Број 3332  среда, 14 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Убедлив триумф над Црна Гора и Вујошевиќ

Македонската кошаркарска репрезентација убедливо ја совлада фаворизираната Црна Гора на Душко Вујошевиќ со 82:58, во првиот подготвителен меч пред августовските квалификации за европското првенство во Литванија.

Уште по првата четвртина кошаркарите на Марин Докузовски имаа предност од 24:14 за на полувремето да биде 42:33. Во тие 20 минути беше видлива огромната желба за победа, иако станува збор за пријателски натпревар.

Таквиот пристап продолжи и во второто полувреме, особено во третата четвртина, која ја добивме со 24:10. Водач на репрезентација на овој натпревар беше Ристе Стефанов кој реализираше 22 коша, а Антиќ и Војдан Стојановски придодадоа 14 коша. Докузовски го проба и новакот Марко Колариќ, кој постигна два коша.

„Задоволен сум од прикажаното. Во одбраната функциониравме одлично. Тие доминираа во дефанзивниот скок, но тоа го поправивме со прецизниот шут. Кошаркарите имаа голема самодоверба, што може да не радува. Не е мала работа на ваков начин да се победи ваков состав“, изјави селекторот Докузовски, кој е задоволен и од физичката подготвеност на своите кошаркари. За неа е задолжен кондицискиот тренер Сандро Бенкардино, кој дојде на повик на директорот на репрезентацијата Врбица Стефанов. Тие двајцата се познаваат уште од деновите минати во Монтепаски.

Инаку, вчера Македонија и Црна Гора требаше да го одиграат и вториот контролен натпревар.

Македонија - Црна Гора 82:58



По четвртини: 24:14, 18:19, 24:10, 16:16. Сала во спортскиот центар Златибор

Македонија: Караџовски 5, Мираковски, Соколов 11, Симоновски, Стефанов 22, В.Стојановски 14, Гоцевски 2, Чековски 7, Д. Стојановски 5, Антиќ 14, Колариќ 2, Самрџиски.

Црна Гора: Кољевиќ 7, Јеретин 10, С. Шеховиќ 4, Се. Шеховиќ, Драгичевиќ 2, Дашиќ 8, Бјелица 2, Голубовиќ 13, Пековиќ 12, Вучевиќ, Мараш, Дробњак.


#
Статијата е прочитана 794 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Шпанија ги дочека прваците на светот
Македонскиот тенис плаче за ремонт
Кројф
Тивкиот „убиец“ на голмани
Квотите за СП 2014 -наредната година
Африканска шлаканица за предрасудите
Џими Џамп казнет со 210 евра
Алонсо
Металург домаќин на група на патот до ЛШ