Прогласување на најдобри во одбојка за 2008 година
Николина Ќурчиева од Форца Волеј и Вук Карановиќ од Работнички Ферппед ги понесоа признанијата за најдобри во одбојкарскиот спорт во Македонија во 2008 година. Во конкуренција кај девојките беа уште и клупските колешки на Ѓурчиева, Сандра Ѓошева и Власта Ружиновска, додека ривали на Карановиќ беа соиграчот Благој Гинов и членот на Џио Струмица, Кирил Семенковски.
За најдобра македонска одбојкарка во странство беше прогласена Сања Алексовска која настапува во Фамила Киери во италијанската Серија А, наш најдобар интернационалец, Никола Ѓоргиев од Раднички Крагуевац |