Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Спорт

Македонија во вториот шешир во ждрепката за ЕП

Извлекувањето на групите е на 24 март, а еврошампионатот за ракометарки в година

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе биде во вториот по квалитет од вкупно четири шешири од кои на 24 март во Виена ќе бидат извлечени седум квалификациски групи за 9. Европско првенство што ќе се одржи од 9 до 19 декември 2010 година во Данска и во Норвешка. Шеширите се формирани врз основа на ЕХФ-ранкингот, на кој Македонија е десетта со 208 бода собрани од трите последни големи натпреварувања, и тоа 96 бода од ЕП 2008 на кое беше седма, 56 од СП 2007 на кое го освои 12. место, пласман и бодови освоени и на ЕП 2006. Во истиот шешир со Македонија се и Шведска, Полска, Украина, Австрија, Србија и Белорусија, кои ќе ги избегне како ривали во групата.

Носители на групите ќе бидат Русија, Германија, Шпанија, Унгарија, Франција, Хрватска и Романија. Третиот шешир ќе го сочинуваат Холандија, Словенија, Португалија, Турција, Словачка, Чешка и Исланд. Во четвртиот се Литванија, Италија, Црна Гора, Бугарија, Швајцарија и двете најдобри селекции од претквалификациите, во кои ќе учествуваат Азербејџан, Грција, Финска и Велика Британија.

Покрај соорганизаторите Данска и Норвешка, кои беа содомаќини и на мундијалот во 1999 година, настап на ЕП ќе изборат двете првопласирани репрезентации од секоја од седумте квалификациски групи, во кои ќе се игра по принципот секој со секого дома и на гости. Првото и второто коло треба да се одиграат од 14 до 18 октомври годинава, третото и четвртото од 31 март до 4 април 2010 и двете последни рунди од 26 до 30 мај 2010.


Статијата е прочитана 359 пати.

Испрати коментар

Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 20.02.2009 18:32:41
Dobro bre luge, ste slusnale li za shapka! Zarem nekoj od vas bil nekogas na Popov Sheshir. Sheshir e cist srpski zbor i ne postoi vo makedonskiot jazik. Nemam nisto protiv zborot sheshir, no morame da go neguvame nashiot jazik. Sovetuvajte se pocesto so vasite lektori. Pozdrav.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
„Вирџин“ доби рок до крајот на месецов за да ја купи Хонда
Прогласување на најдобри во одбојка за 2008 година
Трифун Костовски бара нови правила за „игра“
Дојчиновски закрепнува од тешката операција во Белград
Топалов поведе против Камски
Фудбалски вести
Светски рекорд на Дефар на 5.000 м во сала
Ѓорче Петров и Поповиќ се разделија
Чендлер разменет, па вратен во Њу Орлеанс