Број 3047  вторник, 28 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Една година Влада: поблизу до ЕУ, подалеку од НАТО

„Сведмилк“, кавгата со ЕВН, присилната реконструкција и аферата Маневски ја одбележаа првата година на Владата

Соња Крамарска

Билансот на едногодишното работење на Владата на премиерот Никола Груевски може да се подели во три дела, и тоа политиката што ја водеше на домашен план, надворешната политика и економијата. Во сите три области Владата доби и плусови и минуси, но генерално може да се каже дека по едногодишната активност на Кабинетот на Груевски, Македонија е поблизу до ЕУ, но подалеку од НАТО, со буџет што работи едвај на минимум и веројатно кастрења на платите на буџетарите, слаби надворешни инвестициски вложувања, зголемен надворешен долг и намалени девизни резерви.

Првата година од четиригодишниот мандат на Владата, Груевски ја заокружи со присилна промена на четворица министри, и тоа министрите за финансии, за евроинтеграции, за образование и за земјоделство. Според одделни аналитичари, како што пишуваше неодамна „Утрински весник“ по повод бранувањата во Владата, смената во овие министерски ресори не значи ништо друго, туку признание на премиерот дека потфрлила политиката токму во сферите што беа столб на изборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ: земјоделството, образованието, евроинтеграциите и финансиската стабилност на државата.

Скандалот со министерот за правда, Михајло Маневски, исто така, е важен момент во едногодишното работење на Владата. Покрај фактот што во јавноста беа изнесени вознемирувачки докази оти Маневски примал истовремено и плата и пензија, и тоа на грбот на граѓаните на Македонија, Груевски реши да му прости на Маневски.

„Сведмилк“ и ЕВН, две компании од кои едната ја донесе Владата и на големи ѕвона ја објавуваше како свој успех, а другата донесена од претходната влада на социјалдемократите, беа во центарот на вниманието во изминатата година од работата на Владата. Откако изби скандалот за банкротот на „Сведмилк“ и пљачкањето на млекопроизводителите, Владата се дистанцира од оваа матна „инвестиција“. Со австриската компанија ЕВН, пак, е во постојан судски процес.

Пад на индустриското производство, зголемување на надворешниот долг, речиси никакви инвестициски вложувања од странство, намалување на девизните резерви, зголемена даночна дисциплина, но намален даночен прилив и осиромашен буџет, статус кво на полето на невработеноста - е економската слика на земјата по едногодишното работење на Владата. Но, некако, Владата успеа да го одржи стабилен курсот на денарот што, секако, е за поздравување. Истовремено, ќе остане забележано дека бегаше од ММФ како ѓавол од крст.

Владата не успеа да обезбеди почитување на законите за јавна чистота и за (не)употребата на најлонски кеси во трговијата кои „важеа“ само по два дена. Концептот за бруто-плата е само делумно успешен, бидејќи Владата реши да им гледа низ прсти на фирмите кои не успеваат да поделат плата секој месец.

На политички план, првата година измина во услови на напнатост во односите со ДУИ, војна со Љубе Бошкоски и продолжување на практиката на селективна борба против митото и корупцијата, односно лов на ситните риби во сопствените редови и редовно ажурирање на ловот на крупни ѕверки од редовите на опозицијата. Владата од Брисел, а и дома доби единица за спроведување на судските реформи, кои се еден од условот за добивање датум за преговори. Меѓуетничките односи не се стабилизирани, но, од друга страна, се добива впечаток дека оваа Влада остварува подобра контрола над целата територија на државата.

На надворешнополитички план, Владата не успеа да одработи ниту милиметар придвижување напред во спорот со Грција околу името. Напротив, се добива впечаток дека прави еден чекор напред, а два чекора назад. Новина е обидот за приближување на земјава кон Движењето на неврзаните, чија политичка сила во светот деновиве се воспева од кругови блиски до Владата. Меѓународните позиции на земјата не се подобрија во изминатата една година, а во регионот е забележливо обновувањето на односите со Србија на секое ниво, додека, пак, со Косово и натаму се игра топло-ладно. Од причини кои никој не ги кажува, Македонија и Косово се' уште немаат воспоставено дипломатски односи по признавањето на Косово од страна на нашата земја минатата година во октомври.

Комплиментите до Владата од Брисел упатени преку Хавиер Солана и Ерван Фуере, во најмала рака, се збунувачки ако се има предвид долготрајната „војна“ меѓу евроамбасадорот Ерван Фуере и македонската Влада. Една од придобивките на Владата во изминатите 12 месеци е тоа што успеа да ги одржи односите со САД, но генерално може да се каже дека по доаѓањето на новиот претседател Барак Обама, тие ниту се подобрија ниту се влошија.

Доколку се остварат ветувањата што деновиве ги слушнавме од устите на бриселските функционери, Владата ќе има среќа ако оваа година Македонија добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Со еден таков потег Владата ќе прокнижи многу поени, но останува да се види како ќе се развиваат работите околу името, од што зависат натамошните перспективи на нашата земја.


#
Статијата е прочитана 1461 пати.

Испрати коментар

Од: Rade
Датум: 27.07.2009 23:54:32
И ова требаше да биде ‘Преродба во 100 чекори‘! После три години, само може да се заклучи дека се работи за Промашувања во 100 чекори.
Од: mitko za propustenite propusti
Датум: 28.07.2009 00:58:04
A mori Sonjo nisto ne ste podobri vo SDSM. Ne ti tekna da napises nekolku reda za Bukefalizacijata? Ne mislis deka ova e najgolem problem na denesna Makedonija i Makedoncite? Ne mislis deka toa go negira i degenerira nasiot prav identitet? Deka so toa Grcite lesno ke ne pregazat? Tolku ste tamu spremni vo SDSM da ja prezemete vlasta. Kako da ste vakcinisani protiv interesite na ovoj narod Zatoa nema nikogas poveke da se vratite na vlast.
Од: petrus2
Датум: 28.07.2009 07:12:19
Zosto taka pisuvate za vladata i za spasitelot na Makedonija ,pa super ni odi
Од: Трпе.
Датум: 28.07.2009 08:14:33
Ваков народ заслужува и таква илузионистичка влада.Голема способност е,трите години на владеење да се претворат во една.Ова ЕПП влада на чело со мистер Рејтинг способна е лажно да остварува а ќе дојде денот кога македонскиот народ ќе биде прероден од нивните резултати.Па и што се изгубени 3 години,како да беа вчера.Времето е пред нас.Кога дечките кои се на власт (од вчера тек започна да се бричат) ќе емигрират ,среќата да си ја пробат надвор некој друг ќе мора да крпи ако има што да се закрпи.Мора на дечкиве да се крши погачка барем да можат да направат некој чекор од нивната обемна програма.А на првите чекори баш и не се води рачун на квалитетот ,радоста ќе биде голема на направените први чекори.Да имавме подобро здравство со терапија децава можеби наместо два до три чекори ќе можеа да направат пет шест чекори.Никој нема право да се лути,деца се деца пуштете ги уште се мали.Животот е маскенбал.
Од: flying-monaco
Датум: 28.07.2009 09:21:00
Bravo Sonja. Samo vie koi ste OPERISANI od vistinata mozite da tresite vakvi gluposti. Ste zaboravile deka i vashata izjava nekoj vo drzavata i nadvor od nea ja analizira.Mrazetegi vmrovcite kolku sakate, no pishvajteja vistinata.Togash ke napreduvate...
Од: realen
Датум: 28.07.2009 10:53:58
Jas navistina ne gledam viden napredok na domasen i nadvoresen plan pa taka da se vospeva Vozdot.Toj e konfkilktna licnost, koja se ubeduva sebesi da se kontrolira vo izjavite, sto hronoloski gledano i mu uspeva. Sekoe pomestuvanje na MKD napred kon EU i NATO e zasluga na site dosegasni Vladi, momentot e sosema slucaen. Uspesno se manipulira narodot so razni reformi, ama sepak EU ke bide so Srbija i drugite, a kade li bevme (duri i pred Hrvatska). Island e najdobar primer. Site se ednakvi, samo eden e poednakov od ednakvite.Koga ke vidam kako ziveat vo poranesnite komunisticki zemji (Ceska i dr.),mi odi da navistina imame somot revolucija-protiv apsolutizmot na eden firer,nesposoben i sokrien vo volcja dupka Pretsedatel. Ako e toa nasiot izbor, navistina imame sofisticiran pogled kon idninata i zaludenost od plateni novinari da seat euforicnost (stom Gruevski taka misli,mora da e dobro).Doprva ke si ja cukame glavata vcudonevideni od izjavi i drugi slakanici po opincite na VIP-ovcite.
Од: St. Aleksandar
Датум: 28.07.2009 13:28:45
Najdobra vlada do sega, samo prodolzete taka, ne se sekirajte, za tie sto sakaat da gi sprecat reformite t.t sudiine od Ustaven BOG ke gi kazni
Од: realen
Датум: 28.07.2009 14:56:29
Bravo za Oli Ren. Navistina vo Brisel im dade dobar odgovor na makedonskite petokolonashi. Ako znaat da citaat megu redovi mislam deka gi sporedi so crniot gavol , koga im rece deka toj e pogolem optimist od niv.
Од: gv
Датум: 28.07.2009 15:13:33
10(deset) TAT = 1(eden) Svedska mlekara>osvesti se makedonski narode.

Најди! во Утрински
Насловна
Граѓаните не спијат ако имаат долгови
Којзнае што јадеме?
ЕУ ги пегла односите со Македонија
Зденко
На „Дрисла“ се уништувале отпадоци од риба?
Исцедено здравство
Лустрацијата почнува од државниот врв
Претопло српско лето
Анонимен Чех донира прстен од 12 век
Мајката на Обама позирала гола во 50-тите години
Малата Ангела ќе ја бара и Интерпол
Цементни миленичиња
Verbatim
Саркози застана на нозе