Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Свет

Кореја се закани со немилосрден напад

Кина почна мировна мисија за да се средат тензиите на маса, а не преку нишан

ОСТРОВ ЈЕОНПЈЕОНГ, ЈУЖНА КОРЕЈА - Кина вчера се обиде да ги смири тензиите околу неодамнешниот севернокорејски напад врз Јужна Кореја, предлагајќи вонреден состанок во Пекинг, неколку часа откако Америка и Јужна Кореја почнаа поморски воени маневри покажувајќи обединета сила. Главниот претставник на Пекинг за нуклеарна енергија побара да се одржи состанок меѓу шесте земји што се инволвирани во замрените разговори за нуклеарно разоружување на Северна Кореја, со цел да се смират страстите од артилерискиот напад на Северна Кореја минатата недела при што загинаа четири лица на јужнокорејскиот остров Јеонпјеонг. Пратеникот за нуклеарна енергија, Ву Давеи, истакна дека меѓународната заедница, особено членките на шестпартитните разговори - двете Кореи, Јапонија, Америка, Кина и Русија - се длабоко загрижени поради неодамнешните настани. Тој побара итен состанок на главните нуклеарни преговарачи во Кина во почетокот на декември.

Како и да е, не е познато дали предлогот ќе биде прифатен. Сеул и Вашингтон се против повторно почнување разговори, разоружување - за помош се' додека Пјонгјанг не покаже конкретни заложби за денуклеаризација.

Јужна Кореја реагираше претпазливо. Министерството за надворешни работи соопшти дека предлогот треба „многу внимателно да се разгледа“ и забележа дека неодамнешното откривање нов објект за збогатување на ураниум во Северна Кореја има „негативен ефект“ врз напорите за продолжување на разговорите. Објектот, кој го посетија западни научници во почетокот на месецот, би можел да сигнализира проширување на програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја.

Проблематичните односи меѓу двете Кореи, кои водеа тригодишна војна во 50-тите години, постојано се влошуваа откако конзервативната влада ја презеде власта во 2008 година со нова цврста политика спрема нуклеарно вооружената Северна Кореја.

Американски и јужнокорејски бродови вчера зазедоа позиции во Жолтото Море за четиридневните маневри. Северна Кореја изрази незадоволство поради вежбите во Жолтото Море и се закани со „немилосрдни контравоени напади“. Неколку часа претходно тропотењето од нов артилериски оган од Северна Кореја ги натера жителите, новинарите, полицијата и војската на островот на линијата на фронтот да побараат заштита. Ниту еден од проектилите не падна на островот Јеонпјеонг, но инцидентот покажа колку е напната ситуацијата. Министерството за одбрана на Јужна Кореја, истакнувајќи дека не може да ја гарантира безбедноста на новинарите, побара од медиумите да го напуштат островот и испрати брод што ќе ги пренесе. Сепак, поради лошите временски услови тие беа принудени да ја откажат евакуацијата. Околу 380 луѓе, од кои 28 жители на островот и 190 новинари, вчера останаа на островот. (АП)


#
Статијата е прочитана 878 пати.

Испрати коментар

Од: devicanecot
Датум: 29.11.2010 23:14:06
Како би рагирале САД, ако Куба и Русија, прават заеднички воени маневри во близина на Флорида?

Најди! во Утрински
Свет
Америка во класна војна
Меркел - непријател број еден за банкротираните
Орбан претера
Венецуела доби четири милијарди за оружје
Швајцарците со референдум против странците
Вилијам не ја сака круната на Чарлс
Неодолива привлечност на автономијата
Бразил почна војна со наркомафијата
Студот ја однесе првата жртва
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars