Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Спорт

Дојчиновски закрепнува од тешката операција во Белград

Познатиот фудбалер и тренер се чувствува добро и веќе почна со рехабилитација

Миодраг Мицковиќ

Кирил Дојчиновски, еден од легендите на македонскиот фудбал, се чувствува добро по тешката операција на една приватна клиника во Белград каде по компликациите по мозочниот удар што го доживеа пред нова година, му беше ампутирана левата нога до над колено. Белградските лекари направија се' за да му го спасат животот на Дојчиновски бидејќи неговата состојба беше мошне критична кога беше примен на клиниката.

Но, кризата мина, Дојчиновски, со кого вчера телефонски разговаравме се чувствува многу подобро од утре ќе почне и со вежби во специјалниот рехабилитационен центар на Бањица и, како што рече самиот, очекува дека се' ќе биде во најдобар ред и дека за 20-тина дена ќе се врати во Скопје на натамошно лекување и рехабилитација.

- По се' она што го преживеав последните неполни два месеца, по мозочниот удар и тешката операција, успеав да се соземам бидејќи сето тоа беше за мене голем психички шок. Не беше лесно тоа да се издржи, но благодарејќи на лекарите и поддршката на голем број мои пријатели кои речиси секојдневно се јавуваа и ме храбреа, сега многу подобро се чувствувам. Животот за мене продолжува понатаму, што друго да кажам.

Во моментот кога телефонски разговаравме со Дојчиновски, кај него во болница беа во посета неговите поранешни колеги од Црвена зв��зда, Аќимовиќ и Кривокуќа, нема ден а да не го посетат поранешните играчи на Партизан, ОФК Београд, Рад..., јасно и од Црвена звезда. Пред неколку дена го посети и му посака побрзо оздравување и Драган Џаиќ со кого имаат одиграно многу натпревари во „црвено-белиот“ дрес на Црвена звезда.

Интересно е да се напише дека Кирил Дојчиновски доби и факс со порака од Фудбалската федерација на Хондурас каде требаше да замине пред Нова година и да ја преземе должноста селектор на оваа држава.

„Ви посакуваме што побрзо да се опоравиш од тешката операција и би сакале да бидеш наш гостин кога за тоа ќе имаш можност. Вратите на нашата репрезентација секогаш ти се отворени“.

Интересно беше и пораката на Кирил Дојчиновски што му беше испратена преку интернет страницата на „Утрински весник“ со која неговите поранешни колеги од Црвена звезда, Драган Стојковиќ-Пикси и Бошко Ѓуровски, читајќи ги текстовите за неговата тешка операција му посакаа што побрзо да заздрави.

- Легендо, и во далечната Јапонија, во Нагоја, со мислите сме кон тебе, многу те поздравуваме и да се видиме летово во Скопје. Среќни сме што го издржа овој најтежок натпревар во твојот живот.


Статијата е прочитана 543 пати.

Испрати коментар

Од: igor-bt
Датум: 20.02.2009 00:21:06
Kiril Dojcinovski, prv pat pod negovo vodstvo Pelister izleze vo fudbalska Evropa !!! Napred LEGENDO

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
„Вирџин“ доби рок до крајот на месецов за да ја купи Хонда
Прогласување на најдобри во одбојка за 2008 година
Трифун Костовски бара нови правила за „игра“
Топалов поведе против Камски
Фудбалски вести
Светски рекорд на Дефар на 5.000 м во сала
Ѓорче Петров и Поповиќ се разделија
Македонија во вториот шешир во ждрепката за ЕП
Чендлер разменет, па вратен во Њу Орлеанс