Студот ја однесе првата жртва
Прага – Ниските температури и снежните врнежи што деновиве ја зафатија Чешка ја однесоа првата жртва, јави дописникот на МИА од Прага.
Полицијата соопшти дека во чешкиот град Брно ноќеска на улица бил пронајден 41-годишен маж за кој се претпоставува дека починал од студ.
Во овој дел од регионот температурите се движат од минус шест до нула степени Целзиусови. Метеролозите предупредија дека ноќеска Чешка ќе ја зафатат интензивни врнежи од снег и ги предупредија возачите доколку немаат потреба да не ги возат своите автомобили.(MИA)
|