Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Ултрадесничарите во владата на Нетанјаху

Авигдор Либерман, лидерот на Исраел беитеину ќе стане министер за надворешни работи

ЕРУСАЛИМ - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потпиша коалиционен договор со екстремо десничарската партија Исраел беитеину, изјавија официјални лица. Според договорот Авигдор Либерман, лидерот на Исраел беитеину ќе стане министер за надворешни работи, открија официјални лица од партијата Ликуд на Нетанјаху. Тој е жесток поддржувач на движењето на израелските доселеници и се противи на размена на територии за постигнување мир со Палестинците. На Ликуд се' уште му е потребна поддршката од други партии за да обезбеди мнозинство во парламентот. Исраел беитеину ќе добие пет места во кабинетот, вклучувајќи ги оние за внатрешна безбедност, инфраструктура, туризам, и интеграција на нови доселеници. Нетанјаху побара поддршка и од центристичката партија Кадима, но претходните разговори завршија без постигнување договор. Лидерката на Кадима, Ципи Ливни изјави дека нејзината партија ќе биде „одговорна опозиција“. Кадима ја поддржува идејата за формирање на палестинска држава во Западниот Брег и Газа, на што се противи Ликуд. Нетанјаху има краен рок до 3 април да формира влада по изборите што се одржаа во февруари. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 89 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Бомбаш-самoубиец уби 11 лица во Авганистан
Њујорк може да потоне во следните сто години
Јозеф Фрицл признава инцест, но не и убиство на синот
Бојко Борисов се мести за премиер на Бугарија
Легендарната Клеопатра била половина Африканка
Левичар на чело на Салвадор
Лажни лекари убиваат легално
Ситуацијата во Пакистан се заострува
Во Венецуела нема да има руски воени бази
Љубоморен маж уби четири лица во Мајами