Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Љубоморен маж уби четири лица во Мајами

Жител од Мајами вознемирен поради аферата на неговата поранешна сопруга со помлад маж, во неделата упадна на забава и ги уби сопругата, ќерката на сопругата, бабата и момчето. Пред да го стигне полицијата, тој ги запалил неговата куќа и камионот, а потоа се застрелал. „За жал, пет лица загинаа како резултат на домашна расправија“, рече портпаролот на полицијата од Мајами, Кенија Алфонсо.

Во неделата попладне детективите започнаа истрага за второто повеќекратно убиство и самоубиство што се случи за три недели во округот Мајами-Дејд. Минатиот месец лице од јужниот округ Мајами-Дејд, ја уби сопругата и двете ќерки-тинејџерки, а потоа се самоуби.

Во инцидентот во неделата полицијата не ги идентификуваше убиецот ниту, пак, жртвите, но соседите изјавија за „Мајами хералд“ дека убиецот е Гилермо Лопез (49). Неговата поранешна сопруга е идентификувана како Лазара Мендез (50), која работеше како благајник во популарниот кубански ресторан „Ла хабана виеха“ на „Корал веј“. Двојката, според записите од округот Мајами-Дејд, се венчала во 2005 година, а соседите јавија дека тие се разделиле пред околу еден месец. („Мајами хералд“)


Статијата е прочитана 398 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Бомбаш-самoубиец уби 11 лица во Авганистан
Њујорк може да потоне во следните сто години
Јозеф Фрицл признава инцест, но не и убиство на синот
Бојко Борисов се мести за премиер на Бугарија
Ултрадесничарите во владата на Нетанјаху
Легендарната Клеопатра била половина Африканка
Левичар на чело на Салвадор
Лажни лекари убиваат легално
Ситуацијата во Пакистан се заострува
Во Венецуела нема да има руски воени бази