Број 3047  вторник, 28 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Лустрацијата почнува од државниот врв

Претседателот, спикерот и премиерот први ќе даваат изјави дека не биле кодоши

Оливера Војновска

По многу колебања и недоумици, на 1 септември, конечно, почнува процесот на лустрација, што премиерно ќе се тестира на највисоките државни функционери. Првите изјави за тоа дека не биле соработници на тајната полиција, наредбодавци или корисници на информациите ќе ги дава државниот врв: претседателот Ѓорге Иванов, спикерот Трајко Велјаноски и премиерот Никола Груевски. Според јавниот оглас, вакви изјави во периодот од 1 до 30 септември ќе треба да достават и пратениците, министрите и градоначалниците.

Иако нема прецизна евиденција, се смета дека со Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција ќе бидат проверувани вкупно околу 3.000 актуелни функционери на државно и на локално ниво. Допрва ќе се види во колкав обем ќе биде „прочистувањето на општеството“ од луѓето за кои ќе се докаже дека имале гревови во минатото.

Извесно е дека спроведувањето на лустрацијата ќе резултира со „тивко“ повлекувања на повеќе јавни личности од функциите и нивно заминување од политичката сцена. И власта и опозицијата се согласуваат со ваквите прогнози, но и едните и другите велат дека нивниот двор е чист, а проблематичните лица кои во животот функционирале со кодошење ги лоцираат во спротивниот табор.

Изјавите заверени на нотар треба да се доставуваат до привремената адреса на Комисијата за верификација на фактите (популарно наречена Комисија за лустрација) во Домот на АРМ. Инаку, на пролетните избори сите кандидати за претседател, градоначалници и советници веќе депонираа изјави во ДИК, односно во општинските изборни комисии. Тоа минатата година го сторија и пратениците при поднесувањето на кандидатските листи за вонредните парламентарни избори. Сепак, во Комисијата за лустрација велат за да не се губи време во пребарувањето на документацијата во општинските изборни комисии (бидејќи најголемиот дел од изјавите се таму), јавните функционери ќе треба да депонираат нови изјави.

Заменик-претседателот на Комисијата, Ѓорги Малковски, вели дека изјавите само ќе бидат примени во Домот на АРМ, а тие ќе се разгледуваат откако Комисијата ќе се пресели в�� новите простории, кои се наоѓаат на 17. кат во зградата на МРТ.

„Просториите треба да бидат готови до средината на септември и тогаш ќе може да почнеме со проверка на изјавите. Се работи за многу чувствителна материја и во Домот на АРМ, каде што имаме една просторија, нема услови за разгледување вакви доверливи документи“, вели Малковски. Тој верува дека проверката нема да трае премногу долго. „Тоа е обемна работа, но изјавите ќе се распределат кај сите членови, а одлуките, се разбира, ќе ги носи Комисијата. Сите колеги се стручни, си ја знаат работата и лично не верувам дека ќе дојде до некаков застој“, смета Малковски. Инаку, сите 11 члена на Комисијата имаат професионален статус и веќе дале изјави дека не соработувале со органите на државната безбедност.

Шефицата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, се радува што ќе почне да се спроведува Законот за лустрација.

„Конечно ќе се расчисти едно прашање од нашата темна историја и ќе доведе до демократизација на општеството. Оние за кои ќе се покаже дека биле соработници на тајната полиција веќе нема да може да извршуваат јавни функции“, вели Бонева. Такви личности, според неа, нема меѓу пратениците на владејачката партија, но мисли дека ги има кај опозицијата.

И шефицата на пратеничката група на СДСМ, Цветанка Иванова, вели дека е среќна поради тоа што почнува процесот на лустрација. Иванова, исто така, смета дека меѓу пратениците од СДСМ нема личности со проблематично минато.

„Кај нас нема толку возрасни лица, мислам дека има на другата страна. Сепак, да оставиме Комисијата да си ја заврши работата“, вели Иванова.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Тахир Хани, досега не слушнал дека некој од ДУИ има такви проблеми.

Пратеничката од ЛДП, Роза Топузова-Каревска, е воздржана во однос на спроведувањето на лустрацијата. „Сакам да верувам дека нема да се губи време со разни формалности со цел да се одвлече вниманието од суштината“, вели таа, изразувајќи сомнеж дека ќе се случат некакви спектакуларни повлекувања од функциите.


#
Статијата е прочитана 1652 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 28.07.2009 01:25:30
Да се прави ваков лустраторски циркус сега, цели дваесет години по падот на комунизмот нема веќе никаква логика, освен ако тоа не е некоја нова мушичка на Груевски. Имено, како и се‘ друго, тој и ова ќе го искористи за своја промоција. Вака ќе испадне дека „комунизмот“ во Македонија „паднал“ со Грујовото доаѓање на власт во 2006 година и неговата „портокалова револуција“, иако тој систем практично исчезна уште во 1989 година, кога тој исти Груевски уште си играл со џамлии. Во целост сум сигурен дека и оваа „лустрација“ Груевски ќе ја насочи кон (до)сатанизирање на опозицијата, иако предобро се знае дека и (пре)многу негови сегашни сопартијци на времето имале вакви афери. Но ви велам, единствен спас за оние кои кодошеле сега ќе биде на време да се „покријат со пепел“ и пристапат во сегашнава банда на власт. ( http://www.otpor.net.tf )
Од: tajni agent
Датум: 28.07.2009 02:59:49
Pa site sorabotuvale pocnuvajki od najstariot vo parlamentot Zingo i Andov pa se do onoj so repot. Za da uspees vo ovaa drzava mora da si covek na "tajnite sluzbi" t.e MVR. Ova vazi i za denes. Site denesni mladi i uspesni "biznismencinja" sorabotuvaat soMVR i se pod nivna zastita. Ako ne si so niv, nema nisto da imas ni od tenderi ni od biznisi. Ovaa drzava e edna golema farsa.
Од: До Сергеј
Датум: 28.07.2009 07:51:14
СерГеј, според тебе е циркус да се исфрлат од политиката сите оние кои со кодошeње дошле до високи функции во државата??!! Кодошите се виновни за судбините на илјадници невини и траумите што ги преживеале нивните семејства и за тоа треба да одговараат како и секаде во цивилизираниот свет. Македонија остана последната земја од Европа која уште не раскрстила со комунизмот. Не верувам ни дека во септември нешто ќе се измени.
Од: Mene do Vas
Датум: 28.07.2009 09:46:18
Nisto cudno. Na zapad e toa razvieno do perfekcija. Mnogumina doznaa deka ne dobile dobra rabota samo zatoa sto bile komunisticki nastroeni ili simpatizeri na komunizmot. Sto znaci deka nekoja si rasisticki nastroena glava mu gi skratila pravata na razvoj na nekogo samo zatoa sto ne e istomislenik so nego. Mnogumina dobija nekakva si osteta koja ne e nisto kolku otvoreno i sokrieno izvini. No od sega toa pravo sto nekoj si dozvolil da procenuva drugi i gi klasificira nivnite misli i nastroenosti se dobro skrieni i nema nikogash da dojdat na videlina. Mnogumina se svesni deka se selektiraat pri vrabotuvanje i masto na ziveenje samo zaradi svoeto minato ili simpatiziranje na nesto sto prema spionite ne e dozvoleno i e prema niv "opasnost" za drzavata. Taa nivna procenka vo 99% slucai e pogresna no toa sto tie davaat kako ocenka e merodavno. A ludjeto ce si patat i ponataka. Izolirani i odstraneti od rabotniot zivot bez pravo zadovolstvo od zivotniot razvoj.
Од: Menka
Датум: 28.07.2009 11:00:50
Има, Бонева, има. Само Што и лустрацијата ќе биде обично мачкање очи, и ништо друго.А во МПЦ, а во ИВЗ, а судиите и адвокатите, а унувњерзитетски професори??? Секој трет човек тогаш бил кодош: 1. тој за кого кодошиш; 2. кодошениот; 3-иот- КОДОШОТ. Тоа било СИСТЕМ, �� не лична игра, иако ги имало и овие (заради лечење на лични фрустрации, ама нивното се одразувало на лични трагедии, а не на трагедија на нацијата)
Од: St. Aleksandar
Датум: 28.07.2009 13:21:47
a Malkovski, zamenikot , ke dade li i toj izjava ?
Од: Dr. med. Krste pop-Stefanija
Датум: 28.07.2009 14:10:26
Оваа т.н.„лустрација„ е само;„ мижи асане да ти бајам„Кога големото уво доста им ги даде на сите кодоши да си ги земат досиејат.Сега сите се чисти невини како цицалчиња ! ? крсте поп/стефанија
Од: emil morarcaliev
Датум: 28.07.2009 14:13:12
Ej, do kade otidovte gospoda? Jas imam komunisticki idei i istotaka sum komunisticki nastroen pa nikomu nisto nitu loso sum storil nitu pak mislam nekomu loso da storam. Toa sto denesnata praktika ve sledi da osudite nekogo i da obesite mi lici na onaa " Neka visi Pedro ". Ne znam samo sto dobivte so kapitalizmot. Nekolku oligarsi koi ja podmituvaat vladeackata partija i se drugo siromastija. Prodolzete da go osuduvate komunizmot ako ste si izbrale taka.
Од: Selo gori, a baba se cesla
Датум: 28.07.2009 21:12:25
Do koga?Do koga nasive politicarcinja ce se zanimaavaat so gluposti sto se slucuvale vo minatiot vek, namesto da zasucat rakavi i da gledaat kon idninata.Ajde sega neka raspravaat koj bil kodos za vreme na Ilindenskoto vostanie.Se e tolku smesno, da treba eden den site da bidat isutirani od sobranieto.Odvratno i nevkuso.

Најди! во Утрински
Насловна
Граѓаните не спијат ако имаат долгови
Којзнае што јадеме?
ЕУ ги пегла односите со Македонија
Зденко
На „Дрисла“ се уништувале отпадоци од риба?
Исцедено здравство
Претопло српско лето
Една година Влада- поблизу до ЕУ, подалеку од НАТО
Анонимен Чех донира прстен од 12 век
Мајката на Обама позирала гола во 50-тите години
Малата Ангела ќе ја бара и Интерпол
Цементни миленичиња
Verbatim
Саркози застана на нозе