФ, Доминик Штрос-Кан, на претставувањето на новата прогноза на Фондот во Истанбул.

Најновите економски показатели укажуваат дека почнало заживувањето на глобалната економија, но и дека невработеноста не се намалува, со што се остава стравување дека кризата не е завршена. „Времето од почетокот на заздравувањето на економијата до почетокот на намалувањето на невработеноста може да потрае и до 14 месеци“, предупреди Штрос-Кан.

ММФ прогнозира дека светската економија годинава ќе падне за 1,1 отсто, но сигнализира дека глобалното стопанство другата година ќе излезе од рецесија и ќе оствари раст од 3,1 отсто, наспроти претходно предвидените 2,5 проценти. ММФ за периодот 2011-2014 очекува глобалната економија да расте за по околу четири проценти на годишно ниво, што, сепак, е помалку од предвидувањата од пред избувнувањето на глобалната економска криза кога Фондот очекуваше петпроцентен економски раст. Во извештајот се предвидува развиените економии и оваа година да имаат пад, но веќе на почетокот на следната година да влезат во фаза на заздравување. ММФ очекува САД и земјите од зоната на еврото во 2010 да имаат сосема мал, но, сепак, позитивен економски раст.

Фондот оценува дека американската економија заздравува побрзо од очекуваното, па така за оваа година и предвидува пад од 2,7 проценти, додека за 2010 раст од 1,5 отсто. Во 2009 година во еврозоната се очекува пад од 4,2 процента, а во 2010 година раст од 0,3 отсто.

Кога станува збор, пак, за државите од Источна Европа, кои најтешко се погодени од глобалната економска криза, ММФ предвидува дека тие ќе заостануваат во економското заздравување, што ќе биде најдрастично во некогашните балтички тигри - Естонија, Летонија и Литванија. Фондот предвидува дека оваа година Источноевропскиот регион ќе забележи пад во просек од 5,25 проценти. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 617 пати.

Испрати коментар

Од: Tulko Drdeski,Tetovo
Датум: 02.10.2009 00:47:00
Sto znaat tie od mmf,nasiot ekspert Stavrevski ke im "dokaze" deka gresat.Vo Makedonija padot ke bide samo 0,6 procenti,kako sto uporno izjavuva Stavre.
Од: svesen
Датум: 02.10.2009 09:23:12
Ovie od MMF nese svesni kolku go lutat nasiot plemiel a uste povece vicepremierot sto gi cini da kazat deka Makedonija ce zabelezi rast od 5 % ionaka narodot nerazbira sto e toa a vlasta ce moze da sprovrde uste edna kampanja i da se pofali so uste ede3n uspeh

Најди! во Утрински
Насловна
Двојни аршини
Дали промената на власта ќе смени нешто во Грција?
Сите очи на Брисел вперени во Даблин
Зденко
Насловна
Пироманите го гаснат пожарот
Царината тактизира за „Фершпед“
Четири града во трка за Олимијадата 2016
Земјотресот во Индонезија однесе над 450 животи
Зошто никој не го гасне огнот кај Албанците
На духовното богатство му треба и грижа
Дали социјализмот умира?
„Нормална“ шок-состојба
Еротската песна на Иво Санадер ја крена Хрватска на нозе