Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Свет

Бразил почна војна со наркомафијата

Рио де Жанеиро - Неколку стотици војници и полицајци од бразилските елитни единици вчера почнаа офанзива против бастионот на наркошверцерите во едно од предградијата на Рио де Жанеиро, пренесоа агенциите.

Во предградието, кое опфаќа 15 помали квартови (фавели), веќе извесно време се населени 600 наркошверцери.

Над квартовите прелетуваа воени хеликоптери и се слушаше жестока престрелка.

Властите на Рио мобилизираа вкупно 2.600 војници и полицајци, поддржани од хеликоптери, блиндирани транспортери и тенкови, во битка со шверцерите на наркотици во сиромашните предградија на градот.

Локалните власти вчера на шверцерите им поставија неколкучасовен ултиматум за да се предадат. Тие, меѓутоа, го отфрлија. Се предаде само еден - десната рака на голем наркобарон.

Целата операција за борба со наркошверцерите во Рио има цел да стави крај на бранот напади и палења автомобили што почна пред една недела. Најмалку 35 лица беа убиени од почетокот на ова насилство. (МИА)


#
Статијата е прочитана 581 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Америка во класна војна
Меркел - непријател број еден за банкротираните
Кореја се закани со немилосрден напад
Орбан претера
Венецуела доби четири милијарди за оружје
Швајцарците со референдум против странците
Вилијам не ја сака круната на Чарлс
Неодолива привлечност на автономијата
Студот ја однесе првата жртва
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars