Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Легендарната Клеопатра била половина Африканка

Отсекогаш се верувало дека љубовницата на Марко Антоние имала грчки корени

ЕГИПЕТ – Легендарната египетска владетелка Клеопатра била половина Африканка, открива истражувачки тим кој верува дека ја пронашол гробницата на нејзината сестра. Отсекогаш се верувало дека љубовницата на Марко Антоние имала грчки корени. Меѓутоа, останките од сестрата на владетелката, принцезата Аресиноху, пронајдени во Ефес, Турција, откриваат дека нејзината мајка имала африканско потекло. Експертите ги опишаа резултатите, обелоденети во документарец на Би-Би-Си, како „вистинска сензација“. Откритието беше направено од доктор Хилке Тоер од Австриската академија на науките. Тој вели: „Единствена можност во животот на еден археолог е да се пронајде гробница и скелет на член на династијата Птолемаиди. Дека Аресиноху имала африканска мајка е вистинска сензација што води до нови информации за семејството на Клеопатра и односот на сестрите Клеопатра и Аресиноху“.

Презентерот на документарецот и археолог Нил Оливер изјави: „Клеопатра, Јулие Цезар, Марко Антоние - сите тие се легендарни личности од историјата. Речиси е невозможно да се запамети дека тие биле обични луѓе, а не полумитски личности прикажани од страна на Ричард Бартон и Елизабет Тејлор“. Тој продолжува: „Да ги гледате како обични човечки суштества, тоа е како фрлање студена вода в лице. Кога стоев во лабораторијата и ги проучував коските на сестрата на Клеопатра, знаејќи дека во нејзиниот живот таа ја допрела Клеопатра или можеби Јулие Цезар и Марко Антоние, почувствував морници по телото. Одеднаш овие големи личности од историјата беа од крв и месо“. Постоело големо ривалство меѓу принцезата Аресиноху и нејзината моќна сестра Клеопатра и многумина веруваат дека крал��цата му наредила на својот римски партнер Марко Антоние да ја убие. Во филмот се истражува животот на Клеопатра, која имала афера со Јулие Цезар, вклучувајќи ги и нејзините убиствени намери кон Аресиноху. (Би-Би-Си)

 


Статијата е прочитана 819 пати.

Испрати коментар

Од: Никола
Датум: 17.03.2009 00:23:03
Клеопатра не била Гркиња, туку Македонка - потекнувала од динасијата на Птоломеј, генералот во војската на Александар Македонски кој завладеал со Египет по смртта на македонскит крал.
Од: Dejan
Датум: 17.03.2009 00:35:28
Ne se grcki tuku makedonski koreni.Citajte malku istorija,pa togas pisuvajte.
Од: Veselin
Датум: 17.03.2009 03:19:21
Kleopatra grkinka,poluaafrikanka? Nekoi kvazi uceni se obiduvaat da ja prestavat Kleopatra so crna kosa i potemen ten.Demek,bila grkinka.No za vistinskite uceni od sekogas bilo jasno deka e taa makedonka.A kako i site makedonci bese belokoza,rusokosa i da ne se zaboravi i zelenooka.T.n.Grci se vsusnost mesavina od starosedelcite makedonci-pelazgi i novodojdenite Danajci od Afrika i novodojdenite Arapi.T.n.grcki dijalekti se so 25% egipetski,25% arapsi,40% makedonski koren i 10% razni drugi primesi,poveketo nepoznati.Antickite makedonci gi narekuvaa Danajci.A Danajci Aleksandar zatece koi ostanale vo Egipet i koi vsusnost pred toa bile pod Sahara.I denes vo mnogu poznmati enciklopedii e prestavena kako Makedonka. Poznato e deka vo jazikot na Egipetjanite ostanale mnogu makedonski zborovi-kako denesnive!!!
Од: petre
Датум: 17.03.2009 08:53:40
Kleopatra e od makedonskata dinastija na Ptolemej. Koga prepisuvate tekstovi od stranski izvori podrazmislete malku.
Од: Acev
Датум: 17.03.2009 10:10:10
grcite se afrikanci
Од: Ози
Датум: 17.03.2009 10:41:41
Како смеел докторот и академик Хилке Тоер и Би-Би-Си да објават вакво нешто без да побараат ревизија и одобрување од нашите букефалисти, историчари и Паско??!, Па да тие им ја кажат едната и единствена вистина. И да ги посоветуваат и упатат како да размислуваат, а може и Грујо да им ги подопере малку мозоците па да заличат на ВМРОвци.

Најди! во Утрински
Свет
Бомбаш-самoубиец уби 11 лица во Авганистан
Њујорк може да потоне во следните сто години
Јозеф Фрицл признава инцест, но не и убиство на синот
Бојко Борисов се мести за премиер на Бугарија
Ултрадесничарите во владата на Нетанјаху
Левичар на чело на Салвадор
Лажни лекари убиваат легално
Ситуацијата во Пакистан се заострува
Во Венецуела нема да има руски воени бази
Љубоморен маж уби четири лица во Мајами