Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Свет

Орбан претера

Унгарскиот премиер систематски ги стави под контрола сите независни институции

Алармните ѕвона во Унгарија ѕвонат најгласно досега. Откако победи со двотретинско парламентарно мнозинство на изборите во април, владејачката партија Фидес систематски ги стави под контрола претходно независните институции во земјата: претседателската функција, Државниот завод за ревизија и Советот за медиумите сега се под раководство на партиски поставени луѓе. Минатата недела парламентот гласаше за значително ограничување на правото на Уставен суд буџетските прашања да ги решава со судска одлука. Владата дури сака да ги принуди инвеститорите во приватните шеми за пензионирање да се вратат во државниот систем за да се исполнат буџетските цели. Советските државјани, кои немаат дозвола да емигрираат, би можело да загубат до 70 отсто од своите пензии.

Меѓутоа, последниот потег на власта можеби е чекор предалеку. Пратеникот на партијата Фидес, Јозеф Варга, предложи закон за намалување на буџетот на Фискалниот совет - независно надзорно тело задолжено за мониторинг на буџетот, така што ефективно тој се уништува. Варга вели дека средствата треба да бидат насочени кон мерки со кои ќе се помогне интеграцијата на ромското малцинство во Унгарија. Тој немал став дали Советот треба да постои или не, но е сигурен дека неговите членови се „добро платени банкари“.

Овој чекор предизвика гнев и конфузија. Не од политичката опозиција, која е слаба и поделена, ниту од јавноста кај која владата има убедлива поддршка. Проблемот е потенцијалната дестабилизирачка порака до пазарите: Унгарија веќе ќе нема каков било веродостоен, независен домашен надзор на фискалната политика. Тоа ќе ја уништи довербата кај инвеститорите - веќе нарушена од наметнувањето на „кризните даноци“ за банките, секторите за телекомуникација, енергија и малопродажба - и би можело да предизвика намалување на вредноста на форинтата. Тоа, пак, директно ќе ги погоди џебовите на гласачите: половина од долговите на домаќинствата во Унгарија, во вредност од 26,5 милијарди долари се деноминирани во швајцарски франци.

Ентузијазмот во земјата за самопрогласениот режим на владата за „национална соработка“ може брзо исчезне кога ќе се почувствува цената на нејзината политика. Затоа инвеститорите се вознемирени. Единаесет амбасадори, кои ги претставуваат најголемите инвеститори во Унгарија, неодамна го посетија премиерот Виктор Орбан, за да разговараат за економската политика на неговата влада. Ѓорг Копиц, претседател на Фискалниот совет, изјави дека укинувањето на Советот потсетува на Венецуела и на Хуго Чавез и оти тоа ќе уништи „корисна институција и вреден интелектуален капитал“.


#
Статијата е прочитана 713 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Америка во класна војна
Меркел - непријател број еден за банкротираните
Кореја се закани со немилосрден напад
Венецуела доби четири милијарди за оружје
Швајцарците со референдум против странците
Вилијам не ја сака круната на Чарлс
Неодолива привлечност на автономијата
Бразил почна војна со наркомафијата
Студот ја однесе првата жртва
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars