Број 3047  вторник, 28 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Којзнае што јадеме?

Александрија Стевковска

Непакуван, бел наместо црн леб, расипано месо, риба, сувомеснати производи, пијалаци и млеко со поминат рок, зеленчук преполн со хемикалии, се производи кои секојдневно можат да се најдат на пазарот. За нив потрошувачите плаќаат регуларни цени, а единствено што добиваат е најбезобѕирна манипулација и закана за здравјето. Токму затоа не е премногу прашањето, каква храна, всушност, јадеме и дали постои можност да се заштитиме? Колкумина од нас можат да бидат сигурни дека консумираат, ако не многу квалитетна, барем безбедна храна? Од ситуацијата на терен е повеќе од очигледно дека никој од нас не е сигурен во ништо, ниту што купува, ниту што јаде. Според насоките на институциите, вистински пат по кој треба да се движиме за да се храниме добро е изборот на намирници да се прави во поголемите маркети, бидејќи тие гарантирале сигурност. Последните информации фрлаат сомневање за исправноста на храната дури и кај нив, бидејќи тие секогаш не ја следат трагата од каде што нешто се набавува и со каков квалитет е тоа, па нудат производи со поминат рок, небезбедни, расипани.

Варијантите на измама на граѓаните се различни, но она што е заедничко за нив е дека храната ја консумираме сите ние и оти токму таа може да има и фатални последици за некого. А можностите некој да заработи на сметка на нашето здравје се големи, почнувајќи од лебот кој често се продава неспакуван, има боење на белиот леб за да добие на цена, па се' до храна што е фрлана на буниште, но со снаодливоста на некои измамници го наоѓа патот до трпезите. Изгледа дека здравјето станува поевтино од се', па со него може да игра кој колку сака. Кај нас веќе не станува збор дали добро ја избираме храната! Повеќе од сигурно е дека изборот во наше име го прави некој профитер, кому не му е важно каква болест ќе навлечат граѓаните од јадењето расипана храна. Намалувањето на стандардот, пак, си го прави своето, па во потрагата по поевтина храна луѓето можеби и не обрнуваат големо внимание на нејзината безбедност. Тоа, од друга страна, не треба да биде изговор и параван за продавање расипана храна и храна под секаков безбедносен критериум.

Вакви измами не се ништо ново, барем за овој пазар, но проблем е што се мислеше дека злоупотребата со храна може да се намали, со нови законски прописи, со нови инспектори, но, по се' изгледа, профитот е најважен и постојано е на врв на топ-листата на измамниците. Но, дури и да можат да се оправдаат нивните мотиви, кој може да ги оправда мотивите на одговорните институции што ги затвораат очите пред ваквите случувања. Од една страна, се толерираат вакви манипулации со храна, а од друга страна, пак, велиме дека се стремиме кон ЕУ, заедница чиј приоритет е здрава и безбедна храна. Зарем Европа ќе не' прими со смрдлива риба, расипани копани и фалсификуван диетален леб?

Дилеми, во врска со храната што ја јадеме, има многу, но едно е сигурно, земјава е далеку од почитувањето на стандардите за безбедна храна и се' додека се случуваат скандали поврзани со храната, а насочени кон изигрување на потрошувачите, всушност, тоа сме сите ние, не ни се пишува добро.

Доколку нашиот безбедносен систем беше в ред, немаше секојдневно да не' пресретнуваат распослани копани, риба и месо на картони по пазарите, ниту, пак, непакуван леб по продавниците, кој пред нас го притискал и фаќал којзнае кој! Апели до производителите, трговците, но и до инспекциите да се занимаваат со безбедноста на храната што им се нуди на граѓаните, се упатуваат одамна, но освен контроли кога ќе се дознае за случај како неколкумина кога од „Дрисла“ се земало и се продавало расипано месо, други контроли речиси и нема. Инспекциите се „вадат“ на тоа дека тие се малубројни и тешко постигнуваат се да контролираат. Токму затоа тие работат по пријава, што значи дека ако нема контрола на пазарот тоа е по вина на потрошувачите, бидејќи тие не биле доволно ангажирани да се јавуваат во инспекции, во ситуација кога манипулациите се видливи, доколку некој од службите излезе на пазар и го види менито со храната што таму се нуди.


#
Статијата е прочитана 1186 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Граѓаните не спијат ако имаат долгови
ЕУ ги пегла односите со Македонија
Зденко
На „Дрисла“ се уништувале отпадоци од риба?
Исцедено здравство
Лустрацијата почнува од државниот врв
Претопло српско лето
Една година Влада- поблизу до ЕУ, подалеку од НАТО
Анонимен Чех донира прстен од 12 век
Мајката на Обама позирала гола во 50-тите години
Малата Ангела ќе ја бара и Интерпол
Цементни миленичиња
Verbatim
Саркози застана на нозе