Трифун Костовски бара нови правила за „игра“ во Вардар
Тој упати ултиматум до Поповиќ и побара писмена потврда од Камчев и „Комитите“ за отстапување од Собранието
Сашко Ѓ. Димовски
Трифун Костовски и дефинитивно ќе остане во Вардар до крајот на сезоната, а не е исклучена можноста да биде дел од „црвено-црните“ и во следните. Но, и за едната опција и за другата потребно е да се исполнат одредени услови, да се прецизираат нови правила за игра. Затоа скопскиот градоначалник најпрво упати ултиматум до српскиот бизнисмен, Мишо Поповиќ, а од колективните членови на Собранието на Вардар (Орце Камчев и Комити) и ФФМ побара редефинирање на условите за игра.
„Ако мисли да го земе Вардар тоа да го стори веднаш со тоа што ќе достави проект за управување во клубот. Сакам да видам што планира да прави и да видам да легнат пари на сметка. Во спротивно ништо. Од искуството во Македонија досега научив дека треба да верувам само во она што ќе го видам. На зборови повеќе не верувам никому“, порача екс претседателот на „црвено-црните“, Трифун Костовски, но притоа истакна дека е навреден од односот кон него на поединци и кругови:
„Работам и живеам во Македонија, а притоа се чувствувам како човек од втора категорија. Кога го преземавме клубот стекнавме само просто мнозинство во Собранието. Добивме 15 делегати, Камчев и Комитите по 7. За Поповиќ се работеше да добие стоотстотна контрола на Собранието. Но, информациите за него не ��е такви какви што некој сака да ги прикаже. Човекот што се најавуваше како голем спонзор и спасител на клубот, човекот што беше пречекан со песни и тапани, не го реализира она што го говореше дека ќе го стори“.
Костовски најави започнување на разговори со фудбалерите и редефинирање на договорите со нив и подмирување на долгот кон нив што настана во изминатиот период. Неофицијално дознаваме дека платите ќе им бидат намалени за 40 отсто согласно амбициите на екипата во пролетниот дел од првенството. А, во него вардарци ќе влезат со дијаметрално спротивни цели од оние со кои ја стартуваа сезоната. Ако тогаш се најавуваше атак на двојната круна, сега приоритет е зачувување на прволигашкиот статус. Вардар ќе се обиде да го стори тоа со преостанатите фудбалери кон кои ќе се придодат шест-седум играчи од младинската школа. Тренер на „црвено-црните“ пролетва ќе биде Жикица Тасевски.
„За да останеме во Вардар и по завршување на оваа сезона бараме целосна контрола на Собранието. Пролетва ќе останеме, но за понатаму не се знае. Ќе бараме писмена потврда на останатите два колективни членови за доброволно отстапување од Собранието на клубот“, изјави Костовски.
Тој упати прашање и до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) чија е одлука за случајот Васоски е чудна бидејќи е донесена во време кога семејството Костовски го презема Вардар. Затоа апелира до ФФМ да ја поништи одлуката или, пак, да ја стави во мирување се додека не се создадат подобри услови.
„Нема да му исплатам ниту цент на Драган Томовски“, дециден е Костовски, а за тоа што Вардар е под суспензија тој дополни
„Ако суспензијата не биде симната тогаш Вардар нека го водат ФФМ и Комитите“
И навивачите на „црвено-црните“ беа на дневен ред на вчерашната прес конференција.
„Такви навивачи не сакам. И да останеме во Вардар такви не ми требаат. Замислете како може фудбалерите на Вардар да бидат мета на сопствените навивачи. Играчите беа гаѓани од трибините на стадионот во Кичево дури и кога Вардар водеше со 1:0. Тоа е незамисливо“, вели Костовски и додаде:
„Бев вџашен кога дознав дека Комитите добивале одредена сума пари за џепарлак и за да навиваат за Вардар. Кај се видело во светот навивачи да земаат пари за да го бодрат својот клуб“.
Во контекст на тоа се надоврза и Дејан Чекаров, технички директор на Вардар.
„Останавме доследни и не дозволивме ниту еден играч да си замине, иако бевме под голем притисок, со цел новото раководство да може да разговара со секој од нив поединечно. Документи им дадовме само на Милисављевиќ, Ковачевиќ и Станишиќ и тоа поради закани по нивната лична безбедност од дел од навивачите“, посочи Чекаров.
За настанатата ситуација во Вардар се огласи и новиот претседател, Бојан Захариев. Тој истакна дека не му е сеедно што неговото име беше дел од хаосот во клубот, но како што вели се е школо во животот.
„Можам да кажам дека инцидентот на Мишо Поповиќ во канцеларијата на Трифун Костовски беше вовед во неговата несериозност и сомнителност во намерите. Во секој случај не вреди да се полемизира за човек што не држи до себе“, рече Захариев.
Kako ne ti e sram covece..Znam deka nieden komantar,niedna kritika nema da te trogne,zatoa sto ti si covek sto nema svoe jas,nema etika,nema moral..Tolku li premnogu "rikna" na svetskite berzi pa ti dojde do za tebe "smesni" 300000 e. koi sto sekako si gi vlozil pred 13 godini ??? I dosta go spomenuvas toj napad na "Straza" i dosta se vadis so toa deka "Komiti" se krivi za nastanata situacija..Te pamtam koga posle sobranieto vo "Eurostandard" sedese so nas,istite tie "Komiti" sto sega gi plukas i rece,citiram: DECKI,JAS NE SAKAM DA POBEDUVAME,JAS SAKAM DA GAZIME...Ako za tebe 11 kola X (namesteni ili ne,ne znam) se GAZENJE,togas ili ti si lud,ili nie ne sme normalni ako poveruvame u toa.Patem,navivacite gi napadnaa igracite na Lazio za eden sramen poraz od 1:4 doma,pa ne vidov deka klupskoto rakovodstvo izbega od klubot...I ne se pravi zaprepasten od toa sto si daval pari na "Komiti" koga toa bese vo dogovorot od 10 tocki pod koi trebase da go prezemes klubot. EDEN E VARDAR !!!
Од: Nikola
Датум: 20.02.2009 06:59:45
Невидена лакрдија и лицемерие. Вината за сопствената неспособност Костовски ја префрла на сите, само не на себе. Најавуваше европски Вардар, а денес ни најавува борба за опстанок. Изјавува ако не најдам сериозен финансиер не го давам Вардар, како тоа не го дава, ако не може сам да одлучува? Врв на манипулациите е дека ниту еден играч не го напуштил клубот. Што да се каже за жал на Вардар му нема спас.
Од: pance
Датум: 20.02.2009 07:33:11
Konacno se osvestuvas gosp Kostovski.Kade se videlo nekoj samo da dava pari ( vie ) a drug da go vodi klubot.Istata greska ja napravi i so Kometal,rak.klub pa vide i samiot kako zavrsuva.Otvorisi gi ocite da ne ti gi otvorat Vasite prijateli,pa zarem do sega ne nauci so iskustvoto zivotno sto go imas ,deka pari ne se davaat ako istite i ne se oploduvaat.
Од: Навивач
Датум: 20.02.2009 09:34:18
Ги оплоди тој парите убаво, не се секирајте во никој случај не е зијан.Но во право е дека сега новиот треба да му плати отстапнина(рекет) како што го плати тој. Борбата е за висината на рекетот и ништо друго.Па ако е Србин новиов претендент треба и да плати,не паѓаме во несвест само на српско презиме.А што се однесува до т.н.навивачи задолжително да се протераат. Целото нивно раководство е составено од полициски тастери, кои за возврат можат да прават насилства неказнето.Се се тоа бараби невработени и неписмени кои живеаат од уличен рекет на овој или оној начин.И Трифун и Орце им ја знаат точката на топење која им е многу ниска согласно нивниот IQ па така и ги работат.
Од: tale
Датум: 20.02.2009 11:17:51
Fala bogu Trifun sto javno progovori za tie t.n.navivaci Komiti.Toa se edni hohstapleri,huligani,nekoi i narkomani koi zadskrieni niz plastot deka go sakaat Vardar vsusnost go gledaat niz prizma za polnenje na sopstveniot djeb.Barale 3000 evra mesecno.Pazi, bogati.Kaj se videlo luge koi nemaat dadeno denar za klubot,ustvari zemale od nego,da odlucuvaat vo ime na Vardar.Kako moze eden Zuti so svoite potrckovci cel zivot da se pretstavuva za vodja nebare toa e firma na tatko mu.So eden zbor bravo Trifune.
Од: Irina
Датум: 20.02.2009 11:59:30
Trifune ti pomina vremeto...
Од: snajper
Датум: 20.02.2009 12:29:31
abe toj trifun neka priznae deka nema pari za klub kako sto e vardar. toj nema niza gjorce u rakomet a ne za vardar neka priznae deka nemoze i ne znae da vodi takov klub. a ne dagi krivi komiti deka tie se krivi kako prav gazda na klub treba da vodi smetka za se a ne gi napadnale igracite i ajde cao. sto da kaze lolito od lacio sekoja vtora utakmica navivacite gi napagjaat igracite na trening u kamp pa ovoj nego ostava lacio samo tolku a ako nese komiti na stadion ke ima samo 50 lugje on i negovata lopovska banda. pozdrav od komiti-topansko pole