Во Венецуела нема да има руски воени бази
Каракас - Венецуелскиот претседател Хуго Чавез изјави дека Венецуела им дозволува пристап на руските воени сили на своја територија, но нагласи оти во земјата нема да бидат отворени руски воени бази.
Чавез со ова ги демантираше тврдењата на дел од светските медиуми дека Венецуела ќе и' го даде на користење на Русија островот Орчила, каде што Москва планира да изгради воена база.
„Информацијата е искривено пренесена. Го информирав претседателот Дмитриј Медведев дека во секој момент кога руската авијација има потреба да слета во Венецуела, нашата земја ќе и' го овозможи тоа“, нагласи Чавез. (МИА) |