Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Свет

Америка во класна војна

Годинава американските фирми заработиле профит невиден во последните шест децении, а расте сиромаштијата

Класната војна, за која никој не сака да зборува, продолжува со ненамалено темпо. Додека милиони невработени и други Американци ги затегнуваат ремените за празниците, елитата на нацијата ги светнува чевлите за танцување и се забавува како кралско семејство. Рецесиите се за малите луѓе, не за корпоративните шефови и гиганти на Волстрит, кои се срцето на американската аристократија. Како што неделава објави „Тајмс“, американските фирми заработиле профит од 1,659 илјади милијарди долари во третиот квартал годинава - највисока сума откако владата почна да води евиденција пред повеќе од шест децении.

Корпоративните „дебели мачки“ стануваат алармантно заоблени. Нивните профити се зголемуваат во последните седум квартали со стапка што е меѓу најбрзите досега, а тие едвај можат да ја скријат својата радост. Истиот ден кога „Тајмс“ го објави написот за порастот на профитите во третиот квартал, на насловната страница објави текст со наслов: „Со перчење и извадени паричници, Волстрит се осмелува да прославува“.

Секој што смета дека има нешто корисно во ова огромно раслојување меѓу богатството на американската елита и она на масите што се обидуваат да преживеат, едноставно неразумно размислува. Тоа не е добро ниту за елитата. Нема начин американската потрошувачка економија да се врати во добра состојба ако невработеноста е хронично висока, ако платите се стагнирачки, а работните места што се отвораат се слаби. Без обичните Американци да ги трошат своите заработувачки од добрите работни места, каква било надеж за значајно, долгорочно закрепнување е осудена на пропаст. Надвор од тоа, екстремната економска нееднаквост е рецепт за социјална нестабилност, а општествените конфликти метастазираат додека огорченоста зоврива и се бараат жртвени јарци. Неминовно се јавуваат демагози што се насладуваат со отровната чорба од една таква средина.

Вистински пример на потенцијал за реален конфликт се појави во градот Њујорк, каде што мултимилијардерскиот градоначалник Мајкл Блумберг избра сјаен пример од американската аристократија за градски канцелар на училиштата. Кетлин Блек, претседателка на списанијата „Херст“, има углед на извонреден корпоративен извршен претставник, но апсолутно никаков бекграунд во образованието. Блек патува во ретките средини на многу богатите луѓе. Нејзините деца посетуваа приватни училишта. Таа поседува апартман на Парк авенија и куќа од четири милиони долари во Саутемптон. Таа можеше да му ја зајми „Булгари“ белегијата од 47.600 долари на еден музеј за изложбата на која беа прикажани ситници на најуспешните жени од градот.

Блек ќе гледа преку речиси непремостливиот јаз меѓу неа и мошне сиромашните родители и ученици од работничката класа, на кои се очекува да им служи. Уште полошо, најавувајќи ја Блек како „менаџерка суперѕвезда“ Блумберг јасно стави до знаење дека поради недостатоците во буџетот таа ќе биде фокусирана на менаџирањето на намалувањата во училишниот систем.

Така милијардерот и милионерката им кажуваат на сиромашните и на луѓето што преживуваат - малите луѓе - дека тие едноставно ќе треба да поминуваат со помалку. Екстремната нееднаквост веќе значително придонесува во политичката и другите форми на поларизација во Америка. Тоа е голема сила што ја поткопува идејата дека ние како граѓани треба да се обидеме да се соочиме со проблемите на нацијата, економски и други, на разумно обединет начин. Кога толку многу луѓе паѓаат кон дното, тенденцијата е меѓусебна борба за се' поретките ресурси. Аристократите требаше да бидат анатема за Американците. Сега, кога поголем дел од остатокот на нацијата страда, тие се единствени што можат да си дозволат да се насмеат. (Њујорк тајмс)


#
Статијата е прочитана 1195 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Меркел - непријател број еден за банкротираните
Кореја се закани со немилосрден напад
Орбан претера
Венецуела доби четири милијарди за оружје
Швајцарците со референдум против странците
Вилијам не ја сака круната на Чарлс
Неодолива привлечност на автономијата
Бразил почна војна со наркомафијата
Студот ја однесе првата жртва
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars