Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Дали социјализмот умира?

Европската левица ја реализира својата агенда,
а десницата го освојува просторот

ПАРИЗ - Европа ја прогонува привидение за бавното пропаѓање на социјализмот. Дури сред еден од најголемите предизвици за капитализмот за 75 години, вклучувајќи распаѓање на финансискиот систем поради „ирационално изобилство“, алчност и слабост на регулаторните системи, европските социјалистички партии и нивните левичарски сродни партии не пронајдоа задолжителен одговор, а не, пак, да ја искористат предноста од неуспесите на десницата.

Германските гласачи ја поразија Социјалдемократската партија на изборите во неделата, давајќи и' поддршка од само 23 отсто, што претставува најлош резултат од Втората светска војна. Гласачите, исто така, ги казнија левоориентираните кандидати на европските избори минатото лето и ги поразија француските социјалисти во 2007 година. Таму каде што левоориентираните партии имаат власт, како во Шпанија и Велика Британија, тие се изложени на напади. Таму каде што се надвор од власт, како во Франција, Италија и сега Германија, тие стануваат поделени и рамнодушни.

Иако некои американски конзервативци го демонизираат фискалниот поттик и реорганизацијата на здравствената заштита на претседателот Барак Обама како опасно вртење кон европскиот социјализам, токму европската десница, а не левицата, ја поставува политичката агенда на континентот. Централнодесничарските партии во Европа прифатија многу оригинални левичарски идеи, вклучувајќи дарежливи бенефиции за социјална помош, национализирана здравствена заштита, строги рестрикции за емисиите на јаглероден диоксид и отстапување сувереност на наднационалната Европска унија.

Но, тие добија поддршка, ветувајќи дека ќе ги остварат тие добра поефикасно отколку левицата, а во исто време работеа на намалување на високите даноци, подобрување на финансиската регулатива и справување со се' постарото население.

Европските конзервативци, вели Мишел Винок, француски историчар кој предава на Парискиот институт за политички студии, „се адаптираа на современоста“. Кога Никола Саркози од Франција и Ангела Меркел од Германија ја осудуваат прекумерноста на „англосаксонскиот модел“ на капитализам, а во исто време ја величат заштитната моќ на државата, тие ги користат некогашните социјалистички идеи кои станаа главен тренд, вели тој.

Не дека левицата е целосно безначајна - често пати ја претставува единствената одржлива опозиција на етаблираните влади. Затоа, извлекува полза, како во Америка, од нормалниот циклус на изборната политика.

Во Португалија, владејачката Социјалистичка парт��ја во неделата беше реизбрана иако го загуби апсолутното мнозинство во парламентот. Во Шпанија, на социјалистите се' уште им се припишува заслуга за спротивставувањето и кон Франко и за ирачката војна. Во Германија, пошироката левица, вклучувајќи ги и зелените, има структурно мнозинство во парламентот.

Меѓутоа, германските социјалдемократи се во постизборна криза и мора да размислуваат за поврзување со екстремната Лева партија, која има корени од старата комунистичка партија на Источна Германија. Дел од проблемот е постојаниот „ѕид во главата“ меѓу источните и западните Германци. Додека демохристијаните лесно се движат кон Исток, социјалдемократите од Запад никогаш не би можеле да се поврзат со источните комунисти. „Двете Германии, едната социјалистичка, другата комунистичка, две души, никогаш навистина не се поврзаа“, вели Џовани Сартори, почесен професор од Универзитетот Колумбија во Њујорк. „Тоа објаснува зошто СПД, која секогаш беше главна социјалистичка партија во Европа, не може навистина да се соедини“.

Ситуацијата во Франција е уште полоша за левицата. Бернар-Анри Леви, симболички социјалист, прашан ова лето дали партијата умира, одговори: „Не, таа веќе е мртва. Никој, или речиси никој, не се осмелува да го каже тоа. Но секој, или речиси секој, го знае тоа“.

Социјалистичката партија во Франција, со долга револуционерна традиција и ослабени врски со намалената работничка класа, е расцепкана од лични ривалства. Партијата последен пат ја доби претседателската функција во 1988 година, а во 2007 година Сеголен Ројал ја загуби од Саркози со голема разлика од 6,1 процент. Позната по нејзината „откаченост“, Ројал со тесен број гласови ги загуби изборите за лидер на партијата во ноември 2008 година, од нејзината ривалка, подоктринарниот социјалист Мартин Обри, за 102 од 135.000 гласови, а нивните односи беа заладени уште пред да бидат објавени тврдењата за измама.

Иако Ројал би сакала социјалистите да се движат кон центарот и испитаат можност за поофицијална коалиција со Зелените, кои туркаат агенда чија цел е спречување на заканата за глобално затоплување, и со Демократското движење на Франсоа Бајру, Обри е повеќе загрижена поради разводнувањето на партијата. Таа е и позната и омразена поради достигнувањето на 35-часовна работна недела во последната социјалистичка влада, и се смета само за преодна фигура.

Но, преод кон што?

„Социјалистичката партија сакаше да остане во конкуренција со Комунистичката партија, и наместо да стане социјалдемократска и реформистичка, таа остана марксистичка“, вели францускиот историчар Винок. На летниот собир, што се одржа минатиот месец во одморалиштето Ла Рошел на атлантското крајбрежје на Франција, партијата се' уште зборуваше за „другари“ и „партиски милитанти“. Таа организира семинари со наслови како „Интернационализам во момент на криза на глобализиран капитализам“.

Француската Социјалистичка партија „е заглавена во безнадежна контрадикција“, вели Тони Џуд, директор на Институтот Ремарк на Њујоршкиот универзитет, изнесувајќи радикални изгледи дека „нема ниту средства, ниту идеологија, ниту изборно тело за применување“. Тоа ги храни „пореволуционерните“ партии, додека социјалистите настојуваат одбранбено да се потпрат на левицата за да им се спротивстават, наместо да се движат кон центарот каде што се добиваат изборите. Во исто време, внатрешните спорови ја прават смешна, при што Саркози минатиот месец и' посочи на партијата дека им праќа „големо благодарам“ на Ројал „која многу ми помага“, и на Даниел Кон-Бендит, познат европски политичар од Зелените, истакнувајќи дека „сите во Социјалистичката партија мамеле“ и обвинувајќи ја Ројал дека се однесува како „навредено мало девојче“.

Уништувачките расправии во Франција и на други места направија малку за позиционирање на левоориентираните партии да одговорат на итното прашање во моментот: како да се сочува благосостојбата во услови на забавен развој и се' поголеми дефицити на владата?

Пошироко, социјалистите станаа конзервативни, борејќи се да ги заштитат постоечките системи за кои гласачите сметаат дека треба да се подобрат, но не и да се напуштат. „Социјалистите не можат да се адаптираат на загубата на нивниот основен електорат, а со глобализмот благосостојбата не може и понатаму да постои на истиот начин“, вели политичкиот научник Сартори.

Енрико Лета (43) е еден од надежите на италијанската левица, која моментно е во метеж со оглед на националистичкиот популизам на премиерот Силвио Берлускони. „Треба да сфатиме дека социјализмот е одговор на минатиот век. Треба да создадеме централна левица која е прагматична, која обезбедува атрактивна алтернатива, а не само опозиција“, вели Лета. Тој тврди дека социјалистичката политика ќе треба да се претвори во посовремена и помалку идеолошка форма што овозможува алијанса со централните, либералните и зелените партии и која нема да се нарекува „социјалистичка“.

Џуд тврди дека европските социјалисти треба да смислат нова порака - популарна порака како да се реформира капитализмот „признавајќи ја централната позиција на економските интереси, а во исто време отфрлајќи го од тронот како единствен начин на зборување за политиката“. Европскиот социјализам треба „многу повеќе да размисли што може и што не може да направи државата во 21 век“, вели тој. (Интернешенел хералд трибјун)


#
Статијата е прочитана 1484 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 02.10.2009 08:22:30
Да,социјализамот умира.Но на сметка на умирањето на социјализамот се раѓа национализамот.
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 02.10.2009 09:28:18
Интересна е проширената заблуда кај нас за одумирање на Социјализмот (со тоа и Комунизмот)! Секако покрај големата застапеност на младите од МК во национал-демократски (NSDAP) партии со соцреалистички призвук од најпримитивен вид, на западот е Приметно нивното сè помасовно присуство Под Црвените Знамиња! Доволно е да се погледнат снимките од Масовните Демонстрации и Штрајкови во Франција, Италија, Германија... Заблудите ги шират и ваквите Препишани текстови, кои некои си ги земаат здраво-за-готово! Интересно е што во западните општества, спротиставените леви и десни партии отсекогаш имале голема масовност, посебно во услови на економска криза! Кај нас масовноста е секогаш работа на помодарство, особено, кога некој „од опинок“ се прогласува за Граѓански ориентиран! Масовноста е особено Хит во моментот на користењето на Привилегиите од Власта!
Од: Toni Suva Reka
Датум: 02.10.2009 11:20:25
Se zaborava najgolemiot faktor, negativanta emigracija sto dovede do radikaliziranje na site denso pro fasisticki frakcii vo EU zonata. Kako sto sme videle istoriski od sekogas site tie frakcii koga dosle na vlast imalo svetski vojni I se kreirale novi poredoci. Eu so podrskata na naciolnalizmot I neofasismot vo EX YU si mislesese deka e samo balkanska rabota, kolku naivno!!! Sega koga e na nivanata vrata, samo ke si sedeme vo lozata I ke uzvame vo predstava. Strata dama ne ja nauci lekcijata od Hitler......evropskoit parliament e poln od tipot na luge kako La Pen
Од: natalija
Датум: 02.10.2009 11:24:04
Treba da se obezbedi 35 casa rabotna nedela, da se vraboat poveke luge i socijalizmot e najdobar samo vo druga forma kombinacija na zapadot i socijalizmot , kapitalizmot ne sakaat da go napustat bogatite. No podobro e da se odrzi planetata i zivotot. Seto materijalno nivno "bogatstvo" sto za mene e zlo ke iscezne kako prav no ke iscezne i zivotot na zemjata. Mnogu, mnogu zalosno za mladite.

Најди! во Утрински
Насловна
Двојни аршини
ММФ ни прогнозира пад на БДП од 2,5 отсто
Дали промената на власта ќе смени нешто во Грција?
Сите очи на Брисел вперени во Даблин
Зденко
Насловна
Пироманите го гаснат пожарот
Царината тактизира за „Фершпед“
Четири града во трка за Олимијадата 2016
Земјотресот во Индонезија однесе над 450 животи
Зошто никој не го гасне огнот кај Албанците
На духовното богатство му треба и грижа
„Нормална“ шок-состојба
Еротската песна на Иво Санадер ја крена Хрватска на нозе