Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Свет

Вилијам не ја сака круната на Чарлс

Лондон - Британското кралско семејство ги отфрли како шпекулации тврдењата дека младиот принц Вилијам би можел да биде идниот крал на Велика Британија, место неговиот татко, престолонаследникот Чарлс.

Нема никаква дилема околу тоа дали Вилијам или, пак, Чарлс ќе биде идниот британски монарх, без разлика на многу поголемата популарност во јавноста на младиот принц, поттикната сега и со свадбата со Кејт Мидлтон, на крајот од април идната година, објасни за „Сандеј телеграф“ висок функционер на кралската палата во Лондон. Според неговото објаснување, принцот Вилијам нема намера да се станува лидер на кралството пред татко му и предвреме.

Истражувањата на јавното мислење покажаа дека мнозинството Британци веруваат оти принцот Вилијам би требало да биде идниот крал, дека синот би бил подобар крал од таткото, како и дека Чарлс би требало да се повлече.

Кралското семејство, сепак, не мисли така, инсистирајќи дека младиот принц се чува внимателно од таквите шпекулации, затоа што „многу добро си го знае своето место“ во кралската куќа на која и' припаѓа. Само 15 отсто од Британците сметаат дека принцот Чарлс би бил подобро решение за иден крал. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1081 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Свет
Америка во класна војна
Меркел - непријател број еден за банкротираните
Кореја се закани со немилосрден напад
Орбан претера
Венецуела доби четири милијарди за оружје
Швајцарците со референдум против странците
Неодолива привлечност на автономијата
Бразил почна војна со наркомафијата
Студот ја однесе првата жртва
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars