Онака како што претходно најавија челните луѓе на Вардар, за денеска со почеток во 14.30 часот во просториите на ЕУРОСТАНДАРД Банката во Скопје, ќе го одржат Собранието на клубот, на кое најверојатно оваа екипа ќе добие нов спонзор и раководство. Шпекулациите велат дека досегашниот спонзор на шампионот Работнички Кометал ќе се пресели во црвено-црниот табор.
Управниот одбор на ФК Вардар со вчерашниот допис испратен до медиумите ја извести фудбалската јавност во земјава за причините поради кои е одбиена поднесената пријава за избор на ново раководство на клубот од страна на претпријатието „Планет М“ - Малта. Понудата на единствениот стопански субјект кој се пријави на отворениот конкурс кој го распиша новото раководство на црвено-црните, е отфрлена на состанокот на УО поради неисполнување на следните четири причини.
Најпрво подносителот не достави уверение за државјанство на подносителот кое е задолжително според огласот кој го објави новото раководство. Потоа малтежаните не поднесоа ниту задолжителна банкарска гаранција, а не пронајдоа заеднички јазик со актуелното раководство ниту околу прашањето за преземање на затекнатите професионалци и распределбата на стекнатите средства од идни евентуални трансфери на истите на кое инсистираше актуелното раководство на Вардар. И за крај, од страна на подносителот на понудата не беше прифатено барањето на челниците на црвено-црните околу распределбата на средствата кои во касата на клубот евентуално ќе легнат по основ на учество во натпреварувањата кои ги организира УЕФА (ЛШ, Купот на УЕФА и Интертото купот). (Е.К.)
Nema da komentiram dodeka ne se sluci posakuvanoto sobranie utre,vo 14:30 vo Eurostandard banka,mestoto sto samo kazuva koj ke bide noviot sponzor na Vardar...So Gospod napred utre se da bide vo najdobar red !!! EDEN E VARDAR
Од: Mirko
Датум: 07.06.2008 15:07:38
Eve go Vardar, se vrakja. Eden e Gospod na neboto, eden e Vardar na zemjata.