Њујорк може да потоне во следните сто години
ЊуЈорк- Њујорк може да потоне во следните сто години поради зголемувањето на нивото на Атлантскиот океан, што е предизвикано од топењето на мразовите на Гренланд и на Антарктикот, предупредуваат научици од Универзитетот во американската сојузна држава Флорида.
Крајбрежната линија на Менхетен, нагласуваат научниците, на некои места се наоѓа на само 1,5 метри надморска височина, со што се зголемува опасноста од разурнувања, предизвикани од бури и урагани.
Научниците предупредуваат дека нивото на океанот кај Њујорк може да се зголеми за 51 сантиметар во 2100 година, при што опасноста од поплави ќе се зголеми не само за Големото јаболко, но и за Вашингтон и Бостон. (МИА) |