Музејот на Македонија од непознат дарител од чешкиот град Плзењ деновиве по пошта добил бронзен прстен од 12 век, за кој анонимниот испраќач смета дека е културно наследство што и' припаѓа на Македонија.
„Уверен сум дека овој мал прстен му припаѓал на непознат македонски предок, тој им припаѓа на вашата земја и на вашето културно наследство. Прстенот го добив како подарок, илјадници километри далеку од Македонија, но не сакам да го задржам“, напишал донаторот.
Според првичното мислење на Кирил Трајковски, кустос советник во музејот, станува збор за детски прстен од крајот на 12 век изработен во бронза, во чија глава е врежан орнамент во вид на петлисна гранка. Прстените од ваков вид, според него, биле во мода од 11 до почетокот на 13 век. „За да се добијат попрецизни информации, прстенот ќе треба да биде подложен на подетални истражувања“, вели Трајковски.
Ова е прв случај на вакво пристигнување од странство на дел од културно наследство во Музеј на Македонија, за што музејот му изразува голема благодарност на совесниот чешки граѓанин. Гестот се толкува како позитивен пример за однос на граѓаните спрема наследството. (К.Б.)
Navistina eksluziven poteg na gospodinot od Ceska. Ovoj artefakt ,e uste eden nepobiten dokaz i svedostvo za bogatoto kulturno nasledstvo i iskonskte koreni na RM.Opservirajki ja strucnata elaboracija na g-din Kiril Trajkovski od kompetenten agol,veruvam deka arheoloskite istrazuvanja i ponatamu ke rezultiraat so slicni,besceneti naodi.
Од: Mene
Датум: 28.07.2009 09:01:31
Ova e dokaz deka Makedoncite ziveele i vo Ceska vo 12 vek! Toa e dokaz za nasite koreni, i za naseto poteklo od Aleksandar. Toa ne e petlisna granka, toa e matrihuana! I marihuanata poteknuva od ovie prostori - zatoa nie sme kako drogirani cel vek!
Од: bube
Датум: 28.07.2009 16:41:57
Toa e dokaz i odlicen simbol deka ona sto e otkopano od grobnicite ne nosi sreka kaj onie koj go poseduvaat,tuku samo prokletie,zatoa neka se podzamislat site onie koj imaat-poseduvaat nesto otkopano od zemja,moze da bide kako svedostvo-vo muzej no nikako vo posed na luge-vo dom zosto nema air da vidi toa semejstvo.