Пронајдени останатите тројца исчезнати. Шестгодишното девојче од Дуње и натаму го нема
Пронајдени се тројцата полнолетни граѓани што исчезнаа пред некој ден. Единствено малата Ангела и натаму ја нема.
Дваесетгодишната Санија Селимоска од прилепското село Пешталево, која пред шест дена го напуштила домот, се јавила по телефон и побарала од нејзиното семејство да ја земат од Прилеп.
„Им рекла дека се наоѓа на булеварот ‘Гоце Делчев‘ во Прилеп и оти тука ќе ги чека. Но, ова не било првпат девојката да го напушта домот. Тоа се случило неколку пати досега. Најверојатно девојката имала нарушени односи со татко и', па тоа било причина да заминува од домот“, вели Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР Битола.
И Благоја Божиноски (73) од Крапа, Македонски Брод, е пронајден во близина на бензинската станица кај селото Дебреште. Старецот имал проблеми со слухот и со говорот.
Петнаесетгодишната Лиријана А., за која татко и' пријави дека изминатиот викенд исчезнала од неговиот поглед на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, вчера била пронајдена кај нејзиното момче. Неофицијално, љубовната врска меѓу девојчето и момчето не била одобрена од нејзиниот татко, поради што таа се одлучи на ваков потег.
Но, малата Ангела Ѓорѓиеска од мариовско Дуње и натаму е недостапна за органите на прогон. Надлежните и вчера го пребаруваа теренот, извршија реконструкција на настанот, ги пребаруваа бунарите, јамите и сите други места каде што постои и најмала шанса да се пронајде шестгодишното девојче. Теренот го надлетуваше и хеликоптерска единица, а инспекторите продолжија со распит на жителите на Дуње и на околните села. Полицијата бара дозвола од родителите да се објави фотографија на нивната ќерка и да се побара помош од сите граѓани во земјава, а за случајот би се барала помош и од Интерпол, во случај девојчето да е киднапирано и пренесено надвор од државава.
„Поради мерки на претпазливост, потрагата од локално беше подигната на национално ниво и беа алармирани сите полициски станици и гранични премини“, велат од МВР.
Ангела исчезна без никаква трага во четвртокот, минатата недела, околу 12 часот. Нејзината братучетка Стојна ја оставила на 200 метри од куќата, со верба д��ка оттука шестгодишното девојче може безбедно да се врати назад во куќата на своите родители.
Од тој момент никој не ја видел Ангела. Жителите раскажуваат дека во селото било видено возило со тетовски регистарски таблички два дена пред исчезнувањето на детето.
Семејството и жителите на Дуње се вклучени во потрагата по девојчето. Тие стравуваат дека Ангела можеби е киднапирана.
Полицијата бара помош од сите граѓани. Ангела била облечена во бела блуза со карта на Македонија во црвена боја со натпис „шампиони“. Според описот даден в полиција, таа носела сини тренерки и розови влечки. Девојчето е високо околу 115 см, со костенлива коса и кафени очи.
Од МВР информираат дека годинава за исчезнати биле пријавени 34 лица, од кои 19 од машки, а 15 од женски пол. Биле пронајдени 24 од нив. Лани, пак, за исчезнати биле пријавени 111 лица, од кои 103 биле пронајдени, а по осум лица се' уште се трага. Од исчезнатите, 60 биле од женски, а 51 од машки пол. Пет лица од исчезнатите биле деца, а 19 малолетници, велат од МВР. (Мн.Т.-Г.А.)
Kolku mi olesni za najdenite isceznati! Kolku silno posakuvam da se pronajde Angela, ziva i zdrava, mislam na nea postojano i so grc vo dusata, nevino malo srce, gospod neka im e na pomos na roditelite vo ovie uzasni momenti na neizvesnost.
Од: mene
Датум: 28.07.2009 04:31:43
A zs odma po site mediumi belkim e videno kola so tetovski regsitracii ? demek nekoj ''siptar'' ja kidnapiral. Aj eve od mene edna pomos do policijata : Da gi zema na ispit toa semejstvo kaj sto prestojuvala devojceto zosto mi e cudno edno 6 godisno devojce da ja ostavaat na srede pat i sama da odi doma. Samiot fakt sto tije ja ostavile da odi sama doma noke mi mirisa na nesto loso od toa semejstvo.
Од: jimmy1
Датум: 28.07.2009 06:56:57
Pred poveke od 50 godini vo selo Trebenista - Ohridsko izcezna dete na predskolska vozrast, mislam 5 ili 6 godisno i do denes nisto ne se znae. Togas se slusna deka bila pronajdena oblekata vo koja bese obleceno na kekoe planincko patice uredno zdiplena i ostavena na patceto. Na nekolku navrati se slusnaa nekakvi spekulacii deka ziveel vo Avstralija, pa posle toa se slusna deka ziveel vo edno strusko siptarsko selo Livada, no od seto toa nisto pokonkretno.
Од: anonimen
Датум: 28.07.2009 10:44:34
не му пожелувам на никого да се најде во ваква страшна состојба во која се наоѓаат родителите на детето ,а и самото детенце,но морам нешто да споменам, кое верувам дека и е совршено јасно на полицијата,која има врвно обучени и оспособени личности за истражување и испитување на вакви случаеви,но многу е симптоматично тоа што нејзината братучетка во тие пеколни горештини во 12 часот да го остави детето само и незаштитено!!!!!!!! тука нешто мириса на наместена работа. Нека полициските инспектори и го одземат МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН на таа 20 годишна братучетка,нека извадат листинг на обавените телефонски разговори тие денови,па можеби работите ќе тргнат во насока на рзјаснување на ситуацијата.Многу е тешко и неблагодарно да се обвини човек,но во нас луѓето има и многу злобен,подмукол,завидлив народ кој не бира средства да му наштети на другиот
Од: majka
Датум: 28.07.2009 10:58:31
Ova sto se slucilo strasno, od koga slusnav na vesti, ne gi pustam decata sami nadvor da igraat. A inace do *mene* spored muabetot nikogas ne ste bile vo selo, pa nemate pretstava kako se zivee tamu. Lugjeto imaat doverba edni vo drugi i ne e cudno sto go ostavile deteto samo da si odi nakaj doma, so verba deka e sigurno i deka terenot e poznat.
Ne sakam ni da pomislam sto se prozivuva toa dete i tie roditeli. Zal mi e, i se nadevam deka ke imaat srekja da ja najdat!
Од: megi
Датум: 28.07.2009 11:00:35
Nesrekjata sekogas vleguva na onaa vrata koja sme ja ostavile podotvorena. Zosto ne bilo ostaveno doma tuku 200 m pred kukja.?!
Од: Zagrižena
Датум: 28.07.2009 11:25:26
Страшно е ова што се случува, како може дете да исчезне од село кое е само со триесеттина жители и никој ништо да не знае? Среде планина? Каде може шестгодишно дете само да отиде во темница? Тешко дека не е замешан некој возрасен, и страшно е тоа. Од светските случаи (на пр. кога исчезна малата Британка Медлин на одмор во Португалија) знаеме дека се клучни првите 24 часа за наоѓање, за жал, ако не се најде детето тогаш, шансите за наоѓање драстично се намалуваат.Ова го кажувам затоа што мислам дека полицијата не смее да губи време, туку да направи СЕ што поскоро, а не да се мисли каде да бара...
Од: bojana
Датум: 28.07.2009 12:11:17
istragata e slaba..trebase vednas po isceznuvanjeto da se vovedese zasileni kontroli na granicnite premini i da se cesla ne samo terenot vo mariovsko tuku niz cela drzava posebno vo tetovsko ako registarskite tablici bile od toj kraj....ako nekoj ja zemal so kola nema sto da se bara vo mariovo tuku ke se bara posiroko..dzabe letanje so helikopter treba zapadna makedonija da se procesla ubavo i granicata kon albanija..tamu da se bara i ima sto da se najde tamu
Од: covek
Датум: 28.07.2009 14:21:25
Golema podrska i zelba da se pronajde maloto devojce Angela, i da se vrati kaj svojte roditeli.
Gospod e golem.
Од: Жална Македонија..проклети јуди
Датум: 28.07.2009 15:31:33
После олку изминато време,сигурно не може да се надеваме на нешто добро за малата Ангела..Но сепак би укажала на тоа,девојчето е земено за нешто што може најлошо и да се претпостави за болните умови во Македонија последниве години.Сакам да кажам Полицијата нека провери во сите болници каде се врши пресадување на органи,посебно на срце и бубрези,или коскена срж...дали некое 6 годишно дете чека на донатор...не е на одмет тоа да се провери...Педофилите мислам дека се познати во политицијата и секогаш тоа може лесно да се најдат...а ова со органите во сите болници,па и во Филип Втори нека проверат..не значи дека тие имаат некоја врска со тоа...но може некој ке излаже дека набавил орган во странство за донација..нормално на дете..Проверете дали некое дете чека таков орган..или срж..Позз до утрински...да се надеваме дека не е ништо од ова точно и дека ке се најде девојчето Господ нека го чува и пази...
Од: jj
Датум: 28.07.2009 18:08:43
Samo edno ke kazam
Srceto mi place koga citam za maleckata....Daj site Makedonci da se sobereme i da se pomoleme za Angela,da ja najdeme ziva & zdrava i da je se vo red.
Apel do maleckata:
Nie sme trgnati so cel da te najdeme Angelce malecko...Te sakame & te barame.
Please Please Please .........:-(((((
Од: jule
Датум: 28.07.2009 18:36:11
srce malecko gospod neka ti e napomos
Од: Daco
Датум: 28.07.2009 18:55:06
Barem eden zitel -ka na seloto Dunje znae kade e maleckata Angela.Greskite od pocetokot na istragata policijata treba da gi popravi i ce go najde devojceto,
Од: tazna
Датум: 28.07.2009 21:06:37
Kade se sega site "vidoviti" luge vo Makedonija,koi gi ima vo golem broj da pomognat??Covek vo maka se poznava kolku ima golemo i siroko srce.....Bidete humani i pomognete na ova malo bespomosno devojce..Od srce se nadevam deka Angelot ke ja cuva...