Пораз и реми на Македонија на квалификациониот турнир за Европското првенство во ватерполо
Македонските јуниори стартуваа со пораз и една нерешена игра на квалификациониот турнир за Европското првенство во ватерполо што ќе се одржи во Турција, Истанбул од 7 до 14 септември. Во првото коло на турнирот што се игра во Скопје младите ватерполисти на Македонија загубија од Шпанија со 15:7, додека во второто коло во голема борба играа нерешено со репрезентацијата на Белорусија 10:10. Нашите ватерполисти пропуштија голема шанса да ги освојат двата бода бидејќи на 10 секунди пред крајот имаа прекрасна шанса но не ја искористија. Еве ги другите резултати прво коло: Велика Британија-Словенија 9:12, Украина-Белорусија 6:5. Второ коло: Словенија-Шпанија 9:6, Велика Британија-Украина 16:8. По двете одиграни кола на табелата води Словенија со 4, Шпанија, Украина и Велика Британија со по 2, Македонија и Белорусија по 1 бод. Синоќа се играше третото коло во кое се сретнаа Шпанија-Белорусија, Украина -Словенија, Македонија-Велика Британија.
Денес играат: Словенија-Белорусија (18 ч), Велика Британија-Шпанија (19.30), Македонија-Украина (21 часот). Во недела се среќаваат Белорусија-Велика Британија (9 ч), Шпанија-Украина (10.30), Македонија-Словенија (12 ч).
Првите три репрезентации ќе се здобијат со право да играат на Европскиот шампионат во Истанбул. (М.М.)
|