Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Лажни лекари убиваат легално

Во Русија поради лекарски „грешки“ годишно умираат по 50.000 пациенти, а до 30.000 остануваат инвалиди

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

МОСКВА - Поради лекарски грешки во Русија годишно умираат од 50 до 90.000 пациенти. Официјални податоци не се објавуваат, но според информациите од Лигата за заштита на пациентите, поради лекарски грешки годишно меѓу 20 и 30.000 пациенти стануваат инвалиди. Иако и на Запад умираат голем број пациенти поради грешки на лекарите и медицинскиот персонал, во Русија не сакаат да се помират со таа црна статистика, па на разни начини се обидуваат да го доведат до што е можно помала бројка умирањето на оние кои се' уште треба да живеат.

Руската полиција тврди дека во целата земја денес работат повеќе од 200.000 лица со лажни дипломи. Застрашувачко е тоа што полициската статистика покажува дека мнозинството од тие лажни експерти работат како лекари. Само во 2008 година во Москва беа уапсени неколку групи на луѓе кои продаваа лажни дипломи.

Во полицијата се свесни дека тие не можат во целост да го спречат печатењето лажни дипломи, а печати можат да се направат на секој чекор. Поради тоа тие одлучија да тргнат по друг пат. Полицијата почна да создава единствена база на податоци за оние кои навистина завршиле факултети или виши школи во последните четири години. Целта на полицијата е да имаат прецизни податоци за сите кои завршиле факултети или високи школи од 1948 година. Полицајците тврдат дека кога ќе ги средат своите банки на податоци ќе можат многу бргу и лесно да проверат дали некој навистина завршил факултет или неговата диплома е лажна. Се планира и отворање посебен сајт каде што ќе може да се види точно каде кој лекар завршил факултет, а ќе има и посебен список со имиња на сите лажни лекари.

За жал, во ��оследните неколку години во Русија се рашири мрежата на лажни факултети кои се занимаваа само со продавање дипломи. Полицијата неодамна во Курганската област уапси група луѓе кои продаваа дипломи од Омската државна медицинска академија. За да не се влезе во трага на луѓето со лажни дипломи, мафијашите „соработуваа“ со раководителот на архивот на Државната медицинска академија во Омск. Тоа лице беше уапсено кога мафијашите му донесоа мито.

Со анализа на работата на лекарите во некои градови и области се дојде до навистина збунувачки резултати. Така, на пример, во Новоилинскиот реон во Кемеровската област кардиолози и други специјалисти ретко работат, затоа што сфатија дека не им се исплаќа, бидејќи лекарите по општа практика се подобро платени.

Интересно е тоа што роднините на несреќниците кои умираат поради погрешна дијагноза во Русија многу ретко ги тужат лекарите и болниците. Адвокатите објаснуваат дека во Кривичниот закон на Русија воопшто го нема терминот „лекарска грешка“. Тоа значи, објаснуваат руските адвокати, дека е тешко да се дојде до правдата на суд, дури и кога е очигледно дека некој лекар згрешил и така предизвикал смрт на пациентот. Најмногу што може да се докаже е „лекарска невнимателност“ за што е предвидена затворска казна од четири години. Така, неодамна во Јакутија хирургот Адолф Габишев е осуден само на шест месеци затвор, и тоа условно, бидејќи и' извадил здрав бубрег на жената што ја оперирал поради тоа што невнимателно ја прегледал документацијата.


Статијата е прочитана 537 пати.

Испрати коментар

Од: Ози
Датум: 17.03.2009 11:28:58
Кај нас не мора да рескираш со лажни факултети и полиција. Легално запиши се на еден од приватните универзитети, плати добро, и ќе добиеш лажна диплома. А газдата на еден од овие “универзитети“ се вози во најскапиот Мерцедес и ти се смее зад затемнетиот прозорец.

Најди! во Утрински
Свет
Бомбаш-самoубиец уби 11 лица во Авганистан
Њујорк може да потоне во следните сто години
Јозеф Фрицл признава инцест, но не и убиство на синот
Бојко Борисов се мести за премиер на Бугарија
Ултрадесничарите во владата на Нетанјаху
Легендарната Клеопатра била половина Африканка
Левичар на чело на Салвадор
Ситуацијата во Пакистан се заострува
Во Венецуела нема да има руски воени бази
Љубоморен маж уби четири лица во Мајами