За инат на Грчиштана, а и за да го задржиме името - ќе си го смениме идентитетот!
Една од најатрактивните вести што сум ја прочитал последниве години, под наслов „Дрогирани кенгури цртаат по полето“, неодамна беше пренесена од МИА:
„Мистеријата на круговите во полињата со афион на австралискиот остров Тасманија, за кои се верувало дека ги оставиле вонземјани, е решена откако се утврдило дека ги направиле дрогирани кенгури. Откриено е дека кенгурите-валаби влегувале во полињата со афион, јаделе зрели чаури, а потоа сосема дрогирани се движеле во круг. Еден од производителите на афион во Тасманија истакна дека често гледал дрогирани овци и елени откако паселе афион. Австралија произведува околу 50 отсто суров материјал за морфиум и други опијати во светот.“
Заради вакви мали текстуални ремек-дела весниците се' уште не ги фрламе дефинитивно во ѓубре - што е големо и секојдневно искушение. Но, веста за дрогираните кенгури не само што ја објасни големата повеќедецениска мистерија туку има и пошироко разобличувачко значење, толку потребно за да се објаснат состојбите во Република Македонија (која е - ова делумно е и метафора - „еден од поголемите светски произведувачи на сурови материјали за опијати“).
Како, на пример, да се објасни улогата на ВМРО-ДПМНЕ во современата македонска политичка историја без теоријата за „дрогирани кенгури што цртаат по афионово поле“?! Како, на пример, човек сериозно да сфати една политички хиперкомпромитирана фигура каква што е Љубен Пауновски (бесрамен и бескрупулозен гласноговорник на лудилата на Љубчо Георгиевски, исто како и Антонио Милошоски или Влатко Ѓорчев, исто како многумина други, заслужни за пештерски подземното ниво на македонската демократија)?! Хиперкорумпираниот го компромитира хипер-хиперкорумпираниот за велепредавство и кршење на Уставот?! А хипер-хиперкорумпираниот, да потсетиме, ни го остави во долготрајно политичко наследство Никола Груевски, ликот што најдлабоко произлегува од лудите (ал)хемичарски лаборатории на ВМРО и што богами претендира на велетитулата: „хипер-хипер-��ипер господин-господин-господин на афионовото поле“.
Сигурен сум, значи, дека скорешните историчари на оваа земја ќе мораат да се послужат и со теоријата за „пијаните кенгури“ кога ќе се обидуваат да објаснат како еден народ преку ноќ од словенски се престорил во православно-антички. И како среде главниот плоштад на главниот град на тој народ преку ноќ никнале црква и споменик, за симболично да ја означат преобразбата на хипер-Македонецот. Да, да, културниот и политичкиот инженеринг на Никола Груевски веројатно е 22 век во однос на 19 век на Љубчо Георгиевски - но лудилото е зголемено до тој степен што ни прекумерното кркање афион веќе ништо нема да може да објасни! За инат на Грчиштана, а и за да го задржиме името - ќе си го смениме идентитетот! Лудокенгурска логика налик на онаа дека некој француски Бретонец треба да почне да се чувствува Англичанец за воопшто да може да се нарече Британец!
„Ја сам Србин! Доѓе ми да полетим!“, пишуваше една исто толку (како нашиве скакулци и кенгури што опустошуваат полиња) колоритна, но политички сосема пореметена фигура од соседството, Вук Драшковиќ, во предвечерието на југословенските војни (кон кои и неговиот придонес не беше мал). Цела политичка програма набиена во препотопски восклик (може не е од афион туку од многу пиење ракија „антика“ - тоа е тезата на вмровскиот претседател): Јас сум Македонец! И ми иде да полетам!
Велам: политичкото лудило доаѓа од инкубаторот на ВМРО-ДПМНЕ и најновото вадење валкани алишта (а се' за ситни лични цели, да се спаси газот или одново да се смести на меко) е само уште еден пример дека ДПМНЕ е партија сосема загубена во времето, денес наликувајќи (според панаѓурскиот национализам, десниот болшевизам, опседнатоста со историјата и неправдите, склоноста кон фантазии и ирационалност, а богами и според склоноста кон насилство и закани) на Туѓмановото ХДЗ и на партијата на Шешељ и Драшковиќ. А дека ДПМНЕ има и бугарско происходство совршено илустрира еден виц од времето на лошиот полициски социјализам: Бугарите толку се плашат од зборување што дури и крајниците ги оперираат ректално. Тоа е добар израз и за сегашниве изблици на „искреност“ и „храброст“ на Пауновски: ректален говор. Ќе слушаме, се разбира, доста ректални исповеди кога ќе падне сегашниот вмровски оперетски водач и ќе олабават сфинктерите.
Се' на се', Македонија наликува на земја која е освоена од припадниците на „Друштвото на какофонијата“. Тоа друштво навистина постои во Америка и било инспирација за тајното друштво од филмот „Фајт клаб“. „Какофоничарите“ се самостојни групи од кловнови, уметничка герила, „кучиња на кичот“, дигачи на џева. Инспирирани се главно од дадаизмот. Првата група на „Друштвото на какофонијата“ во Сан Франциско пред дваесетина години организирала низа настани со поттикнувачки имиња: Атомско кафуле, Пикник на мостот Голден Гејт, Бинго на гробиштата за домашни миленици, Распетието на велигденскиот зајак, Чекорење низ канализација и други. Позната е, на пример, нивната акција на потставање кукли Барби со изменет гласовен механизам во продавниците. Во слична акција, „Цементни миленичиња“, полнеле кадифени мечиња со цемент и ги потставале низ продавниците. Позната е и акцијата „Кловнови против комерцијалата“ кога испитувале колку кловновите можат да ги малтретираат деловните луѓе на улица, а да не бидат приведени.
Велам, значи, дека слично друштво, сосема спонтано и несвесно за својот убоит дадаистички потенцијал, имаме и овде: името му е ВМРО-ДПМНЕ.
batka kosa ti pobele burek jadejki protiv VMRO ali ne gi biva tvoive i toa e. Ke se podgrbavis dur da dojdat tvoite na vlast. Za zalenje si.
Од: mitko za deficitot na heroi
Датум: 28.07.2009 01:35:17
Problemite okolu Bukefalizacijata, Bukefalcite i popularnosta na VMRO vo osnova se tesno povrzani so nedostatokot na heroi vo nasata nacija. Mitot za VMRO pocnuva koga komunistite ja pisuvale istorijata. Togas tie videle deka vo istorijata ni nedostasuvaat heroi pa za takvi gi proglasile VMROovcite koi vo osnova bile bugarski konjusari. Ova ne im smetalo VMROvcite za sekoj slucaj da gi prakaat na robija. VMRO-vcite slabo se pokazale kako heroi. Bile slabi vo Ilindenskoto vostanie, Balkanskite i Svetskite vojni. Najslabo se pokazaa sega vo 2001 godina koga nemo gledavme kako si kradea so nabavkite na rasipani konzerv,. a sega doznavme i deka del od ukradenite pari zavrsile na rulet. Duri i najsakaniot Grujo stancinjata na mama gi evidentira na denot koga se sluci Karpalak. Si imal covekot drugi prioriteti. Slicno na ova i so Bukefalizacijata se baraat novi heroi, na zalost kaj Grcite. Neli? Ova nema da e na dobro.
Од: Od Orce -AUSTRALIJA
Датум: 28.07.2009 06:18:20
Do izdavacot ,odnosno pisatelot na ovoj kkomenatar ,hitno da se javvi kaj Barek Obama ,bidejki bara dobar sovetnik ,kako sto ste vie i za pisuvanje na politicki pisma do site negovi kolegi ,a posebno dobro pismo da mu napises na nasiot sef na drazavata i premierio na RM ,inaku ke go zagubis ti svojot identitet,a tvojeto ime odamna e isvrleno vo upotreba,odnosno vo citanjeto na koilumnite tvoj.POZZ OD ORCE MAKEDONSKI.
Од: Тревопасен
Датум: 28.07.2009 08:08:38
Џабе се мачиш, батка. Опули се! На сите во Македонија им е јасно само ти не можеш да видиш - кенгурите од СДСМ се многу поиздрогирани.
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 28.07.2009 08:12:52
Izvornoto i deneshnoto VMRO, nemaat nishto zaednichko. Prvite se bugarofili, a vtorite se komunjari, koi ne uspeeja da se probijat vo SDSM,
Од: Трпе.
Датум: 28.07.2009 08:59:19
Од нас самите си страдиме.Голем дел од нашиот народ ,многу лесно паѓат на лагите на партијата ДрпниПрисвојМатиНатовариЕмигрирај.Причината е во слабата информираност на младите кои никој не и кажал дека ова група на партија работи против својата земја.Применувајки ја паролата држете го крадецот а тие продолжуват да крадат.Некој им кажал да плукат против поранешниот систем и дека тие кои ќе плукат подалеку ке бидат вработени или наградувани со по некоја коска..А не гледат дека во партијата на власт е собран целиот отпад.Повеке наликува на некоја турли тава а не на патриотска партија.Ги молам младите ,учени , недоучени да се распрашат за комуњарски системи и да направат разлика помеќу југословенски,албански,румунски па и бугарски.Ова сегашново е бетер.Старите велат дека во турско било поарно.Иако мистер Рејтинг ги задолжи да завршат средно образование и да добијат дипломи од високо образование.Но џабе е квантитет без квалитет.Жив пример се водачите.Затоа ке се однесуваме како опиени кен
Од: Eden
Датум: 28.07.2009 09:01:54
Batka, ne te biva za laenje protiv VMRO. Gledam se obiduvas, se macis da napises nesto, na nekoj „kulturno-intelektualen nacin“ da gi tepas vmrovcive, a so parite od SOROS, ama batka slabo ti odi. Slab si i so asosjaciive i so analogiite sto gi pravis. Izgleda si se pogodil da bides urbano gradsko razgaleno dete, sto verojatno spies uste vo detska soba, pri mama i tato, a vo slobodno vreme, kako bozem za domasna rabota od sredno skolo da napises nesto protiv VMRO. Tvoite kolumni nemaat nikakva sodrzinska, estetska, knizevna i site ostanati vrednosti sto treba da gi poseduva eden izdran novinarski komentar. Batka ti se macis da najdes zborovi i misli za da se izrazis. Im preporacuva na tvoite naracateli na kolumni da te smenat, ti samo im go simnuvas i taka niskiot rejting.
Pozdrav i citaj malku klasicna literatura za da gi usvois univerzalnite vrednosti na svetov i vekov
Од: andrej
Датум: 28.07.2009 09:12:26
Vrmo denesnovo se klasicni fasisti, a nivnite podanici za nekoe vreme koga ke padnat ke se kolnat deka bile najgolemi protivnici na rezimot!!Toa e klasika za mnogu sitni dusi od narodecov!
Од: Aerodrom
Датум: 28.07.2009 09:27:06
Nikola, se voshituvam na tvoite komentari i hrabrost vo pisuvanjeto. Ce mora da gi trpis komentarite na jurisnicite na VMRO koi se pisuvani kako pod sablon, no te molam samo prodolzi taka.Ja imas podskata na mnogu ludje no ne sme tolku glasni , zlocesti i agresivni vo svoite komentari
Од: Paci
Датум: 28.07.2009 09:41:47
МАЕСТРАЛНА колумна. Само ќе додадам дека членството на ДПМНЕ се повеќе мислам дека влече корени од еден народ наречен ЗОМБИ.
Од: oci siroko potvoreni
Датум: 28.07.2009 09:42:48
Se sto napisa e tocno Kolja, ama se prasuvam -ima li narod vo ovaa Makedonija koj trezveno razmisluva, do koga nemo ke go gleda ova pustosenje sto go pravi familijava so bugarski proishod? Za volja na vistinata, mnogu poarno ne bese i so tie pred niv. Ili, kako vo prikaznite, ke go cuvame kuburot vo pazuva dodeka ne ni zatreba? :))
Од: mkd
Датум: 28.07.2009 09:52:24
lele ama zabavno
Од: Stojko
Датум: 28.07.2009 10:01:35
Normalno, nikoj ne moze vo Makedonija da ocekuva deka nekoj ke go pofali novinarot za samiot tekst, tuku se javuvaat dezurni honorarci (so cest na isklucocite) i ponekoj zaguben Makedonec od Avstalija da ni solat pamet. i sto e najinteresno, tie ne vikaat deka novinarot laze tuku deka komunjarite se pogolemi kenguri i slicno (onoj budala sto spomnuva Obama nema da komentiram).
Од: Трајко
Датум: 28.07.2009 10:34:26
Браво,господине Гелевски!Коментариве веднаш под вашиот текст најдобро кажуваат колку сте во право.За жал, истите потврдуваат дека фаличноста не е само до поединци од власта,туку токму до толпата народ што истите ги довела на тоа место,па дури и ги велича.
Од: Софијанец
Датум: 28.07.2009 11:18:50
Убав виц кажа за Бугариве. Убав и смешен. И jас ќе ти кажам еден. Прашале еден: "Што работиш?", а тоj одговара: "Ами еве: Македонец сум...".
Од: b
Датум: 28.07.2009 13:05:14
Браво Никола! Маестрално! Само ми е жал што неможат да Те разберат. Толкаво им е нивото. Да им беше поголемо, Македонија веќе ќе личеше на држава и немаже да е ваква вукојебина!
Од: ПРА,ПРАСТАРО ПОТЕКЛО
Датум: 28.07.2009 14:29:29
Браво Никола,се нервираат исфрустрираниве Хунзи,но во твојата колумна од збор до збор се е перфектно. Ако грешам,опростете, но мислам дека недокваканиве Хунзи своето потекло го имаат не од Адам и Ева ,туку од првиот и најпрост едноклеточен организам АМЕБА. Заклучок: зарем во мозокоот маат повеке вијуги од амебата?