Број 3332  среда, 14 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Металург домаќин на група на патот до ЛШ

Ракометарките на Металург добија тешка квалификациска група за Лигата на шампионите, но надежта ќе ја темелат на правото да ја организираат од 17 до 19 септември. На стартот македонскиот првак ќе игра со Клуж Напока од Романија, следниот ден со Бјосен од Норвешка и на крајот со победникот од претквалификациите, во кои ќе се натпреваруваат Савехоф од Шведска, Амстердам од Холандија, Цуг од Швајцарија и Лагос од Португалија. Најдобриот во Скопје ќе продолжи во главната фаза по групи, во која ќе биде дел од групата А, во која се трикратниот еврошампион и бранител на титулата, дански Виборг, потоа руски Динамо и црногорска Будуќност.

Најголемиот успех на Клуж на европската сцена е пласманот во финалето на Челинџ купот во 2007 година, во кое не го освои трофејот против Наиса од Србија само поради помалку голови постигнати на гости. Лани стигна до четврт-финалето на Купот на куп-победниците, каде што ги загуби и двата меча со Подравка, а претходно ги елиминира Наиса и Дорнбирн од Унгарија. Во минатото првенство на Романија завршија веднаш зад неприкосновениот европски вицешампион Олчим Валчеа.

Бјосен е петкратен шампион, четирикратен освојувач на Купот на Норвешка и редовен учесник во еврокуповите, каде што најдалеку дотурка во 2007, кога загуби во финалето на КПК од Олчим. Има и седум настапи во разни фази од ЛШ, при што два пати стигна до четврт-финалето, а лани не ја помина главната група. Ѕвезди на тимот се петте репрезентативки: голманката Кари Гримсбо, пикерот Марит Фрафјорд, бековите Герил Снореген и Вигдис Хорсакер и крилото Камила Херем.

Според вчерашната ждрепка, првата квалификациска група ја сочинуваат Рандерс, Баер Леверкузен, Смарт од Украина и Мили Пијанго, во втората се Звезда, Елда Престижо, Патрас и второпласираниот од претквалификациите, а во четвртата паднаа Корвекс, Вејен, Лублин и Заечар. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 328 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Шпанија ги дочека прваците на светот
Македонскиот тенис плаче за ремонт
Кројф
Тивкиот „убиец“ на голмани
Квотите за СП 2014 -наредната година
Африканска шлаканица за предрасудите
Џими Џамп казнет со 210 евра
Убедлив триумф над Црна Гора и Вујошевиќ
Алонсо