Надал го збриша Ѓоковиќ
Шпанецот Рафаел Надал просто го збриша Новак Ѓоковиќ со 6:4, 6:2, 7:6 и по четврти пат во низа, втор пат без загубен сет, се пласира во финалето на Ролан Гарос. Трикратниот победник на Отвореното првенство на Франција во тенис успеа да спаси сет топка во третиот сет и за два часа и 49 минути обезбеди место во мечот за титулата во Париз во кој силите ќе ги одмери со подобриот од втората полуфинална пресметка мешу Швајцарецот Роже Федерер и Французинот Жил Монфил.
Надал, кој не знае за пораз на Ролан Гарос досега, наметна убиствено темпо на игра уште на почетокот од дуелот на што Ѓоковиќ немаше одговор. Брејкот во третиот гем во мечот беше доволен за Надал да го освои првиот сет ос 6:4, вториот го доби уште поубедливо со 6:2, а во третиот славеше до 7:3 во тај-брејкот за конечни 7:6.
Во женското финале денеска ќе играат Србинката Ана Ивановиќ и Динара Сафина од Русија. Сафина во полуфиналето ја елиминира Кузнецова со 6:3, 6:2, додека Ивановиќ ја порази нејзината сонародничка Јелена Јанковиќ со 6:4, 3:6, 6:4. Со самиот пласман во финалето, а со елиминацијата на Кузнецова, 20. годинашната белграѓанка Ивановиќ за првпат во кариерата стигна до првото место на ВТА ранг листата.
Резултати од мечевите на Ролан Гарос
Мажи, полуфинале: Надал (2., Шпанија) - Ѓоковиќ (3., Србија) 6:4, 6:2, 7:6.
Жени, полуфинале: Ивановиќ (2., Србија) - Јанковиќ (3., Србија) 6:4, 3:6, 6:4. |