Број 3332  среда, 14 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Алонсо: Ние ќе бидеме шампиони

Двократниот светски првак го бодри Ферари дека не е се' изгубено по целосниот дебакл во Силверстоун

Ферари останува во трката за шампионската титула во Формула 1 сезонава и покрај тоа што не успеа да освои ни бод во трката за Големата награда на Велика Британија во неделата, тврди двократниот светски првак Фернандо Алонсо. Шпанецот му порача на неговиот тим дека нема место за тагување по неговото 14. место и по 15. позиција на Бразилецот Фелипе Маса на обновената патека во Силверстоун.

„О.К., момчиња, главите горе. Ние ќе ја освоиме титулата“, рече Алонсо преку тимското радио откако го извозе најбрзиот круг на самиот крај од трката. „Само на половина од сезоната сме и останува доста време за да се вратиме во игра. Имаме извонреден болид, тоа им го докажавме на сите овој викенд и го потврдивме со најбрзиот круг во трката. Ова е само првата половина, знаеме дека ќе мораме да бидеме подобри во втората и ќе го сториме токму тоа“.

Настапот на Ферари во неделата беше најлошиот за италијанската екипа сезонава и нејзин прв неуспех да освои ни поен по последната трка во 2009 во Абу Даби. Маса нема освоено поен во последните три трки, а Алонсо во тој период собра одвај 19 и сега е петти во вкупниот поредок, со 47 поени помалку од лидерот Луис Хамилтон од Мекларен. Остануваат уште девет трки и најмногу 225 поени се на располагање.

Ферари е трет кај конструкторите, со 113 поени помалку од водечкиот Мекларен. „Лути сме што не ги постигнавме резултатите што можевме да ги испорачаме, но таа лутина мора да биде претворена во позитивна сила“, рече тимскиот шеф Стефано Доменикали завчера. „Едноставно, мораме поенергично да и' пристапиме на работата и да продолжиме со развојот на болидот, да работиме тивко и со голема концентрација и решителност. Тогаш, резултатите ќе дојдат“.


#
Статијата е прочитана 536 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Шпанија ги дочека прваците на светот
Македонскиот тенис плаче за ремонт
Кројф
Тивкиот „убиец“ на голмани
Квотите за СП 2014 -наредната година
Африканска шлаканица за предрасудите
Џими Џамп казнет со 210 евра
Убедлив триумф над Црна Гора и Вујошевиќ
Металург домаќин на група на патот до ЛШ