Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Царината тактизира за „Фершпед“

Иако Уставниот суд пресуди во корист на шпедициите, останува и натаму неизвесно дали ќе се менува Царинскиот закон

Соња Маџовска



Царинската управа се' уште тактизира, иако веќе помина речиси еден месец откако Уставниот суд укина неколку одредби од Царинскиот закон. Од Царината се правдаат дека се' уште ги разгледуваат и размислуваат како да постапат по одлуката на судот.

Уставниот суд пресуди во корист на шпедициите, но останува и натаму неизвесно дали ќе се менува Царинскиот закон? Според правниците, нема што да се толкува по одлуката на Уставниот суд, туку дека треба да се дејствува.

Станува збор за членовите 4 и 6, врз чија основа без дозволи за работа од пред неколку месеци останаа „Фершпед“ и уште неколку шпедиции во делот на главниот шпедитерски бизнис, царинското посредување.

Инаку, од „Фершпед“ велат дека тие како компанија не се откажуваат од царинското посредување, како главна шпедитерска дејност, но сметаат дека таква можност - да побараат нова лиценца ќе имаат откако ќе помине една година од укинувањето на дозволата. Од друга страна, пак, доколку Управниот суд пресуди во корист на „Фершпед“, тогаш автоматски компанијата ќе си ја врати дозволата за царинско посредување, а и ќе се создаде можност да поведе постапка за надомест на штета. Одлуката на Уставен е веќе доставена и како нов доказен материјал во постапката што ја води „Фершпед“ пред Управниот суд.

По одлуката на Уставниот суд, се претпоставуваше дека е можно, но и многу тешко веројатно, и самата Царина да ги повлече решенијата. Засега нема таква најава.

Првиот човек на Царината, Ванчо Каргов, не открива како ќе реагира по одлуката на Уставниот суд , ниту дали на погодените шпедиции ќе им ги врати дозволите за работа и ќе иницира промени во законот.

Инаку, по укинувањето на овие одредби од Царинскиот закон, треба да се прецизира што се подразбира под терминот „лице со зголемен ризик“ и да се определи точно кои се тие последни 12 месеци во кои одредено лице има направено долг по основа на ДДВ или акциза.

Од компанијата велат дека откако го изгубија главниот шпедитерски бизнис, околу 150 работници кои ја вршеа ова дејност - царинското посредување веќе имаат формирано своја фирма, која работи во соработка со „Фершпед“. Оваа најголема шпедитерска куќа сега е сконцентрирана, главно, на организација на транспорт, а вршат и царинење, но само за стоки за нивна употреба. Исто така, и складирањето стоки, кои се веќе царинети, е една од дејностите на компанијата.


#
Статијата е прочитана 1219 пати.

Испрати коментар

Од: mitko za lugeto koi premnogu pagaat
Датум: 02.10.2009 01:46:13
Merkite na Grujo vo sferata na Carinata zavisat od toa dali Vanco Kargov e pod ili nad masa. Koj znae znae!
Од: Митко
Датум: 02.10.2009 06:36:02
„Суаре ЉГ„ која работи од јуни оваа година е замената за „Фершпед„ во царинското посредување - така да нема зима за ШН.

Најди! во Утрински
Насловна
Двојни аршини
ММФ ни прогнозира пад на БДП од 2,5 отсто
Дали промената на власта ќе смени нешто во Грција?
Сите очи на Брисел вперени во Даблин
Зденко
Насловна
Пироманите го гаснат пожарот
Четири града во трка за Олимијадата 2016
Земјотресот во Индонезија однесе над 450 животи
Зошто никој не го гасне огнот кај Албанците
На духовното богатство му треба и грижа
Дали социјализмот умира?
„Нормална“ шок-состојба
Еротската песна на Иво Санадер ја крена Хрватска на нозе