Брoj 2706  сабота, 07 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Роналдо пресече - сака да игра во Реал М.

Контроверзниот репрезентативец на Португалија конечно пресече и уште еднаш и создаде непријатно изненадување на армијата на навивачи на англискиот шампион, Манчестер Јунајтед. Најдобриот фудбалер на Португалија, Кристијано Роналдо, онака како што најави пред неколку дена, непосредно пред официјалното започнување на европското првенство во Швајцарија и Австрија, ја соопшти својата дефинитивна одлука поврзана со прашањето дали сака и во следната сезона да остане во редовите на шампионот на Премиерлигата, Манчестер Јунајтед.

„Точно е дека сакам да играм во Реал Мадрид“, изјави португалецот за еден медиум од неговата земја. „Сите шпекулациии се точни, меѓутоа во врска со оваа моја желба сега се зависи од тоа колку големиот Реал е подготвен да потроши пари за да ме донесе во неговите редови. Тое веќе не зависи од мене“, додаде португалскиот репрезентативец. Новинарот Жулио Гомеш Фиљо е последниот кој успеа да стигне до автентична и ексклузивна изјава од првата ѕвезда на португалската репрезентација пред денешното започнување на Европското првенство.

„Мислам дека испратив навистина сериозна порака до сите кои по секоја цена сакаа да слушнам какви се моите планови за иднина. Од денеска, па се до официјалното завршување на европското првенство на оваа тема нема да проговорам ама баш со никој новинар, и затоа ќе ги замолам сите да не ми поставуваат провокативни прашања во следните три недели, бидејќи нема да добијат одговор од мене“, заврши Роналдо.

Неговата последна изјава дадена во базата на португалскиот национален тим во Нојшател на западот на Швајцарија, одекна како бомба на „Олд Трафорд“, каде што челниците на најбогатиот фудбалски клуб на светот, потајно се надеваа и веруваа во неговите претходни изјави „за сентиментална љубов спрема клубот“, и секогаш воздржаните најави дека, еден ден, португалецот „сепак би сакал да игра во Шпанија“.

И сега по последните најави од Нојшател, „тој еден ден“ очигледно дека во случајот на контроверзниот Роналдо може да се случи уште ова лето, се разбира доколку кралскиот клуб од Мадрид успее да ја обезбеди астрономската цена која сер Алекс Фергусон сигурно ќе ја одреди во една ваква специфична ситуација. Одговорот од Манчестер стигна многу брзо, се разбира во форма на шпекулација, а според која Фергусон ќе пушти срце и ќе го ослободи неговиот најдобар играч, само за неверојатна сума од 50 милиони евра, и авионски билет во правец Мадрид - Манчестер за фудбалерите на кралскиот клуб, Серхи Рамос, Мамаду Дијара и Робињо.


Статијата е прочитана 549 пати.

Испрати коментар

Од: vesna
Датум: 07.06.2008 10:52:07
Ronaldo ke zgresi ako odi temu. Nema idnina za nego vo real. Ke propadni skroz. Njgolemata greska vo zovotot ke mu bidi.
Од: ?
Датум: 07.06.2008 17:01:51
Ronaldo ke biid najglup ako odi vo real a ako ostani vo man ke bidi nejdobar igrac na svetot
Од: Deki
Датум: 07.06.2008 22:14:25
Kako da ne ako otide vo real ce zima povece pari i ce bide svetski fudbaler!!!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Надал го збриша Ѓоковиќ
Ф1 викендот прв и последен пат сезонава во С. Америка
Европа во фудбалска треска
Вести од ЕП 2008
Вардарци ќе добијат нов сопственик
Нова сала, стар ривал, нова надеж
Бостон поведе против Лејкерси
Фудбал, пиво и грицки
Стартуваат нокаут бараж -мечевите
Пораз и реми на Македонија на квалификациониот турнир за Европското првенство во ватерполо