Брoj 2706  сабота, 07 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

На прва топка

Фудбал, пиво и грицки

Фарко Шакири

Европското првенство во фудбал, кое денес почнува во Австрија и во Швајцарија, е можност да ги видиме најдобрите фудбалери на континентот, но општ е впечатокот дека „над небото на Алпите“ од различни причини нема да се појават многу ѕвезди со што ја пропуштаат можноста да им го покажат сиот свој фудбалски сјај на љубителите на оваа игра. Од Цирих до Базел со посредство на ТВ збиднувањата на најквалитетната европска фудбалска смотра ќе ги следат играчи од типот на Руни, Раул, Малдини, Тери, Фердинаднд , Оливер Кан, Фиго, Тоти, Шевченко... Фудбалски имиња кои сигурно вкумпонирани во еден состав лесно би можеле и да се најдат на тронот на фудбалска Европа.

Во Австрија и во Швајцарија своите способности не ќе можат да ги искажат и репрезентативците на Македонија. Се знае и зошто. На квалификациите ние бевме одлични петти, место кое не успеа да не' одведе во Австрија и во Швајцарија, од денес фудбалски епицентри во Европа, па треската ќе не' префаќа по пат на трансмисија. Ако знам зошто не сме таму, не знам кога еднаш и ние ќе се најдеме на некоја завршница на Европско или Светско првенство. Преку глава ми е од реални објаснувања кои велат дека тоа е последица на несреќа при одредување на квалификациските групи, па нам секогаш и по правило ни се инсталираат најкавлитетните европски фудбалски репрезентации, па лош распоред, па лоши судии, а никако да слушнам објаснување кое кажува дека домашното првенство ни е катастрофа. Зборувам за квалитетот, за регуларноста друг пат. Еден добро организиран клуб (Работнички Кометал), за кој може да се каже дека функционира на професионално ниво, неколку клубови во кои се глуми дека се работи според тој терк, и се' друго, гола вода. Не се знае кој пие, а никој не плаќа. И така до бескрај. Вербални гимнастики од одговорните за најважната споредна работа на светот, кои ја навредуваат интелегенцијата на оние кои ја сакаат и ја разбираат оваа играчка.

Како што стојат сега работите на тој план, и како се коментираат, се плашам дека Македонија никогаш нема да биде дел од една таква голема фудбалска завршница на европски и светски план. Мислам дека и ако успееме преку некои врски да издејствуваме да добиеме и организација на ваква смотра, нема да учествуваме затоа што, според добро упатените, за такво нешто треба и инфраструктура. А, ние не гради��е стадиони, кои се нели скапи, ама затоа отворивме куп сали во кои не се спортува, туку нивната архитектура се користи за лепење сликички со омилени политичари, кои околу нив го трчаат својот победнички круг.

И сега што - од денес па до 29 јуни. Повторно ќе морам да изберам тим за кој ќе навивам за да потрошам малку адреналин, пиво и грицки. Повторно нема да имам можност да ја фрлам сопругата низ прозорец (се сеќавате на Бразилецот кој својот брачен проблем го реши на тој начин, а пред судот се бранеше дека таа го деконцетрирала со глупави прашања кога неговиот Бразил примил гол). Како јас ќе се бранам кога во Австрија и во Швајцарија ја нема Македонија.

Значи, од ова првенство единствена корист ќе имаат стопанствата на Австрија и на Швајцарија кои ќе инкасираат профит од над 1,5 милијарди евра, скопските кафулиња, а и мојата сопруга која ќе го преживее и ова Европско првенство.


Статијата е прочитана 181 пати.

Испрати коментар

Од: Igor-Veles
Датум: 07.06.2008 02:00:32
Super statija,treba da ima poveke ovakvi,bravo za Farko
Од: Zarko
Датум: 07.06.2008 17:21:55
Statijava bese kompletna katastrofa. Ne odime na EP bidejki nemame kvalitetni igraci. Sto e i sfatlivo bidejki so 2 milioni ziteli MK nemoze da generira talenti kako zemji so 5-10x poveke. Najmaliot ucesnik na EP ima bar duplo naselenie od MK. Da, prvenstvoto e katastrofa, no ovakvi statii se absoltno nepotrebni.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Надал го збриша Ѓоковиќ
Ф1 викендот прв и последен пат сезонава во С. Америка
Европа во фудбалска треска
Вести од ЕП 2008
Вардарци ќе добијат нов сопственик
Нова сала, стар ривал, нова надеж
Бостон поведе против Лејкерси
Роналдо пресече - сака да игра во Реал М.
Стартуваат нокаут бараж -мечевите
Пораз и реми на Македонија на квалификациониот турнир за Европското првенство во ватерполо