Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Спорт

„Вирџин“ доби рок до крајот на месецов за да ја купи Хонда

„Вирџин груп“ на сер Ричард Бренсон доби рок до крајот на овој месец да реши дали ќе го купи Ф1-тимот на „Хонда“ или јапонскиот производител на автомобили ќе ја затвори фабриката. „Хонда“ во средата потврди дека „Вирџин“ е еден од потенцијалните купувачи.

„Преговараме со неколкумина купувачи и еден од нив е ’Вирџин груп‘“, изјави портпаролот на „Хонда“ за Би-Би-Си.

Весникот „Дејли мејл“ тврди дека „’Хонда‘ инсистира на договор до крајот на месецов, во спротивно ќе го спроведе својот план за затворање на фабриката во Нортемптоншир“. Ако се случи тоа, тогаш повеќе од 700 луѓе ќе останат без работа, вклучувајќи ги и возачите Џенсон Батон и надежта на тимот Бруно Сена.

Гласиштата што кружат додаваат дека „Хонда“, сепак, има намера да ги задржи тимот и фабриката, па дури и предложила да му помогне на евентуалниот купувач со сопствен удел од 40 милиони фунти, оставајќи му на „Вирџин“ или на кој и да е друг да обезбеди уште 80 милиони со кои тимот би бил сигурен дека ќе ја истурка сезоната.

Извршниот шеф за операции во Хонда Рејсинг Ф1, Ник Фрај, и тимскиот шеф Рос Браун, наводно, заедно дале понуда за менаџерски откуп на тимот, се очекува да останат дури и ако „Вирџин“ ја преземе контролата. Фрај, сепак, би можел да отпадне имајќи предвид дека не стои најдобро со клучниот сојузник на Бренсон, Едриен Рејнард, соосновач на тимот на БАР кој подоцна стана Хонда.


Статијата е прочитана 161 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Прогласување на најдобри во одбојка за 2008 година
Трифун Костовски бара нови правила за „игра“
Дојчиновски закрепнува од тешката операција во Белград
Топалов поведе против Камски
Фудбалски вести
Светски рекорд на Дефар на 5.000 м во сала
Ѓорче Петров и Поповиќ се разделија
Македонија во вториот шешир во ждрепката за ЕП
Чендлер разменет, па вратен во Њу Орлеанс