Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Спорт

Фудбалски вести

Диего го извади Вердер, Зенит со предност во Штутгарт

Со голот на Бразилецот Диего во 84 минута Вердер извлече нерешени 1:1 против Милан во првиот меч од шеснаесетфиналето од Купот на УЕФА. Довчерашните учесници во Лигата на шампионите одиграа одличен натпревар, но од бројните шанси на двете страни искористени беа само две.

По украдената топка и одличниот продор Фламини центрираше кон Инзаги, а овој како што самиот знае ја прати топката во мрежата на Германците. Инзаги имаше добра шанса и во вториот дел, но не успеа да ја реализира. Домаќините, сепак, до крајот успеаја да ја продолжат низата без пораз на свој терен против италијанските клубови. Вердер во последните седум мечеви на свој терен не загуби од клубовите од Апенините, додека на Милан му останува фактот дека не е поразен во Германија од 2002 година и дебаклот во Дортмунд.

Бранителот на титулата во Купот на УЕФА, Зенит, успеа да слави на свој терен над Штутгарт 2:1, па го очекува тежок реванш. Мечот почна одлично за Зенит, кој поведе по само 120 секунди игра преку довчерашниот член на Хановер Хушти. Еден од најдобрите унгарски фудбалери одлично реагираше на волејот на Шемшов, па Јенс Леман немаше многу шанси да го спаси својот гол. Но само 13 минути подоцна Гомеш го постигна својот шести погодок сезона во Купот на УЕФА. Мечот беше одлучен во третата минута од продолжението на првиот дел, кога на асистенција на Дани идниот фудбалер на Баерн, Тимошчук, силно б��еше од ивицата на шеснаесетникот, гаќајќи го десниот агол на Леман. Зенит со оваа победа ја прекина црната серија од три порази по ред во Европа.

Резулатати од првите мечеви од шеснаесетфиналето во Купот на УЕФА: Динамо Киев - Валенсија 1:1, Зенит - Штутгарт 2:1, Олимпијакос - Сент Етјен 1:3, Астон Вила - ЦСКА Москва 1:1, Вердер - Милан 1:1, Бордо - Галатасарај 0:0, НЕЦ - Хамбургер 0:3, ПСЖ - Волфсбург 2:0, Сампдорија - Металист 0:1, Алборг - Депортиво 3:0, Брага - Стандард 3:0.

Мурињо: Не се плашам од Манчестер јунајтед!

Тренерот на Интер Жозе Мурињо изјави дека има голема доверба во својата екипа во пресрет на дуелот од Лигата на шампионите со Манчестер јунајтед наредната недела. Португалскиот стручњак перфектно ги познава „бебињата“ а има неверојатен скор со легендарниот тренер на Јунајтед, Алекс Фергусон. За три сезони помината на „Стемфорд Броџ“ два пати ја освојуваше Премиерлигата.

„Во неколку наврати сум го победувал Манчестер и одлично знам што можат да одиграат. Имаме доволно време да се подготвиме за мечот со нив. Не се плашиме од Манчестер и знаеме дека може да ги победиме“, вели Мурињо и додадава: „Глупаво е ад се зборува колку силен тим е тоа, но подготвени сме да се судриме со првакот на Европа. Се' уште немам одлучено дали ќе играме како против Милан, бидејќи Фергусон има друг пристап на играта“.

Инаку, победата над Милан го зацврсти Интер на водечката позиција на табелата и сега има девет бода предност во однос на второпласираниот Јувентус, додека Манчестер, исто така, игра во врна форма и има пет бода предност во однос на Ливерпул.

„Најубави натпревари се оние против силните тимови, а во овие моменти Јунајтед е еден од нив. Тоа е посебен тим, но пак ќе кажам мојот Интер е искусен и доволно квалитетен за секого“, потенцира Мурињо.

Руни се врати со гол против Фулам



Шампионот Манчестер јунајтед во заостантиот меч со Фулам оствари лесна победа (3:0) со кој отиде на плус пет бода во однос на вториот Ливерпул. Фергусон беше пресреќен поради победата, но и поради успешното враќање на рехабилитираниот Вејн Руни, кој го постигна последниот гол во 63 минута. Првите два беа дело на Сколс во 12 и на Бербатов во 30 минута.

Сколари не смее да работи во англија до крајот на сезоната



Според англиските медиуми довчерашниот тренер на Челзи Луис Фелипе Сколари имал посебна клаузула во договорот со клубот според која не смее да преземе друг клуб до крајот на тековната сезона, во случај на прекин на соработката. Сколари отказ доби по само седум месеци работа, а за тоа доби отштета од 7,5 милиони фунти. Според тоа тој нема да може да го преземе Манчестер Сити, иако имаше шпекулации дека работата е веќе завршена.

Блиски извори до Сколари кажуваат дека тој сака да остане во Англија да го усоврши јазикот и да се докаже во некој од тамошните клубови бидејќи бил понижен со отказот и повреден бидејќи не добил ниту шанса ниту да се поздрави со играчите.

Почнува продажбата на влезници за СП во Јужна Африка

 

Иако, до почетокот на СП во Јужна Африка остануваат помалку од 500 дена, продажбата на влезници почнува веќе оваа недела. На располагање се почетните 740.000 влезници.

ФИФА објави дека по пат на интернет речиси четвртина од влезниците ќе ги пушти денеска. Понудата ќе трае 20 дена, поточно до 15 март, кога ќе биде одлучено кој е добитник на вредното парче хартија.

Оваа фаза од продажбата на влезници за СП во Германија привлече дури 20 милиони пријави, но сега помалку атрактивната локација и финансиската криза ширум светот речиси ја исклучуваат можноста тоа да се повтори. Ако бројот на пријави ја надмине бројката на влезници за добитниците ќе одлучи ждрепката.

За натпреварите по групи најефтината влезница ќе чини 20 долари, а најефтината за финалето ќе чини 150 долари.

Барселона дава 23 милиони евра за Адебајор



Барселона е подготвена да плати 23 милиони евра за напаѓачот на Арсенал Емануел Адебајор, пишуваат англиските медиуми. Во нив се тврди дека Арсенал ќе ја прифати понудата, но веќе работи на доведување на Хунтелар од Реал Мадрид, кој е незадоволен од третманот во „кралскиот клуб“. Хунтелар дојде во Мадрид од Ајакс во јануари за 20 милиони евра, а сега, наводно, Реал М. би го продал за 17.

Камени: Сакам кога ми викаат дека сум црнчиште



Голманот на Еспањол, Карлос Камени, се подготвува за дербито со Барселона и средбата со пријателот и сонародник Самуел Ето. Камерунецот најави дека неговиот тим не се плаши и ќе оди на победа во Барселона.

„Ниту еден тим не е непобедлив, таков нема на светот. Ја видовте ли Барса против Бетис. Губеше со 2:0 и беше пред пораз“, вели Камени, кој тврди дека навредливите зборови кои доѓаат од публиката не го демотивираат, туку напротив му даваат поголем стимул: „Кога ќе истрчаш на противничкиот терен и ќе ги слушнеш навредите, само посилно се мотивираш. И кога ми викаат сум црнчиште е така. Горд сум на тоа што сум“, потенцира Камени.

Новиот дом на Јувентус реплика на „Бонбониера“

Моментно е во подготовка изградбата на новиот стадион на Јувентус, кој треба да биде свечено отворен 2011 година. Покрај луксузните простории, ресторани, разни дуќани, фитнес центар и останати пропратни случувања, новиот стадион на Јуве би требало со изгледот потполно да потсетува на аргентинската „Бонбониера“, легендарниот стадион на Бока јуниорс. Така барем наведува Франческо Осола, првиот човек на овој проект.

„Да, „Бонбониера“ ни беше инсирација. Секако дека во модернизмот ќе отидеме неколку чекори напред“, навести Франческо.


Статијата е прочитана 463 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
„Вирџин“ доби рок до крајот на месецов за да ја купи Хонда
Прогласување на најдобри во одбојка за 2008 година
Трифун Костовски бара нови правила за „игра“
Дојчиновски закрепнува од тешката операција во Белград
Топалов поведе против Камски
Светски рекорд на Дефар на 5.000 м во сала
Ѓорче Петров и Поповиќ се разделија
Македонија во вториот шешир во ждрепката за ЕП
Чендлер разменет, па вратен во Њу Орлеанс