Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Јозеф Фрицл признава инцест, но не и убиство на синот

Монструмот од Австрија се изјасни за невин по обвиненијата за држење во ропство на неговата ќерка Елизабет

СЕНТ ПОЕЛТЕН – Австриецот, татко на седум деца од својата ќерка која 24 години ја држел како затвореничка во визбата, вчера се изјасни за виновен за инцест, но негираше дека го убил новородениот син кој починал.

Случајот на Јозеф Фрицл (73) предизвика бран згрозеност низ Австрија и целиот свет. Судскиот процес привлече стотици странски новинари во обласниот суд каде што пристигна обвинетиот, кој со документи го криеше лицето.

Фрицл се изјасни за „делумно“ виновен за силување - што значи дека тој го оспорува начинот на кој е составено обвинението против него - и лишување од слобода. Тој наведе дека е целосно виновен за лишување на децата од слобода со тоа што биле изолирани во визбата. Фрицл, исто така, се изјасни за невин по обвиненијата за држење во ропство на неговата ќерка Елизабет, поголем дел од нејзиниот живот, според дописниците на Ројтерс кои присуствуваа на судскиот процес зад затворени врати. Пресудата се очекува в четврток или в петок. Тој, ако биде осуден, се соочува со казна доживотен затвор.

Облечен во несоодветен сив костум, Фрицл влезе во судницата опколен од шестмина полицајци и држејќи во рацете сина папка со документи за да ги одбегне блицевите од фотоапаратите. Тој беше тивок и не покажуваше емоции, игнорирајќи ги прашањата од ТВ-екипите пред судијата и осумчлената порота да влезат во судницата кога камерите беа исклучени.

Адвокатот на Фрицл посочи дека обвинението за заробувањето е несоодветно и ќе го оспори најтешкото обвинение - убиство.

Обвинителството соопшти дека Фрицл е одговорен за смртта н�� еден од близнаците кој починал кратко време по раѓањето во визбата во 1996 година. Уште додаде дека ова било убиство од небрежност, бидејќи Фрицл не успеал да обезбеди помош за бебето, чиешто тело било запалено во печка. „Тој ја затвори (Елизабет) во визбата и ја направи целосно зависна од него, принудувајќи ја на сексуален однос и третирајќи ја како негова лична сопственост“, се наведува во обвинението.

Фрицл изградил звучно изолирана визба со зајакната врата под неговиот дом во провинцискиот град Амштетен. Ако биде прогласен за виновен за убиство од страна на поротата во Сент Поелтен, во близина на Виена, би можела да му биде изречена казна доживотен затвор или затворска казна од 10 до 15 години. Неговиот адвокат изјави дека клиентот не е „сексуално чудовиште“, меѓутоа, очекува да го помине остатокот од животот зад решетки.

Ќерката на Фрицл и нејзините шест деца, три од нив биле „во затвор“ од раѓањето, сега живеат на тајна локација со нов идентитет.

Случајот излезе на виделина кога едно од трите деца кое никогаш не ја видело светлината на денот, 19-годишната Керстин, сериозно се разболе и беше однесена во болница од страна на Фрицл. Во коментарите дадени преку неговиот адвокат минатата година, Фрицл наведе дека живеел „втор живот“ во подрумски комплекс од 60 квадратни метри без прозорци, гледајќи авантуристички видеозаписи со децата и и' носел цвеќиња на Елизабет, која готвела вечера.

Елизабет пред полицијата изјави дека во почетокот од нејзиното заробување била строго контролирана. Фрицл им се заканувал дека ќе ги убие со гас ако се обидат да избегаат. Три од децата родени во визбата биле одгледани од Фрицл во станот над визбата заедно со неговата сопруга Розмари, откако излажал дека Елизабет ги напуштила. Полицијата соопшти дека Розмари не знаела за делата на својот сопруг.

Случајот излезе на виделина откако австриската тинејџерка Наташа Кампуш избега од визбата каде што цели осум години беше држана од страна на нејзиниот киднапер. (Ројтерс)

Фрицл: Уплашен сум, господине Маер

Рудолф Маер, адвокат на обвинетиот, апелираше до поротата да биде објективна и да не подлегне на емоциите. Тој инсистираше на тоа дека Фрицл „не е чудовиште“. Пред почетокот на судскиот процес, Маер изјави дека неговиот клиент бил нервозен. „Тој ми рече: ’Уплашен сум, господине Маер’“.

Обвинителниот акт на 27 страници беше прочитан од страна на државниот обвинител Кристијане Буркхајсер. Во нејзиното воведно излагање Буркхајсер го обвини Фрицл за силување на сопствената ќерка пред децата. Таа наведе дека Фрицл не разговарал со својата ќерка во првите години од заробеништвото и, наводно, во една пригода ја казнил младата жена со тоа што го прекинал снабдувањето со електрична енергија во визбата. („Гардијан“)

И за мајка си бил сатана

На почетокот од судењето, Фрицл раскажувал за своето тешко детсво, поминато со самохраната мајка, која што не го сакала и физички го малтретирала.

„Имав многу тешко детство. Мајка ми не ме сакаше. Таа имаше 42 години и едноставно не сакаше деца и поради тоа така се однесуваше кон мене и ме тепаше“, раскажа Фриц со мирен глас. Тој, кога наполнил 11 години и рекол на мајка си дека повеќе нема да го трпи малтретирањето. "Од тој момент за неа се претворив во сатана", рече Фрицл кој дополни дека не се сеќава оти некогаш бил во блиски односи со неговата мајка. И покрај тоа, таа живеела во иста куќа со него до нејзината смрт во 1980 година. (Макфакс)


Статијата е прочитана 1019 пати.

Испрати коментар

Од: Pirin
Датум: 17.03.2009 00:22:06
Frutz treba dobrovolno da pobaras da te sudat vo arabija za da si gi izbavis tvoite grevovi, malku so kamcinja da te gagaat ne tuka da se pokrivas so akatata i da cekas da pomine tvoeto sudenje koje nemas vo opste interes toa sto so go naprvail.
Од: intelekt
Датум: 17.03.2009 09:07:13
elektricen stol VEDNAS!!!!kakvo sudenje,kakvi mislenja ELEKTRICEN STOL BRE!!!!
Од: ella
Датум: 17.03.2009 10:05:29
abe kakvo sudenje,del po del da se sece i na kucinjata da se frli,ne zasluzuva ni vo zemja da go zakopaat,monstrum......cudoviste......
Од: may
Датум: 17.03.2009 16:04:47
e nema vo Germanija elektricen stol nitu dozivotno! , nego ke go stavat vo soba so Internet i Tv, i posle 5g ke si iskoci kako nisto da ne bilo , eto toa e normalno vo Germanija najgolemite zlostornici gi pustaat posto se psihicki nespremni osobi i treba da se lecat i posle radi dobro odnesuvanje ke gi pustat od zatvor i pak ke izvrsaat isto delo ... ah pusta Amerika za vakivite

Најди! во Утрински
Свет
Бомбаш-самoубиец уби 11 лица во Авганистан
Њујорк може да потоне во следните сто години
Бојко Борисов се мести за премиер на Бугарија
Ултрадесничарите во владата на Нетанјаху
Легендарната Клеопатра била половина Африканка
Левичар на чело на Салвадор
Лажни лекари убиваат легално
Ситуацијата во Пакистан се заострува
Во Венецуела нема да има руски воени бази
Љубоморен маж уби четири лица во Мајами