Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Спорт

Ѓорче Петров и Поповиќ се разделија

Портјанко замина во турски Ускудар, на тимот приклучени две голманки од Еуростандард Ѓ.П.

Роберт Димитриевски

Десното крило Јелена Поповиќ (24) повеќе не е ракометарка на Ѓорче Петров. Репрезентативката на Србија вчера побара и доби раскин на договорот и клубот нема да бара отштета со оглед на тоа дека и' должи четири плати. Таа се' уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата, а во Скопје дојде пред две години од српскиот прволигаш Наиса од Ниш. Во минатата сезона постигна 19 гола за македонскиот првак во Лигата на шампионите, а во тековната сезона даде 27 погодока во ЛШ и два во првиот натпревар со Баер Леверкузен во Купот на куп-победниците. Во реваншот во саботата во „Кале“ се повреди во првото полувреме и не се впиша во листата на стрелците.

Европскиот клупски првак од 2002 година и вицешампион од 2000 и од 2005 прва го напушти Украинката со македонски пасош Јулија Портјанко, која до крајот на сезоната ќе игра за турски Ускудар од Истанбул, каде што соиграч и' е колешката од македонската репрезентација Билјана Црвенкоска. Портјанко изрази подготвеност да се врати во Македонија уште во јуни ако дотогаш се најде стабилен спонзор на најтрофејниот ракометен колектив во државава, кој ќе има и европски амбиции.

Статус-кво е ситуацијата со Бразилката Едуарда Аморим. Интерес за неа пројави унгарски Ѓер, но засега нема ништо од евентуалниот трансфер.

Затоа, пак, екипата остана и без ��ториот голман, репрезентативката Веселинка Треноска, која е бремена. На нејзино место кооптирани се Крстевска и Златевска од Еуростандард ЃП.

Сезоната сигурно ќе ја довршат во Ѓорче Петров тренерот Владимир Глигоров, капитенот Драгана Пецевска, пикерите Нашата Младеновска и Ленче Илкова, бековите Мирјета Бајрамовска и сестрите Елена и Душица Ѓорѓиевска, како и крилата Симона Николовска и Ива Стојковска. Тоа не може да се тврди за плејмејкерот Драгица Кресоја, за голманката Ана Крижанац, за пикерот Сандра Бошњак и за бекот Ана Аморим, иако тие и понатаму се дел од тимот.

Која од набројаните ќе продолжи да ги брани боите на Ѓорче Петров ќе се види веќе в недела против Металург во Автокоманда на стартот од пролетниот дел во Скопско Суперлига.


Статијата е прочитана 631 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
„Вирџин“ доби рок до крајот на месецов за да ја купи Хонда
Прогласување на најдобри во одбојка за 2008 година
Трифун Костовски бара нови правила за „игра“
Дојчиновски закрепнува од тешката операција во Белград
Топалов поведе против Камски
Фудбалски вести
Светски рекорд на Дефар на 5.000 м во сала
Македонија во вториот шешир во ждрепката за ЕП
Чендлер разменет, па вратен во Њу Орлеанс