Берн - Швајцарците на референдум гласаа за еден од најострите закони за странци во Европа. Според првичните резултати, предлогот странците што направиле криминал да бидат веднаш протерани од Швајцарија, добил 53 отсто гласа
Во Швајцарија има 23 отсто странци, што е меѓу највисоките стапки во Европа. Со оглед на тоа што швајцарското државјанство не се добива автоматски, многумина од т.н. имигранти живеат во земјата од своето раѓање. Но, тоа, според Патрик Фројдигер од десното крило на Швајцарската народна партија, не би требало да им обезбеди престој во Швајцарија засекогаш, доколку тие не се придржуваат до законите:
„Во Швајцарија имаме два вида странци - странци што сакаат да работат и ги почитуваат нашите закони и странци што прават криминал и не сакаат да работат“.
Швајцарската народна партија водеше тешка кампања за да обезбеди странците од втората група да ја напуштат веднаш земјата, а со тоа се согласуваат и многумина Швајцарци:
Се разбира, не сите се навистина сигурни дали предлогот за депортација се однесува само на криминалците, на странците што не се интегрираат или едноставно на сите странци генерално. Политичкиот аналитичар Георг Луц верува дека сето тоа е дел од популистичката стратегија на Швајцарската народна партија - наредната година има избори, а политика насочена против странците носи гласови:
„Овој референдум не е за комплексни правни прашања, како, на пример, како да се постапува со одредени типови странци што вршат криминални дела. Она што повеќето од луѓето сакаат да го кажат со гласањето е изјава против странците, тоа е централната мотивација“.
Странците во земјата се алармирани, се чувствуваат загрозени поради постерите на кои на одредени етнички групи им се припишуваат одредени видови криминал - Иван силува, Измир неоправдано добива социјална помош, Детлеф е педофил. Морено Косасол (31), кој во Швајцарија живее цел живот, смета дека нема начин за да се одбрани:
„Не може да се каже дека секој што не е стопроцентен Швајцарец тендира да стане криминалец, а токму тоа се мисли со вакви постери. А проблем е што странците не можат да гласаат и не можат да се одбранат. Го вперуваш прстот во нив, а тие не можат да одговорат, тоа е проблем“. (Дојче веле)
prava drzava ke mu svercat droga nekoj si ibro od tetovo i ovoj plus da mu dava detski dodatok more mars
Од: Cacko
Датум: 29.11.2010 15:00:23
Ne gi krivam svajcarcite,tuku potpolno gi razbiram.Ako veke zivees tamu,togas odnesuvajse kako niv,oblekuvajse,kako niv,pocituvaj gi zakonite isto kako sto i tie gi pocituvaat.Nemoze da se zvee vo Edna Svajcarija, da se ima civilizaciski naviki kakop onie od Anadolija.Nemoze da se zivee vo edna Svajcarija, a da se setas oblecen kako plasilo.Mislam deka i svajcarcite a i drugite narodi od z.Evropa bea prmnogu tolerantni kon strancite,no sega ednostavno im e dojdeno "preku glava".
Од: citatelka
Датум: 30.11.2010 11:27:34
Што да се очекува од фашистичка земја? Прво самите се тотално измешани, второ, кон сопствениот народ се фашисти „во ракавици“(гледав пред скоро време документарец за многу родени швајцарци кои биле од нејасни причини прогласени за неподобни од страна на државата и им биле одземани децата, а тие затворани - тоа е табу тема во Ш.), земја која се декларира за неутрална, а произведува и продава оружје на цел свет, а сета слава и сила ја црпи од банките во кои се кријат пари на најголемите криминалци од историјата на светот (нацисти, диктатори, терористи, воени профитери)...нема крај на човечката хипокризија и себичност. Но, шти друго и да се очекува од такво болно општество.